му (зам.) - кој (зам.)

Антички Македонец е личност која гледа српска Фарма, слуша Шако Полумента, гледа бугарска Планета, излага у Б2, а навечер ужива у турските серии, пцуе по грчките педери, а редовно иде на одмор на краци и се облака у циганска Шутка со наследената комунистичката пензија од дедо му кој наводно гинел у Ноб.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не се сеќаваше на самиот воздушен напад, но се сеќаваше на раката на татко му која ја стискаше неговата, додека брзаа надолу, надолу, надолу во некакво место длабоко во земјата, околу наоколу едни спирални скали кои одѕвонуваа под нивните нозе и кои најпосле толку многу го истоштија, што почна да кенка и тие застанаа да одморат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше способен да убеди, па дада му која имаше државна работа ја стави како жирант.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Згора на сѐ пиеше со позајмени пари од другар му кој беше лихвар.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во куќата не се пушеше, најмногу поради татко му кој беше непушач.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа се чини не му се допадна, затоа слезе да се види со другарка му која му беше партнерка во организирањето модни ревии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас во собата на брат му кој беше на студии во Скопје и ретко доаѓаше дома, а тој си спиеше во својата соба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кире остана без татко му кој многу го сакаше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вистинското име му беше: Методија Лечоски, но направи кратенка - Мил, земајќи ги почетните букви од името и презимето и името на татко му кој се викаше Илко за полесно да се потпишува и да не се создава забуна во поштата, бидејќи во селото имаше уште еден човек со такво име и презиме: Методија Лечоски, дрварот, кој, зачудо многу личеше на него.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И времето повеќе го минуваше на таванот: тука пресели сè што најде неиспокршено од лабораторијата и некои книги од татка му кои постојано ги читаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)