му (зам.) - го (зам.)

Кметот му го превзеде гласот: - Вели: „На тие што се бунат им следува не леб - туку бесилка!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да му го запре плачењето, дедо му му рече: - Не плачи, чедо...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сега, кога и на тоа единствено писмо не одговори, Марија се покаја што му го напиша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Приказната започнува со големата радост во домот на кукушкиот меанџија Никола Делчев кога по двете женски деца, домаќинката Султана му го носи на свет синот наследник Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ете, и тоа му го реков на татко ти, само за да го вразумам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бигорот што му го беа оставиле овие мисли и ова страдање можеше да се насети по зграгорениот, вџасен поглед на неговите светли, продорни очи, по бледото, испиено лице, по предвреме побелената разбушавена брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Климент Камилски ја замоли собарката да му го испегла сивкавосиниот костум и за прв пат ја стави својата светлосина вратоврска купена при претходниот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На детето треба да му се даде што е можно повеќе љубов и тоа да му го покажеш, за да добие сигурност дека е сакано на овој свет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наместо имателот на предметот, и исто како тој, одговара лицето на кое имателот му го доверил предметот да се служи со него, или лицето кое е инаку должно да го надгледува, а не е кај него на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас на човека само додека е жив му го имам стравот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И името одвај му го паметам – излажав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка му го зеде торбичето, кладе внатре едно парче пченкарен леб, неколку зелени пиперки, една главица праз, излезе надвор и му рече: - Еве ти го торбичето!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мошеш шивиш еден бубрек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пари нема, а и кога ќе се испросат (што додатно ве отсликува како бедник) и кога ќе го направите тој фамозен културен производ (лош, лош, лош) немате кому да му го потставите, бидејќи ниту некогаш постоела некоја попромислена политика на создавање како на релевантна културна критична маса така и на најобичен културен пазар, ниту сега постои, ниту некој прави сериозни обиди барем во иднина македонецот да се искачи барем за две-три скалила на европските листи на консумирање култура, каде што сме, заедно со Албанија, апсолутно заковани на дното.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа, како што после се расчу, заедно со овој Војнета наш, му го здипли целото злато што го имал спечалено во Америка некој Петре, таму во селото каде што таа беше омажена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка му и татко му го следеа за да се поздрават и да пожелаат среќен пат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Немав никаква идеја во тоа време дека јас правев интерпретации на татковиот трансфер од дедо ми на бог и на шефот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури му го ведиме грбот, ќе нѐ вјаваат и ќе нѐ т'чат како добици.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе се потруди на многу начини да ни покаже дека бил во право“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тефик, пак, за да не му се види на валијата оти премногу кучето му го дави задржувајќи го на синџирот, поттрчувал по него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Толку е постелата за секој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
АНЃЕЛЕ: (му го покажува со раката малото куферче).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Претседателот на некој начин го стави во куќен притвор и му го лимитира уживањето во просторот на сопствениот дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Предлогот за таа игра на Андон му го соопшти Лилица, нагласувајќи му дека тој доаѓа од Азра и дека таа гори за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Непроменлива во движењето, матицата ги повлече. Бавно и сепак сигурно ги носеше кон море на кое никогаш не ќе му го знаеме името.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Циљка го стави во скутот и полека му го отвори клунот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сонуваше како Богдан слегува од скелето на зградата и доаѓа кај неа во куќарката за да ја повика да му го отвори станот за да го прицврсти скелето на прозорците или да ги заштити прозорците за да не ѝ се испрскаат при шприцањето на фасадата; потоа да се засолни од дожд, од студ, да побара чај, кафе - и кога таа ќе му дадеше и пијалак, тој се чувствуваше послободен; почнуваше разврзано да ѝ зборува, да ѝ ласка, да ја допира со раката при гестикулација, небаре случајно, а потоа и намерно, да влегува кај неа како во своја куќа и да води љубов со неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Произлезе дека автомобилот му го реквирираат за воени потреби и дека треба да го предаде во Штабот на 23 Пешачки полк најдоцна на 7 април до дест часот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А Паша Емиљевич денес наутро продаде столче од свечената сала.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали треба да заклучиме дека ова е неговиот прв редимејд.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еден од моите колеги ми го даде капутот да му го закачам и кога се свртев го слушнав како тивко ѝ кажа на една од моите колешки "Викторија ама се здебелила".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Главата да му ја поткрене... шепотот да му го слушне - Ѕвездо моја, небото врз нас се струполило...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
— Немам ништо, велам, пак му го прецртале името.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што да му фрлеше: камен или дрво, тоа стрчнуваше и му го носеше в уста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тики: Но зошто му го правиш ова?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога Трајче дојде до задниот камион, нешто му падна на ум, веднаш скокна од коњчето и го зеде шишето со бензин, што беше му го дал чичко Тале за горење.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А многумина и не сакаа да гледаат како му го отепуваме кучето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не да не сум заинтересиран туку тоа е толку очебијно што изгледа безмислено некому да му го објаснуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секакво животински муви веднаш му го покрија крвавото лице.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој тоа прашање не можеше да му го постави на Еда лично и ако тоа му висеше на врвот од јазикот, особено при последната средба со него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чаршијата на свој начин го задеваше и улаво му го изопачуваше јазикот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога порасна Скрче, крпчето во кое го имавте врзано неговото пресечено папоче, го одрврзувавте и му го покажувавте да си го види какво му било кога од мајка ми сте го одделиле...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа што ќе му го приложат, човекот го избира она што е по негов вкус и веднаш потоа, а многупати можеби и пред тоа, она што евентуално би можело да му послужи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со брз, последен замав во животот му го зграпчил левото уво на светиот злосторник и му го скинал - една крв се, нека џбурка таа од две глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе го најдам Чичко Господ дома ќе му го пробушам, јас, дното на увото, внатрешното, сум научил.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Или пак тој понеделник му го одземаат за да го обезличат значењето на белезицата а со тоа и нејзиното постоење?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно некој го видел како се мушка низ дворот, му го пронашол скривалиштето, деноноќно го демнел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стариот професор му го возврати на кучето погледот и несвесно рашири насмевка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гледаме на пример, накиснати морнари во огледалото пред Просперо кога тој ја разгорува бурата, и го гледаме него како се појавува како војводата од Милано кога му го раскажува своето минато на Мирандо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога ќе го забележеше жена му од Маруш, испушташе силен врисок, но Маруш стрчнуваше и ја успокојуваше велејќи ѝ да не се плаши, зашто нема ништо да ѝ направи, тој е таласамот на куќата што ја штити од секакво зло и дека не треба да се гони и тепа; тоа му го велеше и на син му Висар кога ќе го видеше како го брка со стап.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Попусто мајка му го разбудува додека париските оџаци чадат - Жан Жак од нејзиниот глас полудува.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Бојан го пресече на две и едното парченце му го подаде на Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го сакав! Повеќе од самата себеси. Кадарна бев да му го дарам и последниот здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чиниш ништо друго не можеше да му го привлече вниманието.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Донесов одговор од чичко Талета - одговори Трајче и му го предаде писмото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Е, море, Јован, командире мој. Ние сме едноселани, а ти ме праќаш таму.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мислам дека подобра доктрина што на човекот му го покажува патот кон мирниот и безгрижен живот, нема.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Прв излезе Ристо, презимето му го заборавив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мислев дека е добар поет и тоа и му го реков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Не слушна? - му реплицираше Чауле - ми забранија да разговарам со мртви.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сосема различно од сите други, на кои по гледачките сеанси им стануваше приватен психолог, тој никогаш не прокоментира ништо за она што му го претскажа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Најсреќен беше кога му го донесе лулето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Многу размислував дали воопшто да му го дадам ракописот иако неговото мислење ми беше завршната оцена за реализација на моето дело, па како и да го наречам, новела, есеј или роман...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пребрзо, пред да зареве, му го истргнале ножот од грчот на смрзнатите прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Аргентина, неговата земја - чувствуваше - за него беше загубена, а швајцарија му го понуди оној мир што не можеше да го најде во својат родна земја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаше прво да му помине малаксаноста што му го обзеде целото тело и правеше да чувствува слабост во колената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка му го грабна Трајчета за рака го повлече и извика: - Бегај, да бегаме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таа му го подзеде јазикот, му го исцица, стегајќи го одоздола со својот и, кога доби чувство дека губи здив, дека се задушува, му ги врати двата стуткани во неговото грло кое во тој момент беше широко отворено и чудно кркореше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А му го чу ли гласот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А камо ли на едно куче животот да му го подарам! (го ослободува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе го грабне сега кошето со јајцата и ќе му го трасне од глава, си помисли Петре, и се собра како живинче.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајка му го опомена да не биде алчен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој случај таа никогаш отворено и со конкретни зборови немаше изразено незадоволство поради начинот на кој ја прифатила понудата од човекот на кого ни името не му го знаела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Стоеше бледа и остарена со револверот што му го дадоа во таа ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само тој знае какви тревки и корења треба да се собираат за да му го замрачат умот, за да го доведат до некаква рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него, да го оттргнат од луѓето и од грижите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Најпосле татко му го затвори дуќанот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш Шишман онаков несмасен и несмасно пречекори напред ширнувајќи ги рацете, го собра Љакета во прегратката со целата негова расфрланост и го стегна качејќи му го глуждот во крстот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Никогаш не преболе што Морисон му го украде имиџот и што тој стана попопуларен - Џерард се чувствуваше измамен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
” Во гробот на Богдан му го ставија и албумот што во смртниот час му го најдоа стиснат в раце и со поглед исчезнат во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
— Божји благослов, бре Беле, — му одговара другар му Митре Србјаков и му го подава половината излупено јајце. — Земи, земи касни, за ногу години!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во едно сокаче, глутницата градски пси му го препречи патот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ете, токму тоа посакувам да му го откријам на Даскалов, но не сум сигурен како ќе бидам сфатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка му го будеше да стане, да јаде, го тресеше за раменици, но Богуле занесен, ја поледнуваше, промрморуваше нешто и пак продолжуваше да спие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш мачката молскавично ја крена предната шепа и силно ме изгреба долж целата рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си остана така кученцето, а лисицата се врати да му го дојаде неговото убаво јадење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тркалата му го одземаат камшикот, го кршат.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Но откако пеколот го замени рајот во Либан, на кафеанчето му го бришат името. Повторно сигурно ќе се вика Нептун...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите знаат дека штом така рече Костадин Дамчески, тој, Костадин Дамчески, Боше Јанчески и уште - кој трет што ќе ги одреди старешината ќе му го „пресретнат“ патот на Хаџи Ташку?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така на Богдана му го сменаа патот: не го носеа по вообичаениот пат и оддесно, како што е редот, ами одлево - обратно од стрелките на часовникот, како со натрупувањето на снегот господ да сакал да му го задржи малку подолго земното време на Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Коа не го стори тоа кога му беше цаката, кога падна од мајка му, кога она не беше му го чула гласот, сега е доцна!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Проектот на кој Константин З. се ангажира, сега личи на локомотива во полно движење којашто и тој ја ложи, и кое движење, како впрочем кога е човек на какво било авантуристичко патување, му го одржува психолошкиот тонус цврст, а возбудите на кои патем наидува, воедначениот, монотон живот му го прават значително повозбудлив. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа го потфати блокот од двете страни одоздола (Ѝ ги протна рацете под плешките од што нејзе дојките ѝ се подадоа кон него принабрекнати!...) и се загледа во предизвикот што му го сугерираше зелената страница пред него (Се почувствува пред помама што како да го исплаши дека ќе сврши предвреме!...).
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По бројот на снопјето ќе му го измери на спаијага житцето та ја останало за нив, ја не!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нацртпил вода во едно шише и бргу-бргу додека не се затворил процепот на планината, тргнал да се враќа по гласот на ждребињата и кобилите кои меѓу себе 'ржеле и се довикувале; но токму тогаш кога почнал да се враќа со гемијата по езерото, се кренале силни бранови што скокале преку гемијата и му го однесле шишето со вода; кога се смирило езерото, царот им наредил на своите луѓе да скокаат во езерото и да го бараат шишето; но сè било попусто: шишето пропаднало на дното од езерото и никој не можел да го најде; и по смртта на царот, многу други цареви се обидувале да го најдат, но сè било залудно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А Едо треба да го земе куферчето што човекот му го подава, траба грб да ѝ сврти на Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некој му го соблекол шијачното палто и му го преврзал рамото со ракавот, скинат од неговата кошула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ако бев заинтересиран за тоа што чувствува младиов пријател прашањево ќе му го поставев нему - ѝ шепотеше Стариот писател но доволно силно за да слушнам и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога беше готов му извади на јаренцето сено и му го посоли со едната рака одвај; немаше ништо друго за да му даде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој не му го знаел името на убиениот а тој одбил да открие кој е и од каде е.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата ревност полека попушта кога одеднаш нешто во купот му го привлече вниманието.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Трајче се потсети за она што му го шепна во училиштето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можеби утре дрвото ќе му го дадеш на друг.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сепак, Хелвиг по неколку дена отиде кај својот адвокат и му го предаде, како на свој полномошник, целиот предмет за разводот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден-нула!’, вика малиот и се удира со рачињата по газето од радост зашто баба му го научила така: дека, секогаш кога ти се случува нешто убаво, а сакаш да ти се повтори, се удираш по задните џебови од панталоните.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неколку мига порано врескаше и беснееше но сега беше слаб, премален од сето ова, и мајка му стануваше неколкупати за да му го грее челото со топли облоги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еднаш му го направив плугот: му кладов плужпца, а пари не му зедов. 27
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЦОНКА: Кумот малце да го подржи кумашинчето: среќата да го држи сиот век. (Му го натрапува бебето на Теодос на раце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„А кој те поведе на тој пат, руски човече“, го прашувам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вечерта кога седнаа сите да вечераат татко му го запраша: - Што има ново в училиште?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тасо му го подготвува теренот на кончетизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Откопале гроб со мајка ѝ во гробиштата и му ги ставиле во гробот ордените место него и му го правеле сите редови над гробот како да лежи тој во него: му носеле задушници, му ставале цвеќе, му палеле свеќи и го оплакувале.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„ Пак во еден миг, му го слушнав гласот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јосиф беше во толкав и таков занес што всушност не знаеше дали Сандра сега му го , спомна копчето или тој, понесен од нејзината плот, сам се сети на копчето и доживеа возбуда поради глетката што ќе му пукне пред очите кога блузата, затегната од надојдените гради, ќе се ширне да му ги открие облиците на онаа нејзина толку помамна и понесувачка белина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа не му го кажав на Фокс; тој не би се согласил со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А пак трчаме да му го земеме на другиот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак го помилува Дорча, му го извади самарчето и го преврза да пасе на друго место.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Многу одамна се откажав од философијата бидејќи мислев дека поголемиот дел од неа е премногу опскурен за да биде од некоја корист во тековната дејност на терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одоздола си беше дошол Илко и веќе дремеше, потпрен со лактот на билото, чекајќи го човекот што ќе дојде да му го земе „пиленцето од седелцето".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
АРСО: (Му го подава цвеќето.) Подржи го цвеќево.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Арно ама, штом кучето му го видело синџирот в раце, спрснало да бега и оттогаш никој повеќе не го виде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За тоа време гледај да му го пуштиш некако твоето презентационо ДВД.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Или затоа што страдањето, трпеливоста и тагата, коишто го туркаа овој народ кон работ, му го свртуваа погледот кон нешто друго: кон Херој, оној кој требаше да ги спаси, оној во чиј лик го препознаа младиот умешник...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- You are great piano player – Л.А. не крие дека му е пријатно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сигурно го насланил во жилите, му го подјал коренот, го попарил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот, го завршив мојот расказ со наслов Мртвите божества, па му го дадов на Татко на вообичаеното прво читање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тики (Го загледува ножот со кој се исекол): Се надевам дека си во право и го молам Бога за тоа!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Џедадаја Прентис... Џедадаја Прентис... Потоа, тивко чекаше ветерот да му го врати името.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега бараме иљач: бараме печен праз, бараме тегавец за да му го скине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рози му беше постојано во мислите, во потсвеста, му го исполнуваше битието со нов сјај и богатство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утрината Богуле станува, го зема писмото и му го носи на Методија Лечоски.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го носеше на гробот од свети Наум и му ги покажуваше фреските да види какви сѐ болни светецот излечил и го тераше да го лепи ушето на плочата за да му го чуе срцето, да му помогне светецот, да му даде и нему спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За час го снема во дворовите меѓу околните куќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Девојката одново му го сврте грбот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- И сега? Го постави тоа прашање несвесно и излишно, зашто веќе му го знаеше одговорот, но сепак толку гласно што го слушна и Горда.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да- виде Недолетниот преграбил една дабица и само си зборува: - Еда, ова дрво јас прв си го зафатив, вели, и еда, никому не му го давам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги начули ушите да го чуе утринскиот говор на денот, го чекаше следното случување што ќе му го поддржи чувството на животна радост: по неколку моменти, чу птица што еуфорично ја запеа својата немногунотна песна некаде блиску пред неговиот прозорец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му го слушам нему, си го слушам и своето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете тоа сакам да му го речам додека ги кревам полните садови со вода. Но молчам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во мислите му идат зборовите на дедо му Аврам, кој често кога ќе дојдеа на нива да работат, ќе му го покажеше местото каде што се родил и ќе му речеше: ”Каде што се родил човек, туку е центарот на светот”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вамбери раскажал приказна за балкански претседател на влада, кој му го вратил часовникот на гостинот, крадејќи го од својот министер за финансии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И големината на бесмртната човечка душа е токму во тоа да си го прости себеси гревот свој кон брата си, гледајќи дека и овој му го простил.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Морам да му го кажам ова на Абраш, тој сигурно ќе знае од каде се набавува такво нешто.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Клекнувам до него и со шамијата од глава му го бришам челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрчувам и од легалото му го земам јајцето. Ја засукувам скутината, го клавам јајцето в скутина, и трчам кај Доксима Тренчески. На меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ѝ одговри и кога другпат истото му го рече.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сфатив дека треба да станам да правам кафе за маж ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зошто на својот револуционерен кружок младите велешани му го дале токму името „гемиџии“ и што всушност значело тоа?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
"Ги знам таквите нумера" вели.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зад нив стоел Богдан Преслапец. Црна земјо штура земјо зошто си се отворила? Ракија нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од мишките му го сети чистиот мирис на пудрест машки дезодоранс кога тој ги дигна рацете за да ја соблече маицата преку глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
— Туа де, дури и вратот на Илка му го виде ти! — ја брецна Стојна Цулева. — Ете, тоа ти се вели стар мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа гласот му го поклопија испреплетените звуци на хармониката и во тој миг во куќата на вториот кум бабите запалија свеќа и ја определија првата тажачка со покорност и со сув плач - нивна врсничка им доаѓа, пред сите нив стои една и последна врвица по која се чекорилесно и нечујно, со насмевка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа ги имаше видено уште пред да му го види лицето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ете, - рече дедо геро, - да не беа децата, тешко да му го најдеме крајот на Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По тоа влезе, зашара со батеријата наоколу и во еден момент кога светлината го закачи малку, Мече за миг му го виде лицето: под убава светла коса, сега извиткана во кадри, го гледаше по малку горделиво лице, посипан со сиви дамки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За предавство, претепан во 1874 година и штом му го исекоа носот, протеран во Березов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Скришум, кога го полнеше чанчето со вода, за да му го подаде на првиот бригадирец под насипот, Мече налеа вода и во својата направа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А дека се смеел потврди и тој самиот откако повторно ја подотвори вратата за да ми објаснел дека го засмејувале ситните недоразбирања и беззначајните слабости.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се мачеа многу да му го изменат ликот на вашиот стар чун.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Младото тело беше припиено до неговото, масата од темна коса му го допираше лицето и - да ! таа навистина го крена лицето и тој ја бакнуваше големата црвена уста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во чест на големиот пролетерски раководител, кој на овој процес му го зададе првиот посериозен удар на разулавениот германски фашизам, во овој град е отворен музеј на Георги Димитров, каде што посетителот најдетално се запознава со текот на прочуениот Лајпципшки процес...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- На германски му го напишав.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доколку на италијанскиот фашизам му го додадеме радикалниот антикапитализам (кој врз Мусолини никогаш не дејствуваше нешто особено) тогаш го имаме Езра Паунд.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа му го фрлаше тенџерето и бараше кибрит да ја запали куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Вие не слушнавте што рече тој кога му го смачкавте лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Работодавачот беше должен, во рок од два месеца од влегувањето во сила на овој Закон – што значеше најдоцна до почетокот на ноември 2008, на работникот да му го врати овој документ (чл. 30, ЗИДЗРО/авг.08). 9
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога Којо Пипиле ќе го извади кучето од куќичката што му ја направи со сите удопства и ќе го пушти во дворот да се истрчува, Богдан ако седи во градината, ја напушта и се затвора дома да не го гледа кучето и да не му го слуша лаењето и квичењето, зашто му оди на нерви: го потсетува на Пансионот, на Хера, на Марија и нејзината пудлица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако не престојува во студентски дом, патот од Куманово до Скопје треба да му го плаќаме речиси секој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбира, даскалот Димо не можеше да го преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Единствено свесен за разбудената слатка возбуда што ќе му се враќа и ќе му го обземе телото раздробувајќи му го во слатки морници секогаш кога на тоа ќе се сетеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто таквото симболично обесштетување е единствениот вид на обесштетување што можат да го очекуваат за она што, најпосле, е непоправлива и ненадоместлива загуба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Му го читаше писмото на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Штом стигна во Глупов, не само што не ги запостави макароните, но дури и многумина присилно ги принудуваше кон тоа, со што и се прослави себеси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе го фатеше реумата, по скалите од куќата се качуваше и на нозе и на раце, та кога ќе го видеше жена му од Мил, ќе речеше: - Сигурно господ не му ја зема душата сѐ додека не го престори во куче како што му го направил на светецот Кристофор за да го казни за гревовите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Треба одново да се прочита Рајховата “Масовна психологија на фашизмот” од 1933 (!), првото големо дело на толкување на непротолкувачкото, па да се види, на пример, со колкав успех фашизмот се трудеше на семејството да му го врати традиционалното место земено од капитализмот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во последните две страници од спомените на Никола Поцо што ги прочитав најпосле, тој кажува, некако со отров, дека Кочовите му го убиле посвојчето Григура“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа не му го кажуваше на лекарот. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во последниот миг - нараснатата до безумие болка, во градите на Јакима, го натера, да му го даде на својот побратим и најскапото, што му ја топлеше овде душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Брзо му го распараа самарчето од коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Келнерот, нервозно триејќи ја вилицата, му го суфлира потегот со кралицата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете, како на Гизата шо го заврте околу бурило ошче на тринајсе години, ќе го завртиш и твоето, та од ка ќе му го наметниш оглавчето не ќе може да ти мртка врзано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новчаникот да си му го дала?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
“На одмазда всушност помислив во оној момент кога му го распознав гласот на Мирко Бунде. (Ќе се согласите: она што наеднаш ќе излезе од далечната темнина слично на секавица, има најјасни контури!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие зборови, особено последниот, срцето му го параа на Крстета и затоа рече налутено: — Никаков татко, никаква мајка, никаква Анѓа, никаков никој?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
В ред ако мислите дека имате право да се фрлите под мојот воз, а јас мислам дека имам право тоа на секого да му го попречам.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога му кажало детето што сака, овој веднаш, Аха, јас за татка ти да е најскапото нешто ќе му го дадам, а камо ли ...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пријателе, да кренеме чаши: не сме слаби, ни малодушни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вицот е значи сцена на најголемо можно понижување на групата, понижување коешто во нашиот случај примитивниот Херцеговец му го нанесува на пристојното загрепско граѓанство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„ Ако посакаш некогаш да се видиме, еве каде можеш да ме најдеш“, гласеше тоа што му го порачуваше О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Да му го закачам на ваков живот, вели едно журчанче, преврзано преку очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зема парче месо, му става отров и му го фрла преку плотот на кучето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со спокојот што му го донесе тоа сознание спиеше мирно таа вечер и со тој ист спокој слушна дека против него се кова завера од четириесет мажи, па исто така спокојно отиде во Цезареја, каде што го испратија да се брани пред Феликс, а после се бранеше и пред Фест и пред Агрипа, за на крај да го натоварат на брод за Рим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Утрото мајка му го прашуваше: - Што си барал синоќа под креветот? Те најдов таму заспан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дедо му го вадеше светнатиот кожен ѓуздан и му ги ставаше парите во миризливата дланка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и на судбината заборави што му го однесе животот без некоја видлива следа, без знак што ќе посведочи дека, сепак, битисувал и бил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш типот извлече женска шапка од џебот и ја стави на мојата глава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Истото се покажа и со другите гости, што беа го оставиле оружјето кај што ќе спијат, та од сите шестина само заптијата го сопаша револверот — алтипатлакот и му го фрли на Толета пред нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден загубен травер (програмата за заштита на сведоци му го променила полот) пивопиите го задеваат со својата лажна мачо-поза.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Големото лице му го возвраќаше погледот, полно со спокојна моќ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму тоа е што и тој го чувствува, а не може да му го најде вистинското име - воздух.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
— Ама гледај, да не а цапнеш некоа ни за в телци, ни за в говеда! — го предупредува Илија Толета, плашејќи се од неизделканоста негова и од бујната природа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А јажето завиткај му го на вратот на Белуш. Убаво, да не го загуби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што направи тогаш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа е строго забрането, пошто перењето се одвива у заедничка просторија у подрум за да твоите доларипол му го зголемат јадниот инкам на Евреинот што е газда на зградата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Трајче и мајка му го испратија Танета дури до крајот на селото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ти си тој глас што се прославил? – кркорејќи, праша рапавиот глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На гостинот, мажот е во состојба да му го отстапи својот кревет, со се жената во него.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Споделувањето на неговата тајна би можело да му го олесни страдањето, но како би можело тоа да ѝ помогне на Рози?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу му го имаше стравот на дедо Геро: тој си знаеше што го чека ако само еден чекор пречекори па не му остануваше ништо друго освен да се фали.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во мислите Никодин пред себе гледаше куче пуштено од синџир, но ракијата веќе му го беше заматила умот, така што после петтата сѐ му беше полно и рамно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгризената козирка од стариот, безбоен каскет, кој секогаш му стоеше искривен на главата и му го поклопуваше увото, ја дополнуваше неговата жалослива, дури по малку и смешна фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му вели: изутрина кога ќе станеш, ќе појдеш кај Методија Лечоски, дрварон, и ќе му го дадеш писмово што мене по грешка ми го испрати поштата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не се споулавуваше, само веруваше дека има чудотворна икона низ која може да се види утрешнината, и на се што е зло во таа утрешнина да му се ископа длабок гроб. тоа му го кажуваше неговото големо срце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неколкумина пак биле собрани околу закланото воле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешкиот и спор ритам на водењето љубов што му го наметна таа како сосема да му го затвори грлото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И јас со страв го извадив ножот од појасот на војводата. Му го подадов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прдешката му го затресува целото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, за Орце, Кирков, Мечето ... тоа би било еднакво не на смрт (смртта, како што видовме, било најлесното што тие му го заветиле на делото на ослободувањето на Македонија) - туку на предавство на идеалите на кои се заколнале дека ќе им служат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш другиот му го подаде револверот, скоро му го тутна в рака.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа многу го разлути Ибрахим бег, го зеде кесето и уште во истиот миг му го предаде нему, на Максима.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го пуштам... Уште една глава која изникнува откај скалите!... од ќошето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во езерцето има лебеди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цврцна уште еднаш дедот Петко од пагурчето и му го даде на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Веста што ја начу за случајот со Секлула му го склешти и грлото и умот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Иако сè било веќе јасно; иако било очигледно дека таа не смее да ѝ се препушта на случајностите, да го остава детето само да си го бара татка си, а неа да ја снема во мешаницата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги става своите раце врз неговите нозе и го смирува, потоа стилизирано и таинствено го подигнува и го крши вратот на момчето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пред да му го каже името, Ѓорѓе сам ја пружи раката кон Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Цели сурии потпишувале петиции за преименување на Црвениот плоштад Никој да не знае дека баш црвените не му го дале името на Црвениот плоштад
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Не му го запаметив, мислиш јас баш него го слушав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
СПИРО: Секој ќе те излаже: некој ќе ти каже половина саат напред, некој саат и пол назад...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Морам да му го побарам оној другиот, ако е помал и послаб од „парабелумот“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во градите го притискаше маѓепсната замолченост на сета вештичка шума, а колку се искачуваше погоре, празнината во стомакот почна да му се извива во една тапа болка, која одвреме навреме знаеше да му го згрчи и целото негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оти вака како што ни е разголен, не е ниту да го жалиш ниту да го плачеш, а уште помалку да сакаш да му помогнеш, да го спасиш од некои што сакаат да му го земат она што го одржува во живот - уметноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Името на движењето му го даде Факир Мусафар, кој се смета и за негов водач.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Графички сложениот систем на писмо, создаден од Кирил, му го отстапува местото на другиот систем на писмо, графички поедноставен и поусовршен вид на старословенско писмо, наречен кирилица, со геометриски едноставна форма на букви, која се базира врз графиката на грчкото унцијално писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите имаа по девет години, и ако еднаш, еден ден пред седум години, сонцето изгреало за еден час и му го покажало своето лице на изненадениот свет, тие за тоа не можеа да си припомнат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ЛУКОВ: Јас сепак мислам дека за тебе ќе е најдобро, ако го земеш писмото и му го однесеш на Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Близината на селата од каде што се слушаше лаењето на кучињата не ја сеќаваше како некоја утеха – и тие села, и нивните жители, и нивните обичаи му беа подеднакво туѓи, исто толку одбивни колку и шумава низ која одеше, и во него будеа само студ, кој му го штипкаше срцето исто како што овој, надворешниот студ, му ги штипкаше образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во 2005 се воведе и изречна одредба која предвидуваше дека, при престанување на работниот однос, работодавачот е должен – најдоцна во рок од три дена – да му ги врати на работникот сите негови доку- менти и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел – при што, во неа, не смее да наведе ништо што би му го отежнало склучувањето нов договор за вработување (чл. 63, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште дедо Иван и не седна убаво, а Бојан бркна во џебот, извади мало шишенце и му го подаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така, првата можност нему всушност му го одложи првиот бакнеж.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Британските групи како Битлси, Ролинг Стоунси, Гери енд Пејсмејкерс, Кинкс, Анималс, Јардбирдс итн. наидоа и ги променија сите ставови за тоа што е, а што не е во фазон. Tough-big-city-teenage look или Mod и Edwardian.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Зошто сум прифатила некој си Иван, непознат и туѓинец, да живее кај мене во сопчено?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нова е и одредбата којашто предвидува ограничување на можноста за отказ на приправникот од страна на работодавачот, бидејќи за времетраење на приправничкиот стаж работодавачот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот – како, на пример, при стечај, ликвидација и сл. (чл. 59, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога ќе видеше дека некоја гранка му се засушила, се натажуваше, му ја пресечуваше со пила и местото му го премачкуваше со восок за да не му остане рана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мачорот му се доближи, му го поттурна вратот и му мјаукаше, а Милан го стисна до себе, наоѓајќи удобност во купчето од свилесто крзно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го прашав дали знае кој му го донел и од каде потекнува општо - која е таа Рубина, каде живеела и каква и била врската со овој град.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа, ако одиме по ред, какво е тоа однесување: во онаа збрканост и мешаница што се случила на пристаништето да си го остави детето само на улица, па дури и да му го покаже патот кон првиот брод!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога тргнале да се враќаат од лов, загарот на валијата, врзан за синџир, му го дале на Тефика заптијата да го води за да не забара некаде по некоја трага.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа човекот во животот некаде помеѓу она што стварноста му го дозволува да го види па спрема тоа и изрази и она што тој навистина може да го види и да го изрази.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Три дена нестрпливо стариот татко на Назлам-бег, на чардакот од кулата, чекаше од потерата да му го ослободи младиот син или да донесат некаков абер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Јас знам дека е од кај нас, велам, му го знам и селото Загоричани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одненадеж Магвампот го бутка момчето напред, во празниот простор, и го ослободува од својот кур.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама Мисајле Ковачот за шега му го одврзува коњот и го поведува со себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требало да монтира машина што ќе ја движи пресата и другите делови на фабриката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мачорот удобно се смести кај него, со брадата му го милуваше вратот и, цвилејќи искрено, тој почна да му зборува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Котлето го наполни со вода и му го стави до главата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе одговара и имателот на предметот ако штетата произлегла од некоја скриена мана или скриено својство на предметот на кои тој не му обрнал внимание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниротакис живееше сам, без семејство, но шефувањето со транзитната служба (Ема во стил на искусна полицајка шефувањето му го наметна како сериозна обврска) го трошеше неговото време без остаток, вклучувајќи го во таа активност и делот што тој го исполнуваше со својот машки порив совладувајќи ја на таков начин опасноста да се почувствува отфрлен и осамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Циљка прекина за миг, копку да се издише и продолжи: - Јазикот не му го посекоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова му го кажуваш на телефонистот што ќе ги повика цајканите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека Бети отиде по завој и алкохол дозволи ми да ја погледнам раничката! (Тики збунето му го подава исечениот прст) Тики, младо момче, ова се прави вака! (му го цица прстот) Тики: Ох, Еди, се однесуваш како Дракула.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ПОП ЈАНЧЕ: (му го прекинува зборот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тане му го грабна јагнето на Оруш, обидувајќи се да го одврати од почнувањето на куќата, но Оруш му го истргна и им го даде на мајсторите да го заколат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Многу од тие социјални научници тврдат дека приказната или нарацијата, е она што ја дава првата рамка за ваквата интерпретација, за активноста на создавање-на-значење: дека преку нарациите или приказните на индивидуите за сопствените животи и за животите на другите, тие го осмислуваат искуството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа можеше многу добро да му го каже она густо врнење на острите ситни снежинки, што паѓаа право, воопшто без поигрување, што се сипеа прегусто и преситно во посивената белина на тој ден надвор, кој со нив изгледаше како целиот да е една голема грутка настрхната голомразница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од него, од Јосифа, освен споменикот на гробот што му го подигнаа родителите и Максим, ништо не остана во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шишман не чу скоро ништо од она што војникот му го зборуваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Спротивно на тоа, домашната и приватната сфера, oikos, е ограниченa на оние кои не се мажи, не се сопственици на имот и не се Грци.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби ќе му помогнам да се смести!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа задоволство му го препуштам само на еден специјален партнер.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од разговорите на старите тоа утро едно ми остана во главата и подоцна колку повеќе му го разбирав значењето толку повеќе ми слегуваше во срцето и во душата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Токму во тој момент, застана со профилот кон шанкот, ја имаше кренато десната рака да извлече чаша од над главата па така протегната како од страна да му го покажуваше своето десно цице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го молеа бога да им го остави жив, и му ветија, кога ќе порасне да му го посветат нему: да го изучат за поп.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„А зошто не пишува“ прашува татко ти „во каква состојба треба да се предаде“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа оние двајца тешко докрепуваа. Му го здогледуваше окото на вителот што ги поземаше, а беше толку беспомошен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можеше да му го сретне погледот. Да го предупреди. Тој беше во голем занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понекогаш ќе се штрекне од некој чуден, непознат глас, на кој не му го знае потеклото и кој го збунува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Покрај тоа тој мора да имал специфична причина да го одбере токму овој предмет и да му го посвети на својот пријател како сувенир од Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Многу пати сме го читале, рече Кире и му го подаде на Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тишината стануваше сè поголема и позлокобна кога таа го прегна со раката па така полека си ја повлече раката, и прстите што се повлекуваа треперејќи, му го помилува образот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- На Господ му го велиш ова или на мене?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред сè, романот Ова е мојата татковина е рационален и интимен израз на силните чувствителни набои на авторот за Македонија и македонскиот народ што му го вознемирувале и облагородувале умот, срцето и интелектот за сето време на неговата работничка, студентска и интелектуална дејност во далечната земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Марко Проказник се погледна во огледалцето: пукнатината на стаклото му го делеше лицето на две, едната страна е мазна и со неколку капки крв, другата е варовник со многу ситни дупчиња.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Настаните од последните денови во затворот останаа засекогаш втиснати во моето сеќавање Како печати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури тоа што ми преостана нему му го дадов.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Бре, да не сака сам да одбира, та ако не пушчи нам пушка ќе го удри, ќе му го видиме задникот бес шалвари! — Велеше Мало, шмркајќи бурмут од дрвената кутија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не ја украдов, ами клас по клас, зрно по зрно ја собрав за...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не сакав ни да помисли дека пројавувам желба да му го одземам приматот на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таа политичка неизвесност, Донован на бугарскиот министер му го поставил прашањето "што ќе прави Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нервозата што му го растреперува стомакот додека ја чека да му го донесе тој мирис, а од бањата се слушаат шурки вода...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Денес многу си се забрзал, - пријателски му рече весникарот подавајќи му го весникот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И продолжи да му го кажува она што имаше намера да му го каже уште кога седнаа овде на шанкот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зар не знаеш дека Енвер Хоџа братски не прими, а ти му го крадеш стрништето, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Косата му е како мојата многу или малку порано, во зависност од моменталното индивидуално користење на замислените еталони, со посветол сјај и зафатена со елемент кому постојано му го заборавам името.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Карло раскажува за своите патувања по Африка, за тоа како се вљубил во една Англичанка, за познанството со Алехандро Ходоровски или Александро Жодоровски, за еден талијански неофашист што со чизма му го искршил носот во бурните шеесетосмашки демонстрации, за син му што тргнува по неговите музички стапки, за тоа како сме дојдени во оваа земја не за да станеме дел од неа, туку за да ѝ подариме дел од себеси...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По некое време прочитав дека жена му го оставила...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Училишниот прислужник Геро, пред да забрани власта секакво излегување или влегување во селото, му го открадна коњот на болничарот што дојде од град и одјури некаде бегајќи ѝ на болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите треба да одиме кај валијата16) и да му го честитаме родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нема враќање, го совладував во себе стравот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога едно време му го видов лицето на тој човекот кој така леташе по небото, ми се присторе како да го познавам, како некој брезничанец да беше, ама не можев да го препознам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го дочека на раце, му го ублажи паѓањето, но и двајцата се најдоа стркалани на земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ТРОШЧЕЈКИН: Кому вие тоа му го рековте?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе најдам нешто многу добро!... Чуствувам!... Сигурен сум!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Негова работа, вели Лазор Ночески, и под гушата му го закачува ножот на телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По два часа вратоломно возење, тој застана и му го даде мотоциклот на Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, со оглед на фактот дека значењето е во релација со знаењето, и практиките се во реалција со моќта, јас верувам дека значењето, структурите и практиките се неразделни во своите конститутивни аспекти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Крајно внимателно, динамитот во мали пакетчиња, гемиџиите првин му го предавале лично на Милан, но, гледајќи дека тоа е опасно, го ставале на определено место во тоалетот на вагонот, а Милан го прибирал во погодно време, по тргнувањето на возот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што му го знаеш? Тоа беа негови зборови, а и Петреви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа на злонамерниот Прокопиев за неговото искривено гледиште, само ќе му го цитираме Тостој: „Човековата злоба секогаш поаѓа од неговата сопствена немоќ“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Џан'м, само ако је клаам в рака јас, да ќе је кажам незе греота - је рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рафалите му го тресеа целото тело, рамената, рацете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се причинуваше ли дека му го слуша неговиот глас, како што и мајка му го слушала?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајките го создале тој непишан закон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислата ја гарнира со насмевка, а со очниот сјај веќе му го предаде клучот до нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лутината му ја потсилуваа и многу други работи на кои се присетуваше; се присетуваше како силен уплав ќе добиваше кога ќе стапнеше во коритото вода крај креветот кое мајка му го оставаше за да го разбуди да не шета ноќе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш мртов, напукнат ѕид му го затвори патот и тој сфати дека е ова стапица, не она на улица кога стрелаше и кога стрелаа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му реков на Тејлор да одбере место за нашата следна вечера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И беше тоа вистинско себеодречување решеноста да му го подари на Арсо кога овој заврши прогимназија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Борхес одбиваше да ги признае тие промени и да им се прилагоди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Аргентина, за Борхес, претставуваше купче пријатели, неколку национални и семејни митови, шпанскиот јазик, драгите места и драгите улици во Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неизвесноста од она што го носи идната ноќ, идниот ден полека му го затемнуваа убавото расположение што го зафати додека јадеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кој да му го фати крајот на ова сплотено козјо племе?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Народната власт не му го прости гревот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гајдата пишти, ситно везе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Султана му го донесе фесот и ќуркот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Курто се спушта на колена и почнува на Зоки да му го шмука.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обесувајќи се на силниот врат на Томо му го дари најсочниот бакнеж за тој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој на истиот начин секогаш се поместува в десно да можам да поминам за да му го дадам зобот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа открива дека може да се претвори во мачка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Агентот помина со рака преку влажното чело; движењето му беше несигурно; изгледаше како да сака да тргне некоја повлака од очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Џим токму тогаш беше во градот и требаше да игра во нашиот филм I, a Man.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
18. Додека се урнисуваа царствата како плочки за домино Со кои некои Македонци се залажуваа на стари години И се правеа дека ѓоа не знаат дека со секоја урната плочка домино Им се урива и дел од живеачката И дека живеачката всушност била партија домино Особено живеачката во транзиција во која луѓето се струполуваа И кога не беа љубители на домино Туку така се струполуваа и ничкосуваа Откако ќе ги дофатеше некоја од многуте агенции за глобална благосостојба Така демек досека се урнисуваа царствата како плочки за домино Се ничкосуваа и светските наслаги од темни кристали Секаде каде што ќе цапнеше Чарлс Дарвин Се распаѓаа кулите од темни кристали Колку што се смалуваа светските резерви од темни кристали Толку стануваше кристално јасно Дека преживувале и ќе преживуваат Само оние кои се во состојба да се прилагодат на средината И дека се изџвакани преживеани и надживеани прикаските За тоа дека билките и животинките ги создал Бог Макар што и век и половина после Дарвин остана навиката Некои тукушто испилени големци во Македонија и не само во Македонија Ептен да се извештат во техниката на прилагодувањето И најмногу да се прилагодат на крстењето во божјите храмови Па се крстеа ту со десна ту со лева рака Самите не си веруваа ама се прикажуваа како големци и големи богомолци И самите епитропи клисари попови владици Не им веруваа на големците дека се големи богомолци Ама катаден седеа со нив на големи софри Богохулие ќе беше да се рече какви големци такви великодостојници Но остана забележано во Транзицијата Дека со пари се прават и големи сојузи на лажните богомолци Парите дупчат и таму каде што и самиот Бог не може На Чарлс Дарвин му доаѓаше да стане од гроб Да земе еден бастум и да почне да им ги прави црвени газињата На големците кои се прикажуваа како големи богомолци И сакаа да си играат мајтап со Чарлс Дарвин Колку што беа поучени новите големци се правеа поголеми богомолци И неуко си се убедуваа дека ќе го вратат тркалото на историјата наназад Во тој случај секако ќе му го сменат и името на градот Дарвин Ене онаму на влезот во северозападна Австралија И којзнае во кој град тогаш ќе живеат коалите Макар што сите од родот на коалите знаеја Дека тоа ќе биде кога врба ќе роди грозје И дека е ограничен и кусовечен рокот на прилагодливоста На новите големци големобогомолци Од што произлегува дека Чарл Дарвин пред век и половина Воопшто и не помислувал на таква прилагодливост И на толку ненормално размножување на камелеоните од сите видови И на камелеонството како начин на мавтосување И на гласачите и на Бога При толку мавтосувачи не беше тешко Да воскреснат смачканите митологии И да се смачкаат нововековните митологии При толку мавтосувачи народот не можеше да види Дека веќе се спуштени капаците на агенциите за глобална благосостојба И дека продлабочувањето на нееднаквоста станува светски процес При толку мавтосувачи одвај некој ќе забележеше Дека добриот слуга бргу бргу станал зол господар А сите окоруваа очи кога ќе ги видеа европејките Во потрага по оргазам на далматинските плажи Колку пари толку оргазам си знаеја европејките Кој Господ ги донесе европејките и во нашите краишта И го преиначи нивниот лозунг та сега мнозина мува не ги лазе кога велат Колку пари толку удентитет Во агенциите за глобална благосостојба Се измислуваа и други лозунзи поретко црвени почесто зелени Измислувачите на лозунзи неа знаеја дека овошјето се јаде кога е зрело Ниту беа чуле дека секоја трева си бара редовно косење Измислувачите на лозунзи шиткаа вообразена историја на парче На Чарлс Дарвин често му се слошуваше Од големци големобогољубци и измислувачи на лозунзи И тогаш тој се смируваше така што ги гледаше полжавите Како си прават пошарени куќички И со време си се вардат од глобалното затоплување.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Што му го знаеш? Каурот сега и на грбот треба да става очила, би рекол, да беше жив Благоја, Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оттука низ неодгатлива насмевка му мавта ли, мавта на оној Бернини, цврсто верувајќи дека тој не е толку изматуфен за да не ја разбере смислата на поздравот што му го испраќа Микеланѓело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да се обескуражи соговорникот пред да му го стави оглавот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
РИСТАЌИ: (стенкајќи под коленото на Илија, кое му го има ставено на стомакот): Ах, куче едно, навистина успеа да ме зобнеш...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мислам на оној, познат податок: кој го скинал јаболкото, и чија рака му го подала на кутриот маж!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако има, нека стани да му го видиме барем суратот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Усвитено парче од топовска граната му го расече левиот бут од над коленото до колкот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но пред да пламне граѓанската војна во Либан и откако ги истераа Палестинците на чело со Арафат на кафеанчето му беше променето името во Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Најнапред во своите дела венчаваа млади девојки за гробови и му го потставаа на народот изборот на смртта како негова одлука, а денес еве тоа свое „поетско завештание” го претвораат, овие жаргонски реалисти на смртта, во свое политичко дело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но можеби намерите на авторот не се да даде објаснување на сѐ, и со тоа да му го заштеди размислувањето на читателот, туку попрво како оние на Витгенштајн, да го поттикне неговото размислување за овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа, од тој миг почна да му го опипува пулсот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така ние научивме, еднаш кога Јоле не беше во даскалницата, дека прле по старословенски се вели ОСЛЕ, та така јас и Николче тој збор му го залепивме како прекар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пус и шчур да остане, колкупата ноќе су одила да го барам и су се зак'нала оти ќе му го јада дробот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АРСО: (Излегува, прозевајќи се како по спиење.) Чекај, чекај, чорбаџи Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ластовицата е твојата верба; досега непрестајно сомнежот ѝ додеваше, па таа никако на мир не можеше да ги снесе своите јајца; самодовербата ти беше преплашена – старецот му го појасни на Еразмо основниот принцип според кој нештата се разбираат на духовен начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова е она што Ахил најпосле го открива за себе, откако ќе го убие Хектора во пустиот обид да ги искупи сопствените погубни грешки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако му го изнесе својот план за отворање на училиште и му раскажа подробно за сè што направила и што мисли да прави, му рече: - Потребна ми е вашата стара куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, кога ќе почувствуваше дека вака сериозна тема може да му натежне, да му го расипе денот, Ласте Думбаровски со мислите ќе се сконцентрираше само на трнот, како магарешки, и на магарето, како такво, ќе ги релативизираше нештата, ќе се опуштеше, ќе ја пикнеше муцката во кожната јакна, ќе се изнакикотеше, и слатко ќе задремеше во фотелјата сместена во малата канцеларија, веднаш до просторијата за прием на стока.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кузман не зажали многу за Пенча кога чу дека татко му го одвел со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имаа три деца, две девојчиња и едно момче на кое што му го дадоа името Тома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сето тоа, очигледно, е заслуга на самиот Едо кому суредувањето на куќата му го пополнува слободното време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога комунизмот заврши, државата му го продала на некој приватник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потем, по една не лесна пауза, по еден благ премин изведен со молчење, сосема неочекувано се јави мојот посетител за кого веќе реков дека не би му го споменувал името.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Сакаме да го видиме, велам јас и пак му ја вртам главата, не му го поземам зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го покриваат и го изнесуваат. Му го гледаш легалото празно. 186
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знам, - рече тој, - знам дека и едното и другото се лага, ама не сакам тоа да му го кажам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас не само што ги слушав, туку го гледав и морето, му го слушав дишењето, ги слушав криците на галебите и крцкањето на штиците од галиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А ова навистина го бев измислил јас и му го реков на Ристета бидејќи немав други аргументи за да му објаснам дека за два-три ковчега во неделата а понекогаш и во месецот не бива да се создава задруга со директор!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не му го знаеме трагот, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По операцијата, кога се освести во собата и кога ја виде Марија над себе каде што му го брише оросеното чело и му шепоти: ”Ете бидна...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го долижа медот, неначнатото парче леб му го фрли на кучето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кети го подготви појадокот и во сонлива состојба му го спакува ручекот на Френк, посегнувајќи по нештата и правејќи го она што требаше да го стори без да биде свесна за она што го правеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистина е дека мојот Човек го имав како раката што си ја чуствував додека ја кревав за да му го допрам челото и да му ги слушнам желбите; го имав како очите што си ги имав за да ја симнам темнината од неговиот сон кога ќе посакав да му го видам лицето, толку го чувствував близок иако отсутен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тука е можноста за употреба на наркотици, стимуланси, седативи, транквилизери за да го потиснат спознанието за сопствената депресија, да му го „подобрат” апетитот, или да му „помогнат” да заспие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Формира град на реката Хидасп и му го даде името Букефал.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
АРСО: Дај го, баба Цонке, кумашинчето да го видиме. (Го зема.) Машала, машала, угоено е да не е урок, прасенце! (Ѝ го враќа и ѝ дава знак да му го даде на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мани го онака будалата, си велам и зборовите ми звучат како тој мене да ми го вели тоа што јас нему му го велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка му го виде низ прозорецот и викна: - Димче, врзи си ги чевлите!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Татко истата ноќ му го довери планот на заминувањето на семејството, на стариот побратим Гури Порадеци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Застапникот, кој цело време седи некако стуткано како да сака нешто да скрие од некого и со двете раце во скутот, држи листови хартија свиткани на две, колебливо станува од местото со листовите хартија во десната рака, потоа ја крена раката, ги фати листовите со двете раце и почна да чита често неумесно запирајќи или затоа што текстот му е нечитко напишан или можеби му го напишал некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Немој, Тимјане, не мешај се повеќе во политики, му вели мајка на татка и му го забришува лицето, му ја крева потта од очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ги заробивме Германците, си зеде германско ќебе а мене ми го даде неговото ќилимче за спомен, тоа што мајка му го ткаела и ми рече: Милка, еве ти го ова ќилимче за спомен, имај го, ако ме убијат, вечно да ме спомнуваш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Скриениот може и султанот да му го бара, заплашувајќи со колеж. па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат онега помош што молел...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И тогаш, човечето се открива повторно, дури можам да му го видам лицето, напнато до грч, како да се бори за пресудниот здив, оној со кој ќе исплива, ќе се истргне од бездушната маса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Авторот, по пауза, додаде: „Случајно дојдов во Струмица и кога разбрав дека Еда го простил господ посакав да му го посетам домот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Инаку, веќе е во дејство новиот туристички режим на секој странец портирот прво му бара „бордеро“ (документ дека сменил валута), па потоа му го пополнува картонот за легло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го зедов килимчето, му го дадов и му реков: Земете го вие, вам ќе ви биде поголем спомен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кој како го допиваше кафето тој му велеше„На здравје“ и му го прибираше филџанот во послужавникот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стравот е постар од песната, но во тоа е и големата предност на животот кој го бранам: сѐ што имав му го завештав нему, сѐ што можев направив за него и сосем природно е јас да го бранам него а не неговата сенка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прашањето дали ќе му го даде Рожденката не ги плашеше, оти веќе Тода го знаеше нејзиното расположение одамна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу нешта од тоа што му го кажуваше старецот Бојан го знаеше, но пак слушаше, мило му беше и по стоти пат да го слуша деда си, зашто тој истите работи секогаш ги кажуваше на нов начин, како првпат да ги кажува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред околу 25 год. кога студирав философија се обидов да му го објаснам Хајдегер на татко ми (откако направи грешка што ме праша).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога се доближи до Нумо, џипот застана и од него излезе оној што викаше дека некој му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жена му го фати за рака.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Омразата и бесот што му ја завладеаја душата, му го истераа сонот и ја преплавија неговата слика за родната земја со безнадеж беа неговиот најголем пораз.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Расел бил импресиониран од она што Витгенштајн му го кажал и покажал, и се согласил да напише предговор за делото кое се појавува 1921 година со наслов Logisch - Phil­ osophische Abhandlung во последниот број на списанието Annalen der Philosophie.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Инаку, во врска со името на таткото, мојот Човек ми се имаше доверено дека другарите му честитале кога му соопштиле дека отсега па натаму ќе го викаат Ведран.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
АРСО: Ние вака со таткови вилушки. (Покажува на прстите.) Иј, што е манџа, сите да ги истепаш, сам да јадеш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ружа само го гледаше, бидејќи добро му го познаваше табиетот, особено после третата чашка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие детали беа куферот и ѕидот со полици или без полици на којшто беше или требаше да биде диференцијалот, зад човекот облечен во костум кој како да му го подаваше куферчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му го мие рамото и со парче од кошулата му го преврзува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Споменуваше некој филм, кога кај неа дома му го побара стикот кој што треба да и го даде на некоја пријателка...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Од офицерската чанта командантот извади тетратка, скина лист и му го подаде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сега, на Велигден, кога му го донесе подарокот на Илка, да ти е мило да ја гледаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас ќе му скршев едно парче леб и ќе му го подадев в уста.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Зар немав право да му го речам тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој мој безуспешен напор да составам мозаик од куп ненужни тровчиња и да му го вратам на светот она што му припаѓало, со тапост на прстите да повторам еден лик, оддалеку, од некоја шупливост на исконот, спровирајќи се низ алки на вековите, до мене достасаа и смеа и плач.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мара му го полни филџанот со ракија, и се крсти, а истото го прават и другите освен Пандета и децата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Можеби еден од главните приговори кон оваа книга би бил дека многу нешта загатнува а дека сосема малку од нив успева да ги објасни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Та таа и без тоа ќе појдеше, ама вака со „изим“ многу попријатно ќе ја поминат ноќта со Толета во една постела. Му го наполни шутото бардаче на Трајка и си отиде кај „бацка си“ Толета на чардачето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Здивот да му го пукнеш?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се знаеме. На, цврцни си на нога! (Му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нѐ напушти, ја прошируваше приказната, една како тетка ти Ангелина, знаеш, како мајка ѝ на Евгенија, му го сврте умот, џенем фатија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Земи – рече на албански и на најблискиот му го подаде стомнето со вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Владата беше конституирана на 27 август 2006.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ќе го изигра задолжителниот ,казачок" и на крајот ќе ја засучи ногавицата за да му го видиме дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога Антони Барџис водел курс за пишување, еден од студентите му го поставил прашањето: „Зошто вие стоите таму и предавате пишување, а не јас?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Домот му го беше завзел човечки бездомник.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Многу паметно постапил со девојченцето кое без причина му го исплазило јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бараме да биде јавно и отворено!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но, тој пронашол дека мајка му го родила кај тетка му, која живее во центарот на горно маало.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За таа цел го одбрала Рибоокиот (името не му го узнав), член на разузнавачка служба во соседна земја кој имал врски со влијателни луѓе од мојата татковина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
КОТЕ: Тоа ќе му го кажеш кога ќе се разделите кај Плачиврби, кај што е местото за плачење...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Наеднаш истрпна. Нешто како да го удри силно, како да му го зграби срцето и го стегна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И тогаш ти велиш „Не правете ми го тоа мене, сторете му го на некој друг, направете му го на тој и тој“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека го избрале најлошиот начин ближниот да го поштедат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јосиф сонуваше како го вози министерот, само не можеше во сонот да му го види ликот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Башчаушот Шарен Мустафа му го даваше јадењето на секого та и на Горѓија, и му кажуваше дека оној мариовец, што излезе му го носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А очите му беа насолзени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Америка во својата идеологија на телото му го укинува правото на неговата карневалско- гротескна амбивалентност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гоце лежеше и ја полеваше со својата врела крв својата поробена земја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пес, рече огорчено во себе за соговорникот од Имотот и уште еднаш зажали што не му го знае името.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рада настојуваше од петни жили овој миг на Томо да му го направи посебен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Снегот продолжуваше да ја губи дури и онаа своја скржава светлина, добивајќи некаква сосема невистинита испремешаност на сите темници, што постојат, а секој нов заграб со раката низ неговата сива ронливост ја правеше уште потупа болката под неговите нокти, носејќи му го ова незнајно глупо чувство за некакви прсти, зголемени колку полни вреќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тотаму тогаш мајка и на Нешка се стори пред него и го откина од овие две разбеснети страчки, ги напади далеку, а страчето што беше го фатил му го врза за нога со едно сиџимче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
“Му дадов на Дилан една збирка мои песни пред неколку години, непосредно откако го видов на концерт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека лакомо го вдушуваше чадот од цигарата и додека радосно се смееше, се подисправи и ги истакна своите предизвикувачки дојки што на Еда веќе му го имаа направено потребниот впечаток во мерка повеќе од доволна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Часовничарот кој му ја разбра жалта и кој знаеше дека е тешко да се одвои човек од нешто што со векови било негов дел, му го врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ова навистина сакав да му го кажам на Александар, а и да му го покажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш Едо на Панда наш виде-невиде му се помоли на Војнета да не може да му го најде, ама Војне му побарал толку пари што овој не можеше да го плати.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Змеица, баш под Соколот, окопите беа одвај на дваесет триесетина метра отстојание едни од други, бидејќи врвот на чуката доминираше на десетина дваесет километра околу, та не смееше ниеден од непријателите да му го пропушти на другиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Погледот му го нема и дишењето му го нема. Ниедна жила не му мрда, не му работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можев јас да му го раскажам, но тој се расприкажа, а јас го слушав”.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но никој не ми е крив, јас постојано ѝ досадувам на тетка ми Оце и ѝ префрлам што ретко доаѓа кај нас со Дена и што немам шанса да се покажам како добра, голема и паметна братучетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На кутрото куче од соседот Лешо уште од раѓањето му било пишано јас да му го одземе животот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прашање: Ако добро разбирам, Фелдман сите висини ги дели на високи, средни и ниски, и едноставно означува колку треба да се отсвират во дадените рамки, додека изборот му го остава на изведувачот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А писмото што би му го напишала, прво ќе дојде во рацете на мајка му.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Човекот орал со плугот и едно време му се превртело нешто како шрапнел во браздата па тој му го дал на тригодишниот Павле: Еве на, играј си! а Павле почнал да го чука со камен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Изгледа дека тоа го исплаши колку и нас - толку се збуни што му го даде пишто­лот на Патрик - а овој, како и секое дете на цвеќето, рече: „Мене ова не ми треба, човеку”, и му го врати револверот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу од неговите цртежи упатуваат на периодот на неговиот интерес за времето на матријархатот, како во Bashoffen.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Птицевидно во муцето, со долго влакно што му го покрива телото сѐ до колената на предните нозе па изгледа како пумпарици да навлекло на себе...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оливера го истргува писмото од меѓу боските и, целата жива вода, му го тутнува в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувствуваше како некој одвнатре му го зграпчува окото и тоа, како полжав, се повлекува и се измолкнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Итрина да стане што подопадлива: итрина да му го привлече вниманието на мажот; итрина да го наведе секогаш будалиот маж да ѝ се обрати; итрина да му помогне кога и каде да се најдат; итрина заеднички да се ослободуваат од срамот што еден пред друг се соблекуваат...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со завршен поголем дел од работата во денот, тој, во кутијата со ручек, внесува здрав апетит и чувство на задоволство поради работата што ја завршил, и тој не би го заменил овој ручек во кутијата, што му го спакувала неговата сопруга, со оброк сервиран во ресторан на маса прекриена со бел чаршав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Своето кажување вака го завршил Жеро Жерав: Сега алчниот гавран лета од едно до друго место и бара мајстор да му го изделка клунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јован Стојче-Столетников и Симон Наконтик го разгорувале огнот. Се намалувале, можело да се биде и помал виновник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
2. Во карпата над чешмичето, од каде пред десетина години го нападна онбашијата за да го одбрани дедот Паленѕа и сина му Бојка, ги остави своите седум души опробани другари да си ги споменуваат тие стари спомени, а тој со Ќосото се оддели и го фати честарот во Суши Кутол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„И како се разбираш, домаќине, со ова твое свето човече?“ „Луѓето и без збор се разбираат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На големо изненадување на Еразмо, Ирена му го пружи розовиот чадор под кој, гушнати, ги броеја златните прстени на испружените раце и зборуваа дека тоа се само поголем број атоми на златната прав која ја има насекаде, па дури и во златниот сјај на тревите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој го извади од пазувите својот кавал и му го мушна бргу во раката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште истата ноќ, кога Арслан бег со дружината потона во Чепиговски Мртвици, додека за тоа уште се немаше расчуено. заедно со чупата Перуноска, потајум, дојава на Имотот и на својот соплеменик, на истиот оној што дојде од Светогорскиот манастир за да ги исчува Имотот и сираците, му го раскажа само за тоа, само за да биде запишано во тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не знам кој може да му го најде крајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа му го додаде тенкиот коноп на кој беа закачени четири дузини свежо испрани алишта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ветерот се досети: наместо да подзабави да се брзне под и над недопрените чистини та да ги подголи ангелите, тронот да му го подготват за идниот престол!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Го одбегна ударот, со десната нога му го изби штикот од рака и во истиот миг неговата тупаница се растовари во лицето на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некому морал да му го вади душникот (млад човек, богати, роса), - немало друго чаре, во душникот му влегла круша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа се народи на „антиквитетот”, како што ги нарекува Ортега и Гасет, неспособни да се издигнат до СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕ ЗА СВОЕТО МИНАТО, робувајќи им на националните клишеа, кобно склони својот живот да му го потчинат на апсолутниот авторитет и на неговата „гаранција” за една апсолутна „извесност” на животот (во верата, во нацијата, во волјата на еден водач како израз на самоволие на сопствената неслободна биологија).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Ујгун работа излезе! — рече Толе кога му го предложија ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НЕДООДЕН ПАТ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никодин се загрцна, та сватот мораше дури да го млатне по грбот за да му го истера залакот од душникот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Речиси се струполи на столот кој му го подметна Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отпрвин забрзано, со прекинувања, додека неговиот глас почна да звучи спокојно, му го раскажа својот план.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Страв ти е дека ќе го повредиш ако му го кажеш тоа во лице.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оттука е исто така јасно зошто филмот ги изневерува нашите очекувања, зошто не е „хичкоковски”: недостасува за него специфичната внатрешна, вертикална удвоеност на ситуацијата, кога постепено се појавува грозната содржина, што се крие зад површинската идилична маска - во Чамецот за спасување е речиси од самиот почеток сѐ јасно, веќе самата појдовна ситуација е грозна и егзистенцијално заострена, единствената „тајна” е дека е Вили уште позлобен отколку што се чини, и дека ги водел во погрешна насока, кон германскиот брод за снабдување...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сигурно некој од гардистите му го има запомнето бројот на регистрацијата и за неколку минути градската полиција и сите чети на гардата ќе го бараат неговиот мерцедес.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не можеа да му го одземат тоа ни додека го водеа пред себе по долгата спружена улица во ветривото претпладне на пролетта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шефот сега сосем задоволен повторно му го препушти пописот на службеникот. – Запиши Слободанка и внимавај повторно да не ги смешаш прашањата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо со разочарување поради неумесниот и празен одговор што му го дадов, тој ме погледна со љубов, со тага и со сочувство, оти во мене го виде истиот сомнеж кој го имаше и тој во душата, па потем ги спушти очите надолу и веќе не ме праша ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Попот се мачи да зборува, ама и нему нешто во гласот му трепери, му го потсекува зборот. Не му е баш сигурно - кажувањето. Како и тој да не си верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во сето тоа Дедо Мраз зјапаше, плашливо збунето, до оној момент кога најубавата кукла повторно му го одвлече вниманието, кога нејзината виткост ги надрасна сите убавини што поиграле пред неговите очи, сите волшепства што зачукале на неговото срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зората го отвораше небото и го осветлуваше селото, но таа му изгледаше поинаква од другите: му изгледаше тажна, невесела; и сонцето што се покажа, му изгледаше понакво од другпат: крваво, мрежичесто како и неговите насолзени очи; и птиците што се будеа, како да му го разбираа срцето: пееја поинаку од другпат - тажно, со стегнато грло; и луѓето што ги сретнуваа на патот, ги поздравуваа со натажен глас.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нишката на споменот е нераскинлива и толку далеку е врзана во минатото колку што навлегува споменот во старината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А Нина му го позајми нејзиниот на Влатко, зашто од грипот „фатила“ бронхитис.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сигурно му го препозна гласот на загарот што ја имаше бркано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поволностите од оваа промена се тие што ангажираните невработени лица ќе земаат надоместок за изврше- ната работа во висина на плата, кој најчесто е повисок од паричниот надоместок за невработеност (бидејќи тој, согласно чл. 68 од ЗВОСН, изнесува 40 или 50% од неговата претходна плата), додека работодав- ецот е стимулиран да го вработи таквото невработено лице, бидејќи дел од износот што ќе му го исплати за извршената работа ќе му биде обезбеден од страна на државата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На посетителот на Лајпциг ќе му го сопрат погледот и двете скулптури пред влезот на лајпцишката кафеана „Ауербахкелер“, кои го изобразуваат Мефистофела со омаѓосаните студенти од една од сцените во „Фауст“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нека се снаоѓа со скитањата што ми ги подметна, си бев помислил. – Ми се сторија прилично долги коридорите – додадов. – Уште сум со тој впечаток. – Ах, сакаш да речеш дека непотребно си го губел времето доаѓајки наваму?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа му го соопштува на другарчето од клупата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сепак нешто го следеше, тоа нешто се собираше околу него како безброј слоеви гасовидни, отровни испарувања, кои со деспотска и тиранска моќ му го затемнуваа видикот, му ги впиваа минатото и сегашноста и му ја опседнуваа сегашноста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во статијата Јосип Броз Тито во најкратки црти ја прикажал борбата што ја воделе народите на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Споулавениот и кога живее е мртов. Ние не одобруваме да го казниш со вила. Од таква смрт и крмнакот се повампирува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Намисли да појде кај отец Серафим да му го каже сонот, да му се исповерда, да почувствува леснина во душата, но се исплаши да не го погледа прекорно отец Серафим и да му рече: Соновите ни го кажуваат она што го мислиме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Сакам со него да разговарам за една многу важна работа, - продолжи трговецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трајче и мајка му го зедоа Дорча и се упатија кон Мацково.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Заборавив да спомнам, Милошевски носеше два белега од минатото: едниот го беше задржал самиот тој, мислам на брадичето, а вториот му го беше сочувала можеби и наспроти неговата волја онаа позната човечка навика, да го паметиме она на кое еднаш веќе сме навикнале, а него прилично време го викаа попе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, кога стигнаа до малото портиче од дворот на Дора, таа му го затвори пред нос и му рече дека не го пушта внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понекогаш имаше необична желба да му го зграпчи гласот исто како што му ја држеше раката, за да биде уште посигурна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потем, за да не се случи некако да стане, го грабнав анџарот и му го збрцав во гушата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кон него се втурнаа неколку луѓе и му го грабаа пленот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да беше болно, последното напуштање не му го наруши секојдневниот живот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ништо да не му довериш!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од Балканската војна сум војник, седум рани носам, и сега уште служам, кмет, на народот житото му го грабам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толку ги раширила што се прашувам каде сме!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На терасата во Уфичи една група турчинки сркаат кафе со многу шеќер и шепотат нешто за тоа дали Ботичели би се шекнал со умот ако наместо во Фиренца судбината го турнала во харемот на султанот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Еве ти го, - му го дофрли и стана. - Има мои чкртаници, ама ќе се снајдеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Или Неда, ако сака веќе татко да ме жени, или никоа! — ѝ натрати тој на Бисера, а која преку бабата Манџичица му го пренесе ова „попуштање“ на Крлета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го тргна за уши, му го даде кавалчето и го пушти да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мајка му го шеташе по паркот, ќе се запреа на клупата под неговата моќна сенка, која ги засолнуваше од жешките сончеви зраци.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Препуштајќи му го на случајот изборот на фотографираните субјекти, извлекувајќи ги од анонимност случајните минувачи и поставувајќи ги во центарот на вниманието резервиран само за славните, делото на Димитријевиќ претставува критика како на системот на вредности со неговите очигледно произволни хиерархии, така и на идеологиите кои лежат во основата на рекламниот дискурс и политичкиот култ на личноста: „Се обидов да најдам одреден вид на активност што ќе ми овозможи да ги надминам рамките на формалната еволуција и да се обидам фундаментално да го променам нашиот пасивен однос кон опкружувањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Детето спие до мене, му го слушам дишењето, но не вртам глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па кај третото - крц! и се врати накај живата ограда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За да не се случи да му го земеме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му го видов наназад зафрлениот профил, ги набљудуваше ѕвездите што се тркалаат низ небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја слекува кошулата и гледа телото нагло му остарува: кожата ожебавела, капиларите пукаат и оставаат бенки како од капнато мастило; му омлитавува телото кое некогаш беше цврсто, набиено, кое пукаше од здравотија, а кожата затегната и светла како кај пеливан; во тоа тело и Стела и Аниса и Хера и Марија ги зариваа забите како да сакаа да го раскинат; и секоја на свој начин се воодушевуваше и му го фалеше телото како да не им беше важна душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Широкото филолошко образование на Константин, неговата лингвистичка ерудиција ги разјаснува оние врски што глаголицата ги има со грчкиот систем на писмо и со низа источни системи на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа нова позиција на човекот во светот му го покажува неговото мрачно потекло и истовремено ја разбива илузијата за неговата положба во средиштето на светот“, пишува Ефтимиос Варламис (Eftimios Varlamis) во својот есеј за Хундертвасер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Имателот на опасен предмет што му го доверил на лице кое не е оспособено или не е овластено да ракува со него, одговара за штетата што ќе произлезе од тој предмет (чл. 162, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа еден ден, вообичаено по завршувањето на работното време, се врати со загадочна насмевка на лицето при што, од чантата извади еден лист хартија и му го подаде на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Момчињата од Америка го копираа кокни-стилот за да смуваат некоја девојка, а штом ќе наидеа на некој вистински Лондонец, се обидуваа да го натераат да им раскажува што подолго, без разлика што тој раскажува, само за потоа да можат подобро да му го копираат говорот. (...) Работа која отсекогаш сум ја сакал беше да ги слушам луѓето што зборуваат еден за друг - на тој начин ќе научиш колку за оној што се зборува, толку и за оној кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Која била причината за да го прифатам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетики, никогаш не стана свесен за ужасната бесмисленост на своите производи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на лошото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури тогаш, по смртта на татко му, откако почна сам да се расправа со сопствениците, Аргир разбра колку биле празни надежите на печалбарот, кој работи туѓи куќи и кому туѓи луѓе без душа и срце, му го мерат и ценат тешкиот труд...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Видете му го размислувањето и пресудите какво шуто отелила мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го оставаше да верува дека е најсилен, најмоќен, му го јакнеше егото на оганчето така што, додека тој се огледуваше во Водата, таа му создаваше слика во нејзиното бистро огледало дека е голем, многу голем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Управникот чекаше уште момент, два, потоа му го приближи лицето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А самата се смее низ заби. okno.mk 185 Така и му го сечеше окото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како што Томе го приближи кучето, така Митре му го стави тељот со дупалки на кучето околу вратот, му го стегна, кучето зацвика, ама додека да му се чуе гласот, тој го обеси на гранката од дабот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедо му го жулкаше по главата, го оттргнуваше од креветот, гледаше да го успокои, да го смири, но Милчо од срце од душа липаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Едноставно го пронајде тој предмет и му го даде своето име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Темната качулка му го криеше лицето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тропањето се смири кога тој го зеде меѓу палецот и показалецот и го стопори како да му го подава на фелдфебелот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тој случај одговорното лице кое му го исплатило надоместот на оштетениот има право да го бара целиот негов износ од имателот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колкупати му го имав речено тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ајде, ти дај му го пагурчето на дедот Петка, нека се напие и гледај да не избега ваа чанта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не само што нарациите го определуваат значењето што индивидуата му го припишува на искуството, туку овие приказни во голема мерка одредуваат кои аспекти од искуството на индивидуата ќе се селектираат и ќе бидат изразени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка му го отвори пакетчето и од него испадна еден балон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ах, тоа ли е! – се плесна брат ми по челото и изгледаше како да му олеснило. – Сум ти рекол јас тебе, ти си едно ептен глупаво девојче, сфаќаш? Се плеткаш кај што не ти е работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Времето е скапо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На тоа човече, на тој Брзакот, никој вистинското име и презиме како да не му го знае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега и таа спроведува акција: Она што си го земал од стариот театар, врати му го на новиот, за да заживее времето во кое имало и многу чесни и многу артефакти во сопственост на театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некој однекаде му го довикуваше името.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа отиде кај шефот на станицата и му го предаде магарето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Евто го врза Дорча за една бука, му го извади самарчето, го зеде под мишка и тие влегоа внатре.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одеднаш образот му го зажари ужасниот здив на девојката нејзиниот врисок се изви над цврчењето на сувото дрво и монотониот, фантазиран мрмор на набљудувачите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така на пример, физиологот гледа само мозок и има работа само со мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Соња купила албум - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се шушкаше во училиштето дека жена му го изневерила со некој близок пријател и дека се заколнал дека еден ден ќе ги претепа и двајцата, дека ќе ги убие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Клекна кај поднаредникот и му го стисна пулсот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе те бара по сите можни ѓаволови дупки за ова да му го направиш повторно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зад планина сончев пожар. Над реката самрак жеден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но сакам да знаеш едно, дека стоејќи вака пред тебе, на коленици, јас не коленичам, јас не молам, јас, едноставно, работам за да преживеам,” му велеше келнерката Цвета забришувајќи си го наросеното чело пред да му го земе и да си го стави в уста тоа што му преосталано меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко му го следи под око и препредувачки се поднакашлува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Притоа од дланката му испадна клучето: истото она клуче што тогаш кога беше болен и бладаше, рече дека му го дала жена му за да го отклучи гробот и да појде кај неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
КЛАУС: Не смеете. (Му го дава писмото на Херцог. Херцог го чита. Пребледнува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајка му пак отсечува поголемо парче, пак го мачка со мармалад, му го подава и му вели: - На, најади се па не ми додевај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие сигурно, си мислеше ќе му ги зајакнеа позициите во градот, а и ќе му го отвореа патот за некоја функција и во републичкото раководство, макар што најсилен се чувствуваше крај води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И него како и другите го болеле нозете, во празнината на колениците легнувал студ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Силна болка како со клешти му го стегаше секој дел од телото...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Препушти му го, тогаш на друг.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека она што го чу се повтори уште неколку пати, едно претчувство му го стегна срцето во очекување да го пречуе тоа што го слушаше, што доаѓаше од осветлениот прозорец на катот, што веќе го погодуваше, но длабоко во себе одбиваше да го поверува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Толку работи наидуваат, си одат, а умот стои збунето пред нив; умот не е во состојба да ги сфати толкуте многу глупости во нашиов посрамен живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама коњот му го фатиле за узда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора да било чудно пријателство, а со оглед на тоа што Бергман се специјализирал во сликање крави, сигурно делеле многу малку заеднички интереси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По Војната, многу од тој имот му го зела новата власт.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
-Но и покрај грешно избраниот пат и произволно донесените заклучоци, потрагата на младиот човек по вистината треба да се сфати како разбирлив чин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и смешни причини измислував за да го повикам во собата, божем нешто да ми помогне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Поканет си на Балот“, објави сета озарена подавајќи му го пликот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По неколку дена ќе ти кажам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
При Толета во „Михајлово“ спротив Рожден дојдоа бившите негови другари: Ризо, Петко и Ристе и му го доведоа убавото Проќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тој не сакаше тоа да му го каже на татко си, што го возеше на санката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Го заврши писмото и ѝ го подаде на сестра си: „ Тине, само една молба: те молам оди во петок во 18 часот на клупата кај сато и дај му го писмово“ и легна во креветот додека од очите и извираа солзи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
НАРАЦИИ Значење Идејата дека значењето е она што индивидуите му го припишуваат на своето искуство како нешто конститутивно во нивните животи, ги охрабило социолозите да ја истражуваат природата на рамките кои ја олеснуваат интерпретацијата на искуството.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Требало да ја совладам далечинава зашто само така можело да се надвладее чувството на празнина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој единствен пат, кога го сретна на бензинската пумпа, не му го виде добро лицето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Искорнете му го тоа што му е во срцето, осакатете го, ослепете го, за да не ви избега.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Само така, со реч гласна и жива ќе Му го славиме името. Сѐ друго е лук и вода“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури тогаш почнав да му го слушам гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. Не се замеша, но просто заповеднички извика: — Доста од обете страни!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, во џебот на Рада никогаш немаше доволно ситни пари за да му го плати патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го извади од џебот, му го даде.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стоеше исправен во место, вкопан, и покрај тресењето од неговата сопствена рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во еден период, Татко се запозна со еден белоруски емигрант, лекар, добротвор, спасител на многумина од маларија од која страдаа луѓето со векови, кој му го откри непречениот пат на женските јагули низ реката, по Јадран­ското Море и Атлантскиот Океан, сè до Сарагаското Море и враќањето назад, по истиот пат, на новите потомци.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко му го задеваше заради тоа и мене подмолно ме боцкаше, велејќи му нему дека ќе му најде друга девојка за дружба ако јас не сум тука.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- И не спомнувај му го името, ако не ти треба, ако не сакаш да го видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прстенот што ѝ го дал на венчавањето, а кој бил скапоцен, не му го вратила.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја почувствува и топлината на Татарите кои го спасиле кога неговиот авион 1943. година бил соборен над Крим кој бил под снежна покривка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„А нема ни саглам жена“, вели комшијата, а јас се сеќавам на една млада, која чувањето маж го усовршила до умешност на гејша, која и послужувањето на турското кафе на својот избран мажјак му го претвора во уживање рамно на сценско и музичко дело, демек рај за очи и уши во едно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали татко му и маќеата на Карл ќе му го дадат писмото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си помислив: овој не слушнал ни збор од она што му го реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— „Море не бери му го гајлето ти сега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да му го остават на Скрче како на машко, како глава на куќата кој треба да ја продолжи лозата...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш се случува Микеланѓело да излезе од себе и тогаш без исклучок веднаш се искачува на куполата на црквата Свети Петар во Рим.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Му го дава, но не знае кој му го дал и кој му рекол да го однесе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се сврте барајќи го гласот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не знае кај да го удри побрзо Мисајлета Ковачот, не знае што да му скрши понапред: дали рака, дали нога, дали вратот да му го скрши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој жалеше, тоа еднаш му го рече на татко ми, што не научи да чита уште како дете, велеше дека пропуштил цел еден живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По сите прописи, му го зедов оружјето, се вратив назад, се качив на каменот, заѕвонив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Грета: СОБЛЕЧЕТЕ ГИ ПАНТАЛОНИТЕ! (Почнуваат да се соблекуваат) А СЕГА, ТИ ГЛАВЧО, СПУШТИ СЕ НА КОЛЕНА И ИСПУШИ МУ ГО НА ТВОЈОТ ВЕРЕН ПРИЈАТЕЛ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Последните зборови на сопственикот му го открија на Аргира целиот ужас што ја чекаше тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој знаеше, од нејзините движења и од мирисот на пржената сланина и кафето, дека му го донесе појадокот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повторува, му го трие мешето и пак му вдишува топлина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не му го гледаше лицето, дозволи да ја води.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некој друг му го одредува местото, намената, значењето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Место мојот најсвеж сон што Пачев го очекува со необично сладострастие му го нудам објаснувањето на Загорка Пеперутката што може да се искористи во случаите што се чинат неразрешливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Задачата на поезијата на Анте Поповски беше и овојпат е, не да го надгледува претурањето, ами да го демне капнатото, подлижаното, да го најде и да го прибере загубеното, да му го врати побегнатото на јазикот, сето она што тој може (повторно) да го прими.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зарем не заклучивте од она што досега го имам кажувано, велиш, дека ни името не успејав да му го научам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
14. Во Полска или некаде во тој крај некој стар рабин одеше по олуја од едно село во друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Ќе му го покажеме на татко ви кога ќе се врати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Славко се наведнува, куршумот проаѓа над него, и културно му се заблагодарува на Мирко затоа што му го спасил животот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кога порасна, кога заврши осмо одделение, мајка му престана да му го слави роденденот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го лади ушето и се присетува дека и како дете исто вака го касна пчела, на истото уше и на истиот негов мек дел, јаготката, каде што носеше обетче што му го имаа ставено да не фаќа урок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка му го зема, и ја отвори теглата со мармаладот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Не, навистина не сум за ракија“, одбива и понатаму, иако татко ти по трети пат го понудува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
САВЕТКА: (сама), Ама како се погодив на време да му го земам. (вади писмо од пазувата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И посран од страв дека таа можеби ќе ѝ се довери на пријателката, која, пак, по принципот „ќе ти кажам само тебе, ама немој никому да кажеш“, ќе му го урниса имиџот во курварските кругови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- И му го кладе вапсаното јајце во десната рака. Потоа влегла во одајчето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И тогаш јас му го напишав тоа ужасно писмо на Лења: паметиш ли, јас и ти среде ноќ гледавме во поштенското сандаче, каде што писмото веќе беше пуштено, и ни се чинеше, дека сандачето збувна и секој момент ќе експлодира, како бомба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој на тоа му го посвети животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Карло четвртиот спокојно си денгуби во градината и го предвидува векот кога баш неговото име ќе му го стават на еден хотел во Прага.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ова му го рекол на Дед Павел пред да скокне во водите за да се врати во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од вратата го заплисна мирисот на помфрит, арома која што дополнително му го креваше ентузијазмот за јадење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вечерта, кога му раскажуваше каде сè била, на мајтап му го спомна и оној стан, какви што во тоа време имаше на секој најгорен кат изграден нерегуларно, а ги викаа „чардак ни на земја ни на небо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му го велам тоа, а знам дека нему не му требаат зборови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- А сандакот? - прашува Огнена и гледа кон столарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму тогаш, кога имал пари, на Орце му го ветил и му го испратил споменатиот динамит од 1.000 кг.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ковчестото грдо лице му го покриваше сива пајажина на првата брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Различните етнички групи ширум Америка сé повеќе се служат со новата технологија за на светот да му го претстават „својот агол” и својот начин на гледање на работите (како на пример Кајапо од Бразил).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Шишман со растреперена рака го извади кутивчето од џебот и му го подаде.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Подзапирам и си велам: гробот му го знам, но болката остана непозната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Братучед му потстана кога овој се приближи до масата и му ја подаде раката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пресудата поради изостанок не може да се побива поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба (чл. 342, ст.2 од ЗПП). 6.  Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или, пак, со порамнување пред суд или пред друг државен орган, застаруваат за 10 години – па дури и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на зас­ тареност (чл. 368, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му го подавам ковертот со бараните документи. - Ова ќе потрае – рече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Надвор поштарот одеше од едниот до другиот влез и прашуваше за некоја си Чана, а таа токму тогаш влегуваше во црната уста на влезот и грабнувајќи му го од раце одвај пропелтечи дека таа е Чана и дека ова писмо го чека со денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Жртвата му го одречуваше правото на победникот кој ги испратил тука своите судии и своите сведоци за да го признае пред нив својот пораз.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тоа утро Гоце рано отиде на дуќан, и тоа утро Султана му го донесе на Никола редовното кафе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Цело лице беше сум му го издраскала. И два нокта си поткршив тогаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Даскалов не му спомнав ништо ни за фирмата Декоратер што му остана на Ристе како наследство од реализацијата на сценографијата за едночинката Аналфабети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Луѓето, не и ѓаволите. Допри му го малку челото. Можеби попчево не е без рокчиња.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
О'Брајан се наведна кон него, намерно доближувајќи му го истрошеното лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го соши уште тогаш, кога Агафија Федосејевна не патуваше во Киев.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Калуѓерите кришум ги подзавртија главите, го искосија погледот за да му го видат рокчето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. Му рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го бутнаа пред себе топлејќи му го тилот со здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле треба да се спомене и вниманието коешто на телото му го 36 okno.mk посветуваат различните гранки на антропологија, етнологија и етологија, а сите се во голем процут. ÂÂ Дали телото ја загуби моќта на делување и стана имагинација и репрезентација на моќта? ÂÂ Човековото тело во текот на човечката историја, од стојалиште на биологијата, одвај да е променето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трајче пак, како да знаел дека ќе загине.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега полн осмев го зафаќа, ја ниша главата, му го посочува на Етхем-паша местото од страницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Море грамотен човек, му велам јас на даскалот, да не си учел нешто за крал, за цар, му велам на даскалот, Харалампије ли се викаше, му го заборавив името.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веруваше дека добрата судбина му го дари ова големо пријателство на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа на Јосифа му го имаше признаено тоа или тој просто го знаеше тоа!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Црномурестото момче ми вели: Знаете ли, ова килимче го познав зашто го ткаеше мајка ми, а јас дури сега разбрав дека брат ми загинал!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го носеа што побргу да го поправат, што побргу да му го вратат животот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од толку брмчење не се разбра баш најјасно дека секој Давид нема прачка, а и никому не му текна да се праша дали оној Голијат се струполил од каменот од прачката или можеби од погледот на Давид што изгледа поверојатно и пологично.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислеше дека сето зло во неговата куќа таа му го донесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На него не се сети ниту берберот што му го симна скалпот, кога во огласник прочита дека колекционерка на уметнички дела сака да купи слика на која има насликано раззеленета врба, клупа во парк и маглива машка силуета.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ми рече му го украле.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакаше тоа да му го сугерира на својот син, свртен кон политиката, но тоа не допираше до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не можев да разберам зошто за нас загинал и со потајно задоволство му го изопачував ликот, го цртав шашливо каков што беше Кузман.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му пристапија на коњчето, му го сметнаа самарчето, го зедоа и тргнаа низ коријата...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Последниот муштерија, една таква брадлеста политичка фаца, му побара да му го врати вошливиот кусур од четири денари од стотка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
(Влегува Елена. Пауза. Тишина. Го загледува Михајло. Му приоѓа. Му го допира образот. Михајло збунето ја гледа.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На друг човек не би му дал, но тој не е човек, му го кажав тоа“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
РАЈНА: Ве барав. Не ве најдов на време. (Пауза) Цела ноќ се молев. Свиња утринава му го изеде увото на Боге.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А во аголот сега стои само едно сандаче, препокриено сандаче, а врз него стариот касетофон - на тато му го подариле кога дипломирал - сите му го подариле - дедо, баба, мама и Влатко...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А денес, кога телефонот заѕвони му го донесе здивот на минатото на уво, шепотејќи, потсетувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најстрашното во нацизмот, или она на што ова најстрашно пред сè му го должи своето постоење, е оваа “природност” на културата, тоа дека сите нејзини главни обележја едноставно се “природни”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го држеше татко му на око, а кога ќе му се искраднеше и кога ќе напавеше пак некоја кражба, пак татко му го затвораше дома и го тепаше со ременот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го извадив од џеб празното кутивче во кое некогаш се чувале грамофоски игли и му го подадов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трајче излезе надвор, а Тале му го намести на коњчето самарчето и праша: - Како се вика татко ти?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
” Цицам ужас од лузната прободена со игла, подводниот врисок на тапите нерви им праќа предупредување дека доаѓа времето на копнежот, печат угризите на беснилото...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- А сега млада дамо... - Томо! - тогаш првпат му го изговори името.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога му го поставивме барањето на готвачот, кутриот со брзи движења на рацете ни покажа дека е од далеку, од Кина, и дека се уште не ги знае домашните миленичиња во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Што значи за нашиот прогрес на демократијата партизанското движење, излагаше Косановиќ, додавајќи дека тоа движење го обединува народот и дека не треба да се спречува туку да се канализира и да се искористи револуционерното движење во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И само вика: - Приготви садови, вика, шкембево фрли му го на кучено, на куче, на, куц на, вика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А на патот мачен го пречекува преубавата Амфитрита Подавајќи му го, во пелени од морска пена, синот Тритон.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Меѓувремено го обзеде едно чувство на радост што просто му го обзеде целото тело, наспано, одморено, желно да го прифати дневниот живот со сè што тој ќе му донесе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Повели побратиме! — вели Главче и му го подава шишето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но можат ли тие силни играчки, тие автомобилчиња, топки, кукли, балони и ред други да му го заменат на детето другарчето?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се свести во полската болница на фронтот каде што му го извадија куршумот и му кажаа дека патролата само него го нашла жив и дека имал среќа што не бил смртоносно погоден.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Смртен страв му го огрди лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изложувајќи му го на воајеристичкиот поглед она што обично припаѓа во сферата на приватното, таа покажува како јавното и приватното се вкрстуваат на нејзиното тело, покажувајќи ја сексуалноста неодвоива од општествените и историски односи на моќ коишто се впишани токму во начинот на кој се гледа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вчера на едно му го јадеше утринскиот оброк.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По стопати стрчнуваше по еден те ист предмет што му го фрлив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Фала за прикаската“, задоволно му вели Летка и не се навраќа на прашањето што пред тоа му го постави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но јас одбив да прифатам таков грд крај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка му го виде низ прозорецот и викна: - Димче, врзи си ги чевлите!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но тоа и му го зголемува приходот поради што е вистински задоволен зошто летото беше времето кога човек никогаш нема доволно пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Токму таа скромност, спремноста секогаш со насмевка да се прифати своето (секогаш мало) место во светот, му го дава на Кејџовото дело оној нежен тон на ведрина и радост, квалитет на нешто вистински хумано, блиско без сентименталност и патетичност, што е можеби негова најособена човечка карактеристика и специфичност на неговото дело.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка му кутрата, целото јадење му го носеше до устата, па дури и водичката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Ти се плашиш од смртта повеќе и од оние кои во идејата за бесмртноста бараат утеха,“ му реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сети дека вчера ова време навистина му завидуваше на брата си за ручекот што Рози му го имаше спакувано во кутијата за храна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стражарот го посоветувал да вози кон Велес ако веќе има намера да го престигне Штабот; и тој, види му го умот, место да го сврти автомобилот и да се врати дома, тргнува во потрага по Штабот на 23 Пешачки полк.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едно претпладне баба му го доведе четиригодишниот Тарик кај роднините.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кузе рекол во управата дека му го продал некој Албанец од околните села и така се покрила работата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ширењето на културниот песимизам и чувството на бесмисленост на животот како апсурден мораме да му го припишеме на споменатиот преврат што го изведе формалниот ум.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се поздравувам со стариот, и при тоа Господ не му го спомнувам, само велам да брои до сто и една и в рака му пикнувам кутија цигари и ќесе кафе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакав да прашам што точно значи тој збор, ама се премислив, оти и онака му го сфатив значењето – Дена овој викенд очигледно ќе биде во моја надлежност и самата ќе треба да се снаоѓам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Приказната за застреланиот можеше да го означи и свршетокот на приказната за Ведран.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дмитар-Пејко го нема, сега и волето му го сотревме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа никако нема да му го даде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не беше актерството, иако новиот симболичен просцениум му го надградуваше примарното значење.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Малку не ми е јасно, но знам дека е така: на народот треба да му го направиш ќеифот, ама за да го отераш во ќеифот треба прво по глава да го удриш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По патот на не знам кој Мебиусов ефект и претставништвото исто така се свртело против самото себеси и целиот логички свет на политичкото со самото тоа се растурил, отстапувајќи му го местото на еден бесконечен свет на симулација во кој одеднаш никој повеќе не е представен ниту претставува било што, во кој сѐ во ист момент се акумулира и растура, во кој дури исчезнал осовинскиот усмерувачки и спасоносен фантазам на власта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Удрете, еве ги клековците, да викаат по нас. - Се колевме вчера со едни, денес ќе се колеме со други, им се придружил пискотливо и запенето Метуш Батковец. - Ќе се колеме, готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го отворам писмото, му го препознавам ракописот-везмо со кое често ми ги веселеше очите и душата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Профим сè стори за да му го купи и тоа парче, но татко му на Грдан остана на зборот, на желбата своја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој, свесен дека гласот таков каков што му го дал Господ, далеку нема да му се слушне и дека песната му е „олеле мајко“, побарал поткрепа во шампионот во уметничко лизгање Евгениј Плушенко и во неговата импресивна точка на мразот поставен за таа намена на сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Колегата од Турција, кој седеше до него, му го притисна копчето од микрофонот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
До нив клекнал Трипун Караѓоз и ги подал рацете да се погрее. Пламенот му го позлатувал носот, очите му солзеле од чад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, ете, сега кога дојде денот да си ја пуштам душичката и јас некој да сакам, да му го кажам тоа во лице и толку искрено, можеби ме стаса казната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакав да му кажам да се избрише, но поради начинот на кој ме гледаше и поради сериозноста на моментот ќе беше непристојно да му го речам тоа, а впрочем и ми беше страв.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите води на светот капетанот Џек го славеле: само името кога ќе му го слушнеле корабите в море се давеле. И пиел капетанот Џек.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А да му го покажам нашиот клозет?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа Националниот водач доаѓа за народот да го доведе во ред, како највисок принцип да му го пружи принципот на нацијата на којашто тој, како најголем националист, ѝ е цар, речиси творец на нејзиниот поим и пракса.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тешко му беше да ја крене главата да го извиди Илета, но затоа десното уво го имаше начулено по слух да му го расебети изгледот и табиетот на новодојдениот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со едно свиткување му го пукна ’рбетот и за цел живот го остави сакат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еднаш, тие и двајцата со Неби-ага му појдоа на церибашата Осман-ага во уќуматот, сега без работа, и пак не излезе дека тие не го почитуваат церибашата, или чувај боже, не му го ценат скапото време, туку баш дека го редат како поважен и од субашата, штом пред него зборуваат работи што не се за уши на еден чауш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој го почувствува на своето тело треперењето на нејзиното тело и една од нејзините трепки лесно му го допре лицето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му го знаеја и маалото, и куќата, и портата, и одамна упокоената жена, и петте деца, едно на друго до рамењата, и кучето му го знаеја и бунарот во дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малечката веќе се задеваше: ги прекрсти рацете на навлаката зад неговите плеќи и толк ми се ближи со лицето што авторот зад уво чувствува врачечка топлина од којашто целото тело му го обзема милина и желност, си воомјазува како ја држи во прегратка, ја навира...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На едниот, убавиот Ерменец од Либан, не му го паметам името.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но за жал малкумина се оние кои се спремни да ја запостават личната корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тито му го подготвуваше големото „не“ на Сталина, но не се осмелуваше сѐ уште да му го каже гласно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И јас му го поставив на Ракот тоа прашање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка му го гушна малечкото и го притисна неговото лице на градите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извади камен од кесата што му беше обесена за ременот од пантолоните и му го светна на Мечка во салиштето околу стомакот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со тоа, се чинеше, наслебата поделена на два дела, на христијански, што го чинеа потковичаните и Акиноските, и на турски, што го чинеа чифлизите, дефинитивно го доби својот ропски изглед и дефинитивно го заживеа својот мирен ропски живот, на кој никој, ниту поробените ниту, пак, поробувачите не можеа да му го предвидат крајот, па, упатени едни на други, заеднички го изградуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Држејќи му ја долната вилица со левата рака му ја искривил главата и му го побарал гркланот со врвот на ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мангалот среде соба, иако изгаснат, му го осветлуваше лицето со блесокот на своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа ќе му се јавам да му го кажам тоа, оти знам дека ти немаш храброст.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога таа ќе му го скриеше алкохолот, тој одеше в град и пиеше, а потоа со мака се враќаше дома, сопинајќи се и удирјќи се и во кучето што го водеше и во минувачите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа, пропишана е обврска за работодавачот да обезбеди здра- вствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци и проширено е правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А му го береше уште од вчера кога чу за Мирчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му кажав дека е во Долнец и му го дадов бројот на телефонот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Не така, вели Григор, туку фати го за уши и тргни му ја, нагоре, главата. Истргај му го вратот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега на свој ред се плаши за нешто што му го приклештува срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко на судијата што ги суди, вели, ќе му ја најдат адресата и целото семејство ќе му го убијат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и нејзе не ѝ беше јасно зошто не му го спомнува името, туку само ја пишува буквата Б.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но последниве, оспорувајќи му го правото на грчкиот јазик во словенските краини, сами не ќе можат да се разберат и да определат каде ќе треба да биде бугарскиот и каде српскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со насилното стишување на мислењето пак предизвикуваме посебна несреќа, зашто со тоа го ограбуваме човечкиот род, како оние што доаѓаат по нас, така и сегашните генерации, луѓето коишто со таквото мислење не се согласуваат, дури повеќе од она лице што го изразува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но времето и условите не му го дозволуваа тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко му на Александар не го ценеше многу Тодор и уживаше да му го иронизира името во Тодорче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас дека занесена на друго, да не можам да му го чујам гласот на детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
СОЊА: Во право си. (Пауза.) Ќе мораш да се селиш од овој стан. Му го изнајмив на Халил Хабиб. Плати две години однапред во девизи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Еден вид проклетство; за да сокријам во себе некоја одамнешна вина. „Кажи, си пиел ли?“ Брат му го крена погледот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одлучив да му го предложам ова при првата можност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога само си роден во Скопје тоа не значи дека си скопски шизик туку „дошљак“, непосакуван дојденец од „пизду си матер“, што ќе му го лапнеш работното место, а, што е уште пострашно, ќе ја ќариш најдобрата прилика од некое добростоечко старо скопско семејство.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Земи ластегарка и мавај. Исправи му го грбот. Со наш благослов ќе броиш до десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- да го споменеме само следниот духовит пресврт: еден од јунаците се обидува од колаборантскиот татко да изнуди признание за неговото делување со тоа што ќе го излаже дека ја грабнал ќерка му (за којашто знае дека во тој момент не е во градот); таткото попушта и пишува нешто на лист, очигледно признание, и му го дава листот на јунакот, но кога тој ќе го погледне листот, гледа дека 154 Margina #22 [1995] | okno.mk на него пишува: „Жалам, но штотуку го чув автомобилот на ќерка ми...“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За Мајка, ова беше најголемото осквернување на светите книги коешто, со години, не можеше да му го прости на Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не обраќајќи ѝ се на никоја посебно, додека уште ѝ го гали образот на малечката, вели, трудејќи се најстарата да го чуе и истовремено во ретровизорот покажува дека би се фрлил во длабочините на погледот што му го нуди малечката, предизвикливо насмеана: „Што би било малечкава вечерва да преспие кај мене, а јас утре да ви ја донесам во Гостивар?“ „Не може!“ вели најстарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и да го прави тоа, не можам да си претставам дека татко ми би се тресел само поради можноста да не добие унапредување, колку и да е значајно, што и беше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Тогаш ќе му го однесиш право кај чичко Талета. Поздрави го и од нас! - рече Огнен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таа се двоумеше да му го даде тоа што сакаше да му го даде, наместо тоа, таа зјапаше во неговото намуртено лице.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му го збрцав до рачката и почнав да му го вртам во гркланот како семким качамак да варам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со десната нога му го изби од рака, го фати за коса и молневито го повлече на страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мачето, откако два - три пати му го покажав на Гаро и му дадов да го подушка стиснато во моите раце, почнавме да го пуштаме во дворот, а напладне тоа самото се прибираше дома, во ладниот трем.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ниту животот ниту некој човек некогаш го понижил, никој досега не му го зарил носот во кал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзината коса му го милува образот, 108 okno.mk нејзиниот задник се привива како сунѓер до неговите препони.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веднаш се спогодија. Тогаш реши да ја раскаже неговата историја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму да му играат чочеци и на крајот од играта да му го заблажат пофтежот со баклави и кадаиф.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Решението на Сарафов да не му го препушти доброволно раководството на Врховниот комитет на генерал Цончев довело до распаѓање на комитетските офицери на две групи; едната на чело со Сарафов, другата - со Цончев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
111 Неговите портрети на минувачи, изложени - меѓу другото – на Биеналето во Венеција, во Центарот „Жорж Помпиду“ и на Шанзелизе во Париз – ја поставуваат случајноста во центарот на создавањето значење, истовремено егзалтирајќи „химна за потенцијалната и непознатата креативност, за не-признавањето на уметникот-поет кој е избришан од историјата“ (Акилe Бонито Олива).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А и онаа мајка ми, сè сериозно сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трајче грабна два сандаци и итро, ползејќи се врати назад, се одвлечка до чичко Анѓелета и му го подаде сандакот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одвреме-навреме по некој од познаниците ќе се присетеше да му го посети вечното почивалиште. И сите се морничавеа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да одам кај Сотир, што му го зедовме дуќанот, или кај Трајан, или кај Тодор, или...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но јас само така правев напори за да го задоволам, за да не му го расипувам тоа негово задоволство, таа негова љубов кон мене да ми помогне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Гринавеј исто така често користи и “name masks”, како што е случај со Креклајт од СТОМАКОТ..., што фонетски звучи исто како црацлигхт* (“пукнатина во светлината”), или давајќи му го на хирургот од филмот ЗОО името на Ван Мегерен, генијалниот фалсификатор на Вермер (чијашто една слика - како Вермерова - стигна и во Националниот музеј).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ВАСИЛКА: Антице, невесто, види ваму, јас не можам никого да го сторам лош и будала, ами ти на вујка ти не треба да му го расипуваш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
МИТРЕ: Здрами си, Коте!... Пак за добро идење и за радост да ми идете. (Пие и му го подава пагурчето на Колета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Има во „Историјата на тајните“ еден пасус, за средбата на патрицијот со Кастилјанецот, воинот платеник, кој, крај логорскиот оган, цела ноќ, со очевидно вживување и веселба, му опишуваше како се шетал низ освоениот невернички град, несејќи на високо дигнато копје набодено дете, како во отсјајот на големиот пожар што го голтал неверничкиот храм, принудил три пленички на обилни љубовни услуги, како на заробениот заповедник му го искорнал прво едното, па другото око, а потоа го распорил од гркланот до тестисите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кољо го откина двогледот од очи и рече, подавајќи му го на Трајко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најлесно ги купуваше оние парчиња што остануваа осамени некаде во средината на брегот како мали оази, пусти островчиња заградени наоколу сè со имотот на Профим, кој не им даваше пат, не им дозволуваше да газат преку неговиот имот; таквото заробување им го правеше на оние сопственици кои за инает не сакаа да му го продадат својот имотец што Профим, купувајќи ги другите соседни парчиња околу него, му ја стегаше јамката на тоа делче од брегот, и кога сопственикот ќе се најдеше како опашан со змија - ќе попуштеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Е, Анѓо, - така ја викаше мајка му кога почнуваше да му го соли паметот, - такви, драга мајко, тешко се наоѓаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка му го праќала во Солун со полни куфери, а тој се враќал „гол“ - се раздавал на своите бедни соучесници.28
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
КРИСТИНА: А ти? ЈАКОВ: Јас ја отфрлив својата улога. Ја напуштив драмата. Му го свртев грбот на големиот драматичар.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
-Всушност сакав да му го изразам задоволството од неговото сфаќање на силата на љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ЛУКОВ: (Го зема и го чита.) МЕТОДИ: Му го извлеков од пазува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но штом му го виде лицето - премале, се сви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стопанот мој со едната го фати за појас, со другата за краватата, го подигна, и го ничкоса во снегот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога му го поставивме истото прашање од почетокот на статијава за потребата од нови фонови, тој одговори: „Денот кога веќе нема да ни се потребни нови фонтови, ќе биде истиот ден кога нема повеќе да ни требаат нови приказни и песни.” извор: Print превод: Сања Фрковиќ Маргина 36 183 184 okno.mk Постои чудна нерамномерност во проучувањето на пишуваниот јазик: некои негови видови, како што се историјата на алфабетското писмо, научниците со генерации грижливо ги испитуваат; некои други видови, како што се психолошките процеси врз коишто се засновани читањето, пичувањето и правописот (во смисла на графичко претставување на одредени гласови), станаа предмет на сериозно проучување дури во осумдесеттите години.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мишко од внатрешниот џеб на палтото извлекува свиткан лист хартија и преку вазната со цвеќе му го подава на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Очите на Милан ја разгледуваа земјата за да најдат знаци што ќе му го дадат одговорот за идентитетот на непријателот, зашто тој беше тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Александар не се сметаше себе си за херој, не познаваше ниту еден таков и беше убеден дека такви не постојат, но секое утро му се чинеше дека ќе ја изгуби самоконтролата, ќе го собори Петар на земја и ќе му го пресече грлото со еден од кујнските ножеви на мајка му.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа за потпоручникот Куцаров било причина, или изговор, да нареди да му го дотераат врзан Тодета во палатката, за божем лично од него да ја отврди вистината, а намерите му биле други, гнасни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му го истргна од раце големиот сребрен крст и почна со него да го удира, удира по глава, сѐ додека не му ја расцепи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Милиционерот внимателно го испрелиста пасошот на којшто имаше само една, неискористена и со помината важност виза за Грција, пак упати кон него неколку споредбени погледи и без збор му го врати пасошот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас зборувам, зборувам, мислам оти Семјон е тука, дури и дишењето како да му го сеќавам, кога наеднаш нешто ќе ми се подаде откај прозорецот, ќе ми се провре во мислата некоја сенка од сенка, или шепот од говорот на сенката, и ќе ми го засени погледот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пациентот го мрази лекарот затоа што одново ја отвара раната и затоа што тој (пациентот) тоа му го допушта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Што?“ „Што гледаш?“ „Што рече?“ „Не реков ништо.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 197
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби требаше да му го свртам грбот на ридот и да се вратам од каде што дојдов!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За неа сите други помислуваат дека е тоа писмото што треба да му го испратат на султанот, а Максим му вели на Костадина Земи го.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Калето, во кое се наоѓаше неговиот сарај, чувано добро од сите страни, со заптии и железни порти, му го креваше и погледот повисоко од сите што живееја долу, во подкалето, од сите, па и од овој ибн Пајко: но тој не беше задоволен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сè му признав, од збор до збор му го раскажав нашиот разговор во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Марија плачеше од радост... Писмото веднаш му го покажа на лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Отказот мора да ѝ биде врачен на договорната страна, на која ѝ се откажува договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеби ќе посакате на тоа свое биолошко раѓање да му го спро­тив­ставите вашето стварно раѓање, она коешто беше последица на настан скриен од јавноста во текот на кој вие навистина станавте вие самите. 4Тргнавте прилично жестоко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Полека, божем се плаши иглите на светлоста да не му го пробијат видот, ги отвори очите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А сепак, каков-таков, човекот ѝ бил домаќин и маж".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓу нас нема тајни... “ го запраша Дејко, ама Љупчо му го пресече зборот:
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Станува Манол Форевски да брани, ама Захаријадис и нему му го зема зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој ќе го земе со автомобил, ќе го изгушка и ќе го однесе на некое непознато место додека јас седам заклучена надвор од тој свет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Денес, во еден друг хоризонт на рецепција, станува сѐ појасно дека тоа уметничко дело (опус, во алхемиска смисла) треба да се просудува како ремек-дело, токму како што од целокупното творештво на некој традиционален уметник одбираме одредено дело и му го прилепуваме истиот знак.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Имено, уште тогаш под перница му го ставаат планот на градот Загреб, таа ексклузивна цел на сте негови идни животни стремежи, место коешто тој, за да го исполни своето животно послание, мора да го освои и со кое во потполност мора да завладее.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тики: А тој прашок што му го подметнав во вискито, тоа е нешто извонредно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иследникот стана, му пријде одзади, го фати за глава и со сета сила почна да му го удира лицето од масата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И како што не ретко, случајностите во животот носат непредвидливи настани, поштарот му го даде писмото в раце токму на Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога дојде газдата да ги расчистиме сметките, да му го вратам клучот, баш детално ми раскажа што се случувало таму во тој еден месец додека јас не бев присутна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И не му го раскажала само тоа, дека таа ноќ била со друг маж, туку отворено му рекла дека таа веќе нема намера да пере и да пегла туѓи валканици и дека ќе ѝ се придружи во работата на Росана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Акакиј Акакиевич чувствуваше само како му го симнаа шинелот, како го клоцнаа со коленото, и тој падна на грб во снегот и повеќе ништо не можеше да почувствува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа му го рекла на Љупчо - уште првиот училиштен ден, уште првиот час.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Баба ми му го криеше пиштолот и го преколнуваше да не прави белја; поврага и пчелите и инаетот на соседот Лешо!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Деконструкцијата е претпоставена на она што генерално се означува како “критички конструктивистичка”, или, ако повеќе сакате, “конституционалистичка” перспектива на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уште минатата година, Никола му го стави извештајот на маса.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сертиот тутун му го спржи јазикот, му го запече грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но своето вистинско чувство, таа внатрешна разбуричканост, тој не умее да го процени и да му го најде вистинското значење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Ако не го најдеме тоа, еким-ефендија? Зима е, Онисифоре. Нема по ридиштава диви краставици да му џбурнеме в ноздри нивна вода. Погледни му го суратон.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку зборува, сето време му го посветува на болниот, а во болницата може да се сретне и дење и ноќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој настан му го опишав на David Zack кој отприлика реагираше во стилот дека подобро ќе беше ние да го скршевме клавирот отколку тој нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Легендата му го отстапува местото на митот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа ти е работа, зар ќе го скршиш ралото или ќе му го продадиш јунецот на сиромаот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
•  2007: проширување на правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како и да било, Дишан агилно се трудел да му го покаже на својот нов германски пријател “La vraie vie parissienne”, и дознаваме дека една вечер Дишан го одвел својот пријател во еден бордел на Пигал, кварт и ден денес прочуен по своите црвени светла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ова е за твое добро, Исусе.“ Отец Симеон опцу со разлеана крв во устата бессилен да се извлече од клопката. Јазикот му го жежеше опор вкус на ’рѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наеднаш вниманието му го привлече нешто друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Веќе во лулката на сонливоста, пензионерот Богдан Грм му го остави шахот и бакшишот од три динари на неизбричениот келнер, и замајќи го клучот од својата соба 09, зарипнато прашува за бројот на собата на госпоѓата со внучката. – Дваесет и девет, точно два ката над вас – одговара неизбричениот портир со (соучесничка) насмевка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Си го извади паспортот од торбулето што го имаше при рака и му го даде на војничето, пред тоа да го побара.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми иде некако оддалеку, ама му го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден го викна татко ми и му го даде налогот со кој мојата мајка треба да биде упатена во НОВ ЧОВЕК.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе му го донесам јас умот на тој катил...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Пушти го, жено! Тој е свој човек и немој ти да му го солиш паметот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некоја магија и во мрак му го осветлила лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утринум, ноќем, секој со своја молитва ја возвеличува смртта или животот, сѐ дури Буда не го довика Исуса да му каже дека преминува но дека не ја открил тајната на преминот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Ќе се венчаме, велам, му го земам зборот од уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали да му го дофрли на најмладиот придружник, чие остро сечиво на погледот му го пробива грбот...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Често ноќе, во сонот, му се причинуваше дека некој тајум му влегува во куќата за да му го украде детето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стутканите од ладното луѓе го повлекоа чамецот до брегот и како мовче, фрлија чифт даски што блескаа со лакот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како сон во сон што се натпреваруваат кој во поубави и попрекрасни предели ќе му го пренесе чувствувањето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А и она што успеав да го видам, беше многу очигледно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пациентот не се осмелува да сака, сѐ додека не е апсолутно сигурен дека лекарот разбира што му е потребно, и дека тоа ќе му го обезбеди.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јагулите, зарем не беа познати и како божји претскажувачи, впрочем таква улога им припишуваа во далечните митологии, за да му го покажат на Татко и на семејството вистинскиот пат, во потрага по излезот од грешниот круг на егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури ни оној грош што не мислеше да му го даде на проклетиот непоп Отец Симеон, на тој голем мајстор на малите злочини.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во провинциско гратче, мрзеливецот библиотекар заедно со мрзеливците од месниот културен оддел дигна раце од својата работа и престана да се грижи за барем малку осмисленото снабдување на работниот човек со книги.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ти му го даде името Марко.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од некои причини што во соништата не се кажуваат, човекот не може да се пресегне да му го подаде куферчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакав да бидам на извесно растојание од неа и затоа правев сè тој товар (така го чувствував) да му го префрлам на Нинослав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се разбира во посмртните изјави би можеле да најдат место и такви поединости како што е на пример податокот која личност , по кој повод и колкупати му го има загорчувано животот на починатиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А тој не ја знаеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа отиде дома си, сама ја постели колата со ложница, сама ги спрегна воловите и - ги поведе мажите на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дека ми се причинувало оти сите негови зборови се со по многу нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како тенка жица една тешка јанѕа му го стегаше вратот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога можеше да зборува со отец Арсенија, гледаше да го наведе да му го раскажува неговиот живот, кој во ништо не се разликувзше од Сталевиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Низ неа говорат, овој час, сите негови соништа, сè што му го бранувало срцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Всушност вниманието му го привлече необичниот наслов во еден од весниците "Панаѓур на богатите и среќните".
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Атина ќе му го намести столот и уште долго време ќе стои зад него, замазнувајќи му ја косата што си ја разбушавил при вадењето на капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш, една дијабола којзнае како залута во канцеларијата на секретаријатот и за малку на еден вработен ќе му го истераше окото.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Има, рече потоа и ми го побара пасошот. Му го дадов, го зедов клучот и заминав во собата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се плашел дека сонот може да му го избрише минатото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Зарем не мислиш дека може да се случи малкумина да учествуваат во поворките, а покојникот не ќе има кому да му се обрати?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чак Норис не пие и мрази кога сонот му го рушат пивски шишиња што од рака во рака, ги префрлаат момчиња на кои прстите им се ко шпагети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, одвреме навреме пробуваше чоколада од парчето што му го даде таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве, мој пријателе, јас би завршил со инаетот, не можејќи да му го утврдам местото во трајната балканска меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога минувате улица му го стегаш рачето толку многу што почнува да се жали дека го боли, а тебе ти е страв, страв од тоа да не ти се измолкне, да не поттрча, да не го удрат, да не го повредат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога работата стивна Србин го праша Шишмана: - Да не му го скрши крстот, море, како на оној во Влашко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Борејќи се за неа, во една битка меѓу децата од двете маала, му ја скршил главата на Сулејман, синот на Осман бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа многу размислував дали воопшто да го консултирам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само за толку не стана тоа за колку Јосиф Акиноски со нажежен анџар му го извади куршумот од плеќите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
(Му го носат колачот.) Ај што е попово нека е готово.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но Мира му го свртила грбот и не сакала повеќе ни да го погледне ниту да разговара со него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Живеевме веќе со години заедно а тој се што успеа да научи да употребува од нашите зборови, се му го потчини на својот начин на кажување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- И ние имаме кокошки, домаќине, ама пак бабана што има една кокошка, ама јајце као гускуно, со две жолчки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Срцето му го правеа меко на нивните беслаци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ми преостанува само да го пречукам на машината за пишување и да му го однесам на директорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со моите сопатници не разменував мисли, само на Колета му го дадов пасошот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова божем лично дед Павел му го кажал на Анатолиј, и тоа пред неа, пред Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам чиј е гласот но тоа се зборови за празнината што зинала помеѓу моето вчера и она далечно утре заминато (не знам зошто) во некој друг дел од далечината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Часовничарот кој му ја знаеше убавината, староста и вредноста, му даде на татко му колку што му побара и не го нави, ами го обеси на ѕидот да му го краси дуќанот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Требаше да го стасам и бездруго да му го покажам истетовираното срце на мојата рака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тој почна да му го расправа на Милета оној настан од есеноска, со затворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вие ја знаете Агафија Федосејевна? онаа истата, што му го касна увото на претседателот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И ова фрчиче: наместо со него да ги чистам мустаќиве, треба него да го чистам од мустаќиве. (Му го фрла на Спиро.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Новините кои ги содржи новиот закон, vis-à-vis стариот, се следниве: 19 1) воведување драстични промени кај стварната и месната надлежност за постапувањето по барањето за извршување [по- рано беше „предлог за извршување“] кај т.н. Reintegratio: имено, по однос на извршна исправа, според која работодавачот е должен да го врати работникот на работа или, пак, одново да му ги довери работите односно работните задачи што тој ги вршел порано – на- место државен правосуден орган, односно судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното лице (чл. 223, ЗИП-ка/97), од 2005- та надлежен е извршител како лице со јавни овластувања – и тоа само еден од повеќето извршители кои се именувани за подрачјето на конкретниот основен суд, чијшто извршни исправи, всушност, тој и присилно ги извршува. 2) нов момент при начинот на спроведување на извршувањето: доколку неуспешно е изминат парициониот рок, којшто судот му го дал на работодавачот за да го реинтегрира работникот во процесот на редовна работа, тогаш „враќањето“ на работа се спроведува по пат на изрекување парична казна – и тоа по принципот на идно т.н. пропорционално зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И Јон ќе ме погледа, погледа, па ќе го земе кандилото и ќе појде кај Доксима Тренчески да му тури газија, да му го намести фитилот. ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Решил фонтот да му го подари на брата си за Божиќ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му го знам јас и татко му што чешит беше, - се присеќава сега одеднаш дедо Иван за некои гревови на татка му од Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Е, многу си бесна, мори Бесно, треба на бесен пес срцето да му го изедеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа проверував со третиот, најмалиот, „Olimpikus“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со идењето на Ѓупците идеше и некое построение во селото: се случуваше ајван да пукне, копиле да се роди, брат на брата секира да крене, куче да збесни, жена да му го пресече плодникот на мажот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Баба му го погали по лицето и му рече: - Убав сон си сонувало, внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Господ ја замеси глината И Големата Мајка ја обликува Да му го чува родот и виделината, Да го води низ мракот, низ темнината.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Пере дури и првиот петрафил му го купи на поп Петка кога си дојде нов поп од Битола и му даде цела лира пари да се позакрпи — за нов поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На тоа дедо ми му одговори вака: - Едно рулче магарето на Петрета не го претоварува, а ако претка таму, Петре ќе знае да му го сврти умот да му оди таму каде што треба да му оди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш сфати дека секој човек мора сам да го најде патот кон своето спасение и оти тој, Павле, патот може само да му го покаже, а не и да го влече по него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие се изначудија што случајот на кој тие толку време помислуваа да му го фатат крајот, беше нејзино или воопшто нечие дело.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа му го занесе срцето, му го маѓепса умот, му стана центар и значење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и `рскавичав реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заквичи радосно, го зеде в уста и му го донесе на Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа, а се внесоа и некои технички подобрувања – коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Погледот не можев да му го доловам: - Еден ден, и не ми е јасно зошто, меѓу неговото отежнато дишење и благиот шум на машините, ја зграпчив чашата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А предлогов ми истрча од устава! Што би се рекло: мигновено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И додека ја вдишувавме и ја голтавме сладината, таа од џебот ја извади сојката со сиџим врзана за појас, ја пресече тиквата на фаши, парче отсечуваше и парчето секому му го подаваше со рака.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Целиот разговор му го раскажав на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И овој пат мајка му го остава да се излежува. Ване си мисли дека таа му верува!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Побратимот сè уште не го беше започнал главното што сакаше да му го каже на Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тале го изнесе Дорча. Од едната страна на самарот му го обесија празното тенеќе од млекото, а од другата торбичето, во кое беше шишето со бензин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој извлекува со два прста еден грош и му го клава во раката на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во собата за прием во која веќе беше запален каминот, на кожната софа седеше стрико Ѓорги и пееше додека син му го придружуваше на гитара.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За да го заколиш крмакот, треба да имаш луѓе да ти го задржат додека да му го брцнеш ножот в грло, да му го раскопуваш душникот додека не папса.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во фиоката од работната маса му го најдоа тефтерот Veritas во кој Мил запишуваше разни работи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бошко раскажувајќи, мачорот предејќи. Кога дојде мајка му го најде заспан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му го познавав добро табиетот, и знаев дека нема да се откаже; во еден миг, веќе зажалив што повторно се сретнав со него, и реков: „Добро. Но само четврт час“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се наведна над легнатиот и му го поклопи челото со тешката дланка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако по некој период му го простив тоа и се чинеше дека за кратко време сѐ ќе си дојде на свое место, се случи уште едно негово извинување, дека не може да дојде на закажаниот состанок, во нашето, до вчера, омилено бифе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Грета: Повели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пустата Рада не сакаше дури ни во мислата да му го спомене името.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ако беше Турчинот со вас та да пуштеше една сурија Арапи, семето ќе му го сотреше на Германецот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ани Спринкл ја преиспитува оваа воајеристичка парадигма, како и парадигмата приватно-јавно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нареди трговецот да му го приведат под стража, сепак, поради царскиот милостив закон кој на Евреите им дозволуваше да се вработат дури и во дворската администација, реши да го дочека со насмевка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ерген и мома се лажат само преку „кодош": тој зема од едниот еден предмет, му го дава на другиот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еразмо за миг заборави и на трепетот кој му го предизвикуваше самата помисла на Ирена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден каплар фаќа бугарски поп-војник и му го намавнува ножот под гушата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа место му го определи учителот, зашто Коле е највисок меѓу нас: со јадри рамења и долги раце што при одење му се мавтаат отстрана како поткршени ветки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можеш сите да ги паметиш. Токму ќе му го научиш името и ќе го однесат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А кој ѓавол ќе ја знае, шушкаво се издиши старецот и не дочека да го чуе она што бев должен да му го кажам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговата мисија завршила и затоа мозокот му го извадиле и му го вградиле на друг човек.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А и гласот на Непознатиот што го слушав како доаѓа низ вратата додека стоев во собата на Грофот беше истиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Избега од тоа, загледувајќи се, онака зачекорен, во полното црвеникаво утро, што стоеше над Белата Долина во сета своја надојденост, чиниш потплуснувајќи од некакво свето здравје и заслепувајќи му го погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Еве ти ги! “ ги фрли трите амблеми пред Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во еден момент ми се пристори дека му го слушнав придушеното смеење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
БАРБОШИН: Ама, вие тоа кажете му го на судскиот иследник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не се спротивставил. Немал можност тоа да го стори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се потсети на она што имаше чуено за кафезот на фараонот, кого кога го закопувале во гробницата, заедно со сите предмети што ги сакал кога бил жив, му го ставиле и кафезот со птици да му пее и во задгробниот живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дописникот му го одзеде речникот, да го прекине мачењето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но откако ја излечи, таа пак не го оставаше да ја соголи, пред да му го издраска лицето со ноктите и пред да списка како да ја коле некој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вратата од таа црна дрвена барака, целата во саѓи и пајажини, со низи од сушени црвени пиперки, кромид и лук, му го покажа патот на гимназијалецот за во литературата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ајде, поздрави го дедо ти и кажи му дека му го давам најдоброто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кучето пред вратата на кое Калчо пред малку кришум му го разлабави сиџирот, одненадеж разлутено како риз, напна и се фрли врз Бузо, в гради.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Молчи, се исправил Арсо Арнаутче; треварите го преврзале и виделе дека јатаганот не му го ископал окото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како некоја полза да имам од него, па уште и стравот да му го берам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По кратко време му го прошепоти името, одвај го прошепоти, но се исплаши од силината на шепотот во темнината и од тишината во собата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од сиот имот што татко му го испродаде кога падна болен, кога немаше од што да живее, ја задржа само оваа мала бавчичка на брегот за да му остави нешто на Грдан кога ќе се врати, да има Грдан спомен од татка си...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да не дозволи ситните провокатори да му го одвлечат вниманието од патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За уметниците чија работа е нивната сопствена митологија, дилемата е во предметите, објекти коишто можат да се собираат, во императивот да се прават нешта за да се заслужи името уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Почна да се плаши дека или не ќе може да издржи или ова тропање ќе му го одземе задоволството на раскажувањето токму во моментот кога ќе дојде до поентата на анегдотата, до неочекуваната тепачка што требаше да предизвика смеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Рада како кардиолог му го мереше пулсот и неговата реакција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подавајќи ги рацете во празно, посакуваше сила за миг да ја допре надежта за таа да му го покаже патот за излезот од лавиринтот на тагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Преку замрешканите очи таа му го праќа својот повик.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Според имашливоста на секој новодојден му го одредува местото во каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најсетне татко му го најде.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Таа беше изворот и центарот на едно огромно блаженство, кое му ги воздигаше и облагородуваше емоциите и му го пречистуваше битието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи и Тодор беше како сите старавинци — сиромав и тој многу пати одеше кај Сивета главно: или за некоја пара, или да му го одработува интересот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти беше тој којшто му го трасираше, на некој начин, патот и неговата иднина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На пат за мастпазар ќе наврати првин кај бацка си Петруша да му рече „доброутро" и да му го честита денот, па после ќе оди да го продава сирењето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ти, како ти е, името, бре, што по цели денови клинкаш де ваму, де таму, место да седиш во бараката како што седат сите падавичари, и ти како овој, муабетиш со војникот и кој знае дали не му го матиш умот! А?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Митре, Митрејце, господ да му го исправи патот на Анѓелета.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
17. Тоа пресуди логотетот да пресече: утредента сам го донесе страшниот клуч во одајата на Филозофот и му го предаде на рака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А на татко ти му го реков тогаш и ова: „Семјоне, Семјоне, човек има еден живот, и не смее да го испогани.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Поверува подоцна кога го однесе на гробиштата и кога му го покажа гробот покривајќи ги очите со планките за да не гледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој како да доби крила: никакви пајачини од минатото не му го замаглуваа повеќе хоризонтот. Слободно чекореше. Победа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Попусто се грижеше да му го сврти вниманието на себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но повремено и сега како да ѝ се јавува некое сожалување кон него што изцело го запостави и отфрли, па понекогаш почнува да му глуми дека таа пак му е приврзана како порано, дека со ова познанство и блискост со Богдана ништо не се изменило меѓу нив и продолжуваше да му упатува благи зборови, да му готви јадење, да му го мести креветот и сменува постелнината, да му ги пегла кошулите и алиштата, да го поведе понекогаш за рака низ просториите или полигонот за да слуша како се дресираат кучињата, да му вари почесто кафе како што му вареше, да му кажува како одат приходите во Пансионот, да му купува нови плочи со текстови за слепи на кој тој со прстите се учеше да чита - но тој кога ќе ја почувствуваше во својата близина, замавнуваше со бастунот да ја удри и бесот го смируваше со алкохол; се тетеравеше низ просториите на Пансионот викајќи по неа со најпогрдни зборови.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му дадов знак да молчи за да не му го одземе вниманието на возачот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас знам, бидејќи Симон ми пишуваше за тоа, дека не само што нема вистина во она што му го смислиле селаните, не само што не станувало збор за некаква продажба и проценти, туку обратно, човекот и самиот сакал да даде за Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпрвин само офкаше кутриот Сергеј а малку потоа богами можеа да му го слушнат гласот и оние Козаци што беа слезени два метри под земја; оние кои не сакаа да го издадат Императорот и да им се придружат на црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш сите од маалото со часови зјапавме, напикани токму во подрумот на Мики, во и меѓу нозете на девојките и жените што стоеја пред продавницата „Громби“ над нас, врз подрумските решетки, а кога понекогаш ќе задуваше ветерот на кој му го заборавив името, тоа го доживувавме (молкум) како премиера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
РАЈНА: Повели, стрико Кољо. (Ги става пиперките пред него и му го подава пагурчето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да му го врати кучето? Ајде, момче, жити бога!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако е мислењето приватна сопственост, што има вредност само за сопственикот, и него би го оштетиле само лично со тоа што би го лишиле од задоволството што му го нуди, би било важно дали со тоа сме сториле вина само на грст луѓе или на многумина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни пара! Ни пет пари!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постоја крај него слушајќи му го со возбуда чукањето како да си го слуша своето срце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На момчето низ брадата му тече крв од устата, полуотворена и уморена од смртта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште првиот ден кога го сретна, пред да му го види лицето, таа ја виде оваа рака како ја држи мистријата; ова беше раката што таа ја разлути и ја доведе до нечувствителност и тромавост, кога таа посака оваа рака да биде полна со љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А дека некој таму, од едната или другата страна, откако обеси пушка на трн и најде топла постела под покрив, каде што не го удира виулица и не го бие дожд и отстрана се топори и сее зло, треба и нему да му го најдеме местото меѓу нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му се кладе учителот: сè што знаеше и умееше употреби само да го зазборува, да му го чуе гласот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Судијата, од разбирливи причини, при овој свој повик можел да го прескокне описот на Мирко Бунде како познат и осведочен стрвло кога е во прашање женската убавина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и детето сте му го зеле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таквото присуство не е штетно ниту за стражарите а не го оптоварува ниту приведениот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На радиото одеше „Expressway to Your Heart”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По стрмнината кај градината уште се тркалаат тајни и јаболкарот до една ги споделува со животната сопатничка која со добра мисла му го варди грбот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ги исповратив јуфките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Жван му го дале, во поштата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И Стале, кој уште на триесет и пет години стана дедо Стале поради својата коса, брада и црна антерија не пропушташе ниедна несреќа во селата да не ја протолкува како казна од свети Илија што не му го прават селаните меќанот -манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш кај топлото виме на овцата-мајка Бојан го виде малото јагне, ојагнето додека тој се задржуваше во колибата и му го подготвуваше лебот на кучето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Севда погледна онака каде што по ширното пасиште воловите беа скротнати да пасат и го чу милозвучниот глас од ѕвончето на нивната крава Белка, му го чу дури и ехото како се губи некаде по ридот нагоре.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му пишав на Никифор, а тој веднаш ми врати писмо да му го смениме името.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како нечија рака ненадејно да му го стегнала грлото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Море, ајде магла оттука, препушти му го местото некому кому тоа му доликува!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И, во еден момент, кога Иван Степанович оценил оти тоа е најпогодно, му го вденал зрното во тилот, и ја завршил приказната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така стутулен, со здебелен нос и сцрвенети очи, тој изгледаше поинаку: сето негово суштество, пресвиткано и солзливо, молеше понизно за помош, сеедно што неговите зборови се трудеа да му го задржат поранешниот углед.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Целото ваше внимание и грижа вие како родители му го дадовте на синот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа никогаш не му го кажуваше на татко си.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мене, секако, ништо не ми беше јасно, па љубезно го замолив да ми каже што подразбира под тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден ден неможејќи да го слуша плачењето на татка си, зеде ракија кришум од мајка си, ја потпре дрвената скала на ѕидот од куќата однадвор и се искачи до прозорецот и му го протна шишето низ решетките што ги ставија на прозорецот за да не може да излезе од собата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Болката од нападот на кашлицата не го избриша сосем од умот на Винстон впечатокот што му го остави сонот, а ритмичките движења од вежбањето донекаде и го обновија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Згрозен од тоа, јас наместо да му го подметнам газот на лизуркото, го ритнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Оди легни си, - му рече старецот на кучето, откако му го одврза јаженцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овој величествен пречек што му го приредија неговите брезничани го натера да си заблагодари самиот на себе што реши да се врати во стари крај каде што со отворена рака ќе си ја троши својата американска пензија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Во моето сеќавање оној што замина засекогаш ќе остане Ведран, а оној, кој белки набрзо ќе наиде ќе го наречам по твоето име, Иван, а на тоа твое Иван ќе му го придодадам и моето, Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Којзнае колку брат ми ќе ми се развикаше и ќе ми се налутеше да му го раскажев нашиот мавровски разговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето биеше во нив, потта му го скокоткаше лицето. И му дојде мисла...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И како што мораше да продолжи да чекори за телото да му остане будно во ноќниот студ така мораше да продолжи и да мисли, за свеста да му остане доволно силна за и понатаму да му го придвижува чекорот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без да се дозбориме најнапред застанавме тука, за да ги разгледаме автата и да им се восхитуваме на досега невидените.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас молчев едно време и ми доаѓаше да ја избркам од мојот кревет, ама ја победив некако лутината што ме обзеде и продолжив: - Откако дедо се напи малку од шишенцето, му го врати на џуџето и...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прилогот завршуваше со Тодор, шефот на секретаријатот кој апелираше на разбраноста на Александар и ете тој како татко кој му го мисли најдоброто на својот син, го повикува Александар да се предаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Идентификација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа повторно и повторно му го потврдуваше мислењето дека добро направил што се решил да биде човек-куче и дека ова куче сепак е најдоброто што може човек да го има.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му верував кога ќе речеше дека мрази да војува; дека никој не е во состојба да го испрати на некое боиште па дури и да му го ветат притоа патот кон Рајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но ништо не се случува всушност бидејќи кога човек мирува тогаш и знае дека чувствата се само мисли, а јаките чувства се само безброј пати повторувани мисли.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набргу предметот што му го привлече вниманието се најде во неговата рака. Го протри со прстите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ова, во врска со мојот син и неговите херојства му го реков и на еден од милиционерите кога дојдоа да се распрашуваат за момчето што ми го доведе Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Жена му го криеше пијалокот, но тој одеше по пријатели или во продавницата во селото и пиеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа му го затвораше радиото и не сакаше ништо да слуша за војната.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко ми мина покрај соседот Лешо кој то гледаше наорлено, и кроце, си го крена кошарето со пчелите, му направија луѓето пат да мине, влезе во нашиот двор и со дување чад го префрли улиштето во нашето кошаре, а потоа кошарето од соседот му го врати назад.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еве, ова му го реков", вели дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беа други времиња кога работев на изградбата на Ајфеловата кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве, дај му го ова парче леб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дека приматот за вечна фалба, ете, некоја му го одзела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Помислата дека тоа сигурно е Рози, која му го подготвува појадокот, му зададе болка; наскоро таа може да се качи горе за да му каже дека појадокот му е подготвен, а можеби и ќе му го донесе на послужавник горе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка му ќе стане ќе се доближи до креденецот, ќе отсече поголемо парче леб, ќе го намачка со слатко или мармалад и ќе му го даде.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Му реков, веројатно за да го утешам: „Аксја е сега тука. Имаш една грижа помалку“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот. Снегулките што му го покриваа не се топеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сето ова му го изнакажав набрзина, без да заправ, зашто знаев дека ќе ме распрашува, како и секој пат кога ќе ме види.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите ѝ излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на главата има плетена волнена капа која му го поклопува челото до самите веѓи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Според него, а тоа му го дозволува метафизиката, мислењето не е ништо друго освен една функција на мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби и самиот не го знаеше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шишман, самиот нерешителен, го зеде камчето што му го одбра братучедот Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да знаев, место тебе - на ѓаволот ќе му го посветев синот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не сакаше да му го загорчува живо­тот со спомените, во времето кога се доближувавме кон можната среќа во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едо му го подаде својот пасош.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во Панама лешинарите му го исклукаа едното око кога испи пола литро парегорик и лежеше неосвестен во градскиот парк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оти, рече Хаџи Ташку чкрапајќи му со око на Богатина да не му го дава облогот, зарем умрел стрико Ангеле Јанчески?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште од првиот ден кога дојде, Столпник започна да шета низ селото и да го слика сето она што му го привлекуваше окото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Всушност името Битола беше она што му го призадржа вниманието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затоа во нејзината критика на Арент, 115 Seyla Benhabib, “Models of Public Space: Hannah Arendt, the Liberal Tradition, and Jürgen Habermas” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 75. 98 Сејла Бенхабиб на овој анти-демократски, елитистички и конкурентен модел на „агонистички“ јавен простор му го спротивставува моделот на „асоцијативен“ простор од Арентовата претходна студија за тоталитарната идеологија, „Потеклото на тоталитаризмот“ (1951).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Отказот работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот, по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Поцрнат од бој и за срамотилаци вопнат. Му дале рицинус да пие.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И тоа не еднаш - му велам на иследникот. (Господи, да му го видовте лицето!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, признај, ти немаш белешка дека си му го предал на твојот шеф она што било во теглата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Кого го нема, без него се може! – одговараат во ист глас дедото и помладото внуче. (внучето продолжува да му го влече јазикот).
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
По некој век и Исус го довикал Мухамеда соопштувајќи му го истото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На оваа колено му го додаваат коленото означено со А3, тоа се децата што ги собраа комунистите и ги одведоа по државите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тешко ми е да му го видам сега лицето на Дејан, излегува во дворчето со тилот свртен накај мене и само претпоставувам како изгледа неговиот совршен нос, во кој момент ќе се појави некој да го изгушка, а Дејан се врти накај мене, ме гледа со нов огромен завој сред лицето и ми светка со белите заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ништо не е тоа, мор ќорко, санким ти ќе му го вариш месото, та не ќе се вари.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тоа не му било простено од властите; во една студентска бркотница во 1939-та, се чу во Потковицата, џандари му го истерале окото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како би му било на Љупчо некој така да му го огрди СТОЈАДИНОТ!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Миру е мојата најдобра пријателка – како да не го чу Игбал прашањето што му го поставив и како да знаеше што, всушност, мене ме мачи. – Само една година е постара од тебе, но поситна е и можеби ти се причини дека е помала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само се смешкав и се обидував да го голтам што побргу месото за да не му го чувствувам вкусот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кутрата, дури ни името не му го знаела на оној со кого легнала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тоа што не одбил, сигурно многу го мачело, зашто му го нагризувало моралното чувство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Според оваа перспектива, животите на луѓето се обликувани од значењето кое тие му го припишуваат на сопственото искуство, од нивната позиција во социјалната структура, од јазичните и културните практики на индивидуата и на нејзините релации со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но требаше да се најдам на дното на мракот за да му го видам најпосле и лицето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не ви личам секако на Сирано кој, кога немал ништо веќе во ќесето, со божествена духовитост го одбивал она што му го давале.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ќе се искачев по скалите до “мојот” седми спрат (користењето на лифтот разбирливо не доаѓаше предвид), тука лаконски, со рацете в џеб ќе се проврткав пред “туѓите” врати небаре не знаев кој е станот кајшто треба да влезам и најпосле, откако стопостотно ќе се уверев дека било како изненадување е исклучено, секавично ќе ја отклучев вратата одземајќи му го притоа правото на клучот да шклоцне и бесшумно ќе ја затворев зад себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ЕЛ КОНДОР ПАСА: НАДЛЕТУВАЊЕ СО ВЕТРОТ Никој не го допрел снегот на Андите а пред тоа да не се праша – налет на ветар или павтеж на кондор му го гали лицето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Среќко: Дали навистина му го одгриза на Гризли Адамс?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сепак, новиот закон, покрај тоа што го задржува правото на работникот да одбие извршување на работа, ако биде изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, го содржи и правото така да постапи и во случај претходно да не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (чл. 45, ЗЗР и чл. 39, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
— Ми рекоа, брат Толе, ако не можиш да вирееш по селата тие би те испратиле во Бугарија, да се зас'ниш и да се одмориш, — му ја пренесе Гуле поканата да го напушти Толе Мариово и да оди во Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога по погребот на братучед му Висар, го спроведоа во касарната, му го отпишаа животот и го префрлија на специјална задача: да вади неексплодирани мини и гранати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Одох ја у материну, вели Витомир и ја стега црвената пара со дланката. - Кај одиш, Витомире, викам, со кого ме оставаш Витомире, викам и му го бришам лицето од земјата. 209
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
При секое отворање на вратата од собата и погледнување во небесното синило, во него се јавува истото она чувство што се јави во дедо му Аврам кога го извадија од гроб, кога му го кренаа капакот од ковчегот, и кога тој, здогледувајќи го небесното синило над себе, му идеше да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како што му го имав ставено ножот под грло, за едеп секунд главата ќе му ја пресечев и ќе му ја однесев на татка ми на гроб.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Задачата беше сложена – свирката од еден краток и еден долг тон молеше за неколку поврзани дејства: змиулчето требаше да го најде лулето, да го земе меѓу запчињата и да му го донесе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мајка му го искара: - Што стоиш надвор?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секој од блиските држи по една запалена свеќа, искрена молитва што на мртовецот ќе му го осветли патот до бога.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и 'рскавичен реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Толе го виде и се успокои. „Тој е“, — рече и му го покажа на Андона.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А банкнотите си ги носам секогаш во ташна и му го берам стравот на некој што во автобус ќе посака да ми го украде, онака празен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јадеше со задоволство, чувствувајќи истовремено како јадењето му го враќа и убавото расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Цене Папчев му го подал ножот на првиот. - Ајде, стрико Симоне. Дери. Волево е заклано, не ќе му ја вратиме душата. Дери!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можев да му го видам лицето но разбрав по брзото суво искашлување дека е лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со најизбрани зборови му го пофаливме објектот и тргнавме кон центарот на Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се насмевна, а мислите веднаш му го донесоа пред очи драгиот лик на дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со копачи ги испокинавме жиците што се протегаа од ѕидот зад неа и ја поеја со струја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако ништо друго, си мислеше, ќе има доволно време да го запознае овој симпатичен маж и да му го одмери умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој првороден син бил убиван – му го сечеле главчето на новороденчето, го давеле во вода или го гореле во оган, го фрлале на кучиња или свињи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На неговото прашање „Каде сум?“, мислата му го пронајде познатиот рефрен...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако на "одмерениот", додуша исто така стилизиран но сепак не-"расцутен", не- "преплеткан" му го спротивставиме рас-цутениот и за-плеткан говор тогаш книжевниот маниризам (како форма на изразување на проблематичниот човек) е стар колку и самата книжевност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еден каиш не е во состојба да му го пресече патот на воздухот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На дедо Васја му го одврзаа крпчето на нозете, нозете не го болеа повеќе - тој ги рашири рацете и плашејќи се да падне, се смести на крмата, внимателно седна и го загледа лицето на веслачот, во закопчаната до грло облека и со качкет на главата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја повикува на танго, а таа сериозно му го подава своето мало, голо, деформирано стопало.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таков е обичајот да може и дете да биде нунко, па макар често пати да е нужно две жени од едната и другата страна да му го придржуваат кумчето дури попот пее над него молитви, зашто инаку сигурно би му паднало од раце на плочите од црковната паперта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој навалува да го совлада несфатливиот отпор што му го пружа нејзиното лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зошто да кријам, ми се причини како мој Иван да ми се врати по многу години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едно од нив е Марулко, му го познавам гласот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
— Крчо го стисна здраво јајцето и му го поднесе под носот на Ристета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не валкај му го името на мртвиот брат, му се фрлив тогаш јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веќе со месеци му става на детето некакви гнасни облоги со коишто му го раздразнува видот и предизвикува милосрдие кај минувачите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот, мајка му открши три четвртини од чоколадата и му го даде на Винстон, а едната четвртина на сестра му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Стомачето ликуваше како, божем, јас сега се воздигнав од неговите зборови, па сега веќе почна да размислува, се чинеше, следејќи му го изразот на лицето како пожестоко да ме спушти.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некои веднаш му го будат сеќавањето, а некои пополека му се бистрат како да излегуваат од длабоки води.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
РИСТАЌИ:: (му го пресекува зборот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Акакиј Акакиевич, откако го закачи сам својот шинел, влезе во собата и истовремено ги виде пред себе свеќите, чиновниците, лулињата, масичките за карти, и беглиот разговор што се креваше од сите страни, и шумот на столовите што се поместуваа, матно му го поразија слухот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зошто не му го раскрвавив носот? Од што се плашев?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На Крмакот тоа никогаш не му го признав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа беше толку бесна, што тој не се осмелуваше да ѝ каже како дојде до тоа, поштарот писмото да му го даде в раце токму нему.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така и сега постапи; коа се согласи син ѝ Ѓоре да ја отера бомбата во Прилеп, го симна чифтето од рамена, му го предаде на Крстета Јанчески и му рече А ти во замена ќе ми ја дадеш пушката твоја, за ако се најде некој будала да ми се плетка во работата по пат, да го стокмам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Милан отсекогаш се гордееше со тој мост што дедо му го изградил кога бил млад, а бил заштитен од духот на неговата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас замислувам како никогаш не би го удрила Дејан по носот, и кога случајно тој сам би се удрил, како со денови би го бакнувала околу завојот и би му ги гледала потечените очи, би му кажувала колку се убави и би му ги влажнела усните за да не му се сушат, но се разбира ова не сум му го кажала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не, тој е вистинската причина и вистинската последица, и тоа никој не може да му го одземе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Mope, какватаква, нета му го топли грпчето, лели нашол, алав да му е мајчиното млекце! — се јави раскикотена Неда Сивевока и пак нададоа „ахаха — хихи."
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сѐ е в ред со Огнена – му го слушам гласот - а сега и коњот да го ослободиме од незгодата - додава и се оддалечува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На многу им станаа коска в грло... да ги снема... - се одгласи некој, ама никој не му го виде лицето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Или ќе си го остави торбето со лебот на некое дрво, а тие ќе му го скријат и тој цел ден гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Маја Мегла ~ СУРФИРАЊЕ МЕЃУ ЖАНРОВИ „Политиката е куца курва, која никому веќе не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вратоврската му беше темноцрвена, а косата, темна, густа и залижана, му го откриваше мазно избриченото лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога верникот другарува со тебе, неговата присутност не ти тежи, посакуваш илјадници пердуви да понесеш со себе, без да се замориш – додека зборуваше, старецот зеде еден пердув, му го стави на главата на Еразмо. – Дали сеќаваш тежина?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога наполни осумнаесет години, мајка му го ожени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Својот страв му го пренесуваше и на дедо, ама тој велеше дека ќе му мине ќефот по книгите на синот, штом ќе се ожени, дека ќе го навасаат тогаш други грижи и ќе запре со читањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тие, итроманите, распрашувани од Преспани за тоа каде им е стоката, им велеа гајле да не берат зашто сега е во сигурни раце и ќе им се врати кога на Грамос нашите ќе му го скршат вратот на непријателот и сите ние ќе се вратиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѕвонењето на шината за вечера, што стана толку делнично, за него е како ѕвонење на камбана што повикува на вечерна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој ја поставува каде што ќе му рече снимателот и му го предлага основниот кадар, го фокусира објективот и внимава на композицијата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му подарив нешто, за мене многу скапоцено. Му го подарив мојот свет. Свет кој беше недопрен. Затоа што многу го сакам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Исушената, изнемоштена рака му го нуди каменот, и пламенитата порака врежана во него, пораката на луѓето од златната раса, боговите во човечки лик што уживале во светот на белите еднорози, која е осудена да минува низ алчноста, лекомисленоста на калливите потомци, на кои им припаѓаат и синот Азаев, и патрициот Константин, и бедниот Сириец, и тој самиот, и младиот придружник што маѓепсано го голта каменот со засолзени, од возбуда, поглед – заточеници на сопствената нискост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но другарот Чауле му рече дека му го одзема зборот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе се понизи, ќе се прикаже како сосема безвреден, а потоа душка наоколу: Кој му го стори тоа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаше уште долго време до ручекот, дотогаш можев да направам и други експерименти за на крајот сè да му покажам на Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чекај тогаш, да цицнеме уште малку од пагурчево. (Пие и му го подава на Митрета, а потоа зема од мезето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Каде потскришум, каде јавно, почна да му праќа преку Тода на Крлето секој ден, секој други ден, нешто за јадење; му прати чорапи, гаќи, фанела; за Водици цел такам од конец и ѝ потфрли на баба Бисера да му го каже ова на попчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По читањето на овие белешки Едо брезничанецот порасна во очите на авторот и му го наметна парадоксалното прашање: Зарем човекот не е толку понесреќен колку што повеќе се соочува со прашањето за смислата и тајната на животот?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ уште пред спиење му се мотаа ликовите на забревтаните циркузанти што му го стуткаа телото и оној лик на преплашениот циркуски директор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
– „Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го, му рекла Неда, оти е гревота, зер и тој, завали, е некој вдовец ја вдовица како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го нема.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Грета станува, од масата го зема шишето шампањско и му го расипува врз глава претходно симнувајќи му ја периката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И ајде, ајде, алипна ми е ногата, а патот, ко пат: никаде не му го гледаш крајот, не го познаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, Курто, рашири ја таа твоја голема уста! (Кон Дики) Види само какви усни има, како да го касале пчели!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пробај, кажи му го и тоа!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не е во состојба да се одвитка од повојот кој му го врзал животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Добро, велам, и истиот ден го одбив од дојка. Ивана мој. Му го скинав млекото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае, Германците ќе го вратеа на старата положба, да не се заангажираше самиот тој преку грчките претставници на власта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Крсте се поштукна од умот и онеме, некои тврдеа војниците му го искорнале јазикот, и отиде да биде овчар во манастирот Трескаец, Прилепско, каде што, педесетина години порано, еден друг Акиноски беше игумен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Тој е водачот, Крвник го викаат, а вистинското име никој не му го знае, - шепна дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„А зошто тие не му го дадоа лекот на Еда?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа име му го стави една Лидија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Сте го добиле своето, туку јас би му го одредил тука местото и на вашиот господар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Удира со копачот и му го бара секое коренче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тажниот поглед на мајка му го следеше до првиот свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Му го пренесе буклето до уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште се кострешам кога ќе ми текне за детето, фрлено под воденичниот цивун, кај што удира водата на замаецот за да го исечат перките, да му го иструпат телото, да не се знае кој го носел дотогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Карло ме гледа со прашалници, а јас започнувам да му раскажувам за словенските просветители Кирил и Методиј, за нивните македонски ученици Климент и Наум, за писмото што го создале и му го подариле на целиот словенски свет од Охрид до Санкт Петербург...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој пак, некогаш бил генерал, ама се оженил за Германка и му го симнале чинот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакав да го прашам дедо ми Баџак што се случува, како дошле тука и од каде дошле, ама не можев глас од себе да пуштам, толку бев вчудовиден од тоа што го гледам. од некаде се појави и моето куче Синга што јас и Мите летово го најдовме на улица и пред да одам на летување му го дадов на дедо Баџак да го чува во дворот, зашто онакво малечко, какво што беше, сигурно ќе умреше од глад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во историјата на ослободителните движења во светот ретко ќе се сретнат меѓу успешните водачи на револуциите во нивните личности и успешни градители на државите по ослободувањето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога неговиот питон би го сошиле врз твоето тело тоа би било вистинско чудовиште на доктор Франкенштајн, хахахаха! Дики се смешка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ама тоа што може човек сам да си направи, не може никој друг да му го направи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го барав Калча да му го свртам вратот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зедов едно пенкалце и почнав да пишувам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Милан, гледајќи ја Кети како од собата го брише и проветрува дури и најмалиот здив и мирис на Рози, ѝ рече, „Ти, Кети, не можеш да му го проветриш помнењето за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па сега и будна и насон ги глеам тие о ч и - небаре светлина... и ја молам Богородица Мајчица да му го осветли патот - да ми се врати...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Затоа, кога дојде писмото од Марија, адресирано до него, не му го дадоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Самиот тој најдобро сфати дека вистинската слобода доаѓа тогаш кога човек ќе сознае дека Бог му го открил својот лик и му дал избор – да поверува во Него и во Радосната Вест и така верувајќи да се врати кон духовноста, кон божјата суштина на својата човечка природа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По два дена ќе биде осми август, Света Петка, и тој уште сега се мачеше, тоа го знаев, како ќе го помине тој ден без работа доколку жена му го преколнува да не работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Една вечер, кога Татко беше задлабочен во читање­то на чардакот, Мајка носталгично му го спомена катало­гот од стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, светлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива во стварите кога ќе влезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѓубрето му го лижеше желудникот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дали има ново лице и дали му го препознаваме во политичкиот театар?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Посака сето тоа и уште повеќе од тоа да му го каже некому брзо без ред, доверливо - вистинското значење на зборот шпион се распливнува на туѓина, таму кришум се палче по својата земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и таа, кутрата, скоро вратена од Цариград, со сите изгубени илузии дека бегањето во нова Турција би било спас, виде-невиде, му го даде, на својот син и на него­во­то семејство, благословот за заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Проблемот се решава со тоа што Расел продава некој мебел кој Витгенштајн го оставил во Кембриџ, па така двајцата се состануваат во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако Едо се напинаше, ништо не можеше да чуе, се чувствуваше како да гледа нем филм од кој ќе може да го разбере само она што евентуално ќе му го соопшти подвижната слика што изгледаше толку многу успорена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обиде Митре да му го врзе тој тељот со дупалките околу вратот, ама не можеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И тоа чувство му го милуваше срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свети Никола златен, Богородице мајко, што сега идеш, тргни му го она лошо од главана; дај му дах светен и смири го да не направи будалија. (Станува и се мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како пејсаж кому фото-објективот авто­матски би му го поправил релјефот, уште од сега е невозможно, на некои компјутери, да се направат правописни грешки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се колебаше дали да го исполни ветувањето што му го даде на лекарот дека, кога ќе се реши да замине на тоа патување, ќе му се јави.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден од нив извади од џеб тежок револвер и му го тутна в раце. „Полн е“, му рече. „За секој случај. Патролите ноќе стрелаат.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Христос одговорил: - Оној е на кого Јас ќе му подадам залак - и му го подал на Јуда Искариотски и му рекол: - Што ќе правиш, прави го побргу!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас не сум надчовек за да се справувам со туѓи искушенија, та и моето дете да беше и да ми го тутнеше целиот свој товар јас да му го носам немаше да го сторам тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инаку зошто некој го турнал во едно од тие бурињата со боровинки и му го ставил капакот одозгора и да го најдат дури во Битола или кој знае кога и каде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, во исчекување да му биде предадено одликувањето, несвесно ја поттури главата нанапред, спрема Мурада, а кога и тоа го направи, односно откако Мурад му го обеси одликувањето, ја исправи главата и изговори: Алах да му ја умножи славата и удопствата на Прагот на среќата и лично вам, наш високославен султану.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другото значење беше дека нема што повеќе тој да чека од таа љубов, тоа е сѐ, тоа е крајното, најубавото и единственото што му го дава таа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му го давам јајцето и го молам - аман, заман, - да ми даде малку шеќер. Само едно грутче. Меѓу два прста да фати и да ми даде. - За лек, му велам, за од зарек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да влезеше во тој момент некој намерник во келијата сигурно ќе му го поставеше она судбинско прашање: нели надвор врне дожд?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
"Сепак кажи му на оној што го сметав за татко дека сега вистински верувам оти е семоќен, но дека не жалам заради она што го сторив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој гледаше да даде што може повеќе на манастирот и со тоа да добие милост и за себе и за своите блиски, та дури и арамијата Катар Ќаа му приложи на свети Илија седумдесет лири да го чува од вариите и потерите што го бркаа, со кои пари дедот Стале му го плати зографисувањето на Аврама Дичов од Тресонче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во подземното царство Посејдон коњите ги спрема Острејќи го трозабецот тој тргнува во нова авантура Да го задржи она што синот со пискот му го зема.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Некој што го носи името Петар не си го клал самиот името, туку му го клале други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го стави стапот на крстот, ги префрли преку него рацете, ги стисна тупаниците, и така, исправен и гневен, уплашен и збунет, исполнет со еден единствен копнеж, да му го дознае името на проклетникот, стигна на срецело и се отпушти меѓу поседнатите на камењата пред ковачницата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Советот може, според состојбата на постапката, да одлучи предметот да не му го отстапи на судија поединец, туку тој сам да ја спроведе постапката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали брат му го сожалуваше, дали му беше жал за него?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ние му кажавме на Лазо, а тој продолжи: Ќе ми го поздравите многу, но не му го кажувајте моето име, само ќе му кажете од каде се знаеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога дојде мајка му го најде заспан.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А сета причина за молчењето била во стравот: одкако умрел татко му, мајка му го оставила да живее кај деда му и се премажила.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разбира, едниот од иследниците, оној со повредена лева рака и црн заечки опаш под носот, рече дека прашањето што му го поставил не било поврзано со никакво писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа му го овозможи еден пријател кој, исто така, беше некој бивш „важен“ партиски апаратчик во градот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Животната рутина не беше повеќе неподнослива, немаше повеќе потреба да му го покажува јазикот на телекранот или да извикува пцости на сет глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас страмежливо му го подадов ливчето со напишаната на него адреса.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ладен повев му го гибнува лицето на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа никогаш нема да му го прости.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете, тоа беше причина да помислам дека светлината што го поттикнува смеењето му го мие лицето на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш една пријатна мисла му го згреа малечкото срце.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Салко Вадидуша прв се стрчна кон колата на својот тест. Другите, чешајќи се, го следеа без брзање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако австриските цариници речиси му го испарталија пасошот гледајќи ја визата, обидувајќи се гласно и точно да му го изговорат името, и речиси половина час проверуваа нешто пред со широка насмевка да му го вратат и да му посакаат добар пат, повеќе немаше граници.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Воедначувањето на овие изворни гестови изгледа невозможно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Судијата поединец е врзан за правосилната одлука со која предметот му се отстапува во надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поинаку кажано, предавањето за него претставувало начин на заработување за живот, туку начин да се создаде дело во она особено значење кое тој самиот му го придавал на тој збор: начин да се создаде “бојсовско дело”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас, потомокот на Сет што на силниот Робер Гискар му го претскажа задниот час.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
После едно труење што му го загрозило животот почнува да слика религиозни слики. 1911 го запознава Џемс Енсор чиишто слики на маски вршат врз него, љубител на демони и тролови, трајно влијание.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден млад работник, упорен човек кој мечтаеше за универзитет, му го труеше животот на библиотекарот, барајќи од него совет што треба да чита.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Мене не ми требаат. Јас сакам МОСКВИЧ.“ Му го фрли и шрафцигерот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се лути: ако некој му го одбие подарокот.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тој и не е свесен дека после ќе бара уште и уште и уште.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па, да почнам: Кога ќе му го анализираш потеклото, испаѓа дека бракот не е ништо друго освен здружување на граѓани заради остварување заеднички интерес.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Раскажи му го“, ѝ велам, „тоа на некој друг, кој е поупатен во тие нешта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш, вртејќи му го грбот на Ефес по трите години минати таму, знаеше дека веќе никогаш нема да се врати.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Оти и така седам без работа, - имаше обичај да рече со израз на човек осуден цел живот да се чувствува должен за доброто што му го сториле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш се проштава таа со својот роднина, за кого ѝ е жал и плаче, и му го фрла дарот на рамо, подарен од зетот, а девојките ја пеат песната: „Мила ми мила — таткова рода".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Претседателот на државата мандатот за состав на Влада му го довери на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во истиот миг еден спортски мотор му го засени погледот со валканата вода што ја исфрли од гумите, откако прелета пред него со брзина од 60км на час.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Второстепениот суд, со решение, ќе ја укине пресуда- та на првостепениот суд и ќе му го врати предметот на тој суд на повторно судење ако смета дека, заради правилно утврдување на фактичката состојба, треба да се одржи нова главна расправа пред првостепениот суд – освен ако одлучил сам да одржи расправа. (чл. 359, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Денес многу си се забрзал, - пријателски му рече весникарот подавајќи му го весникот. Бошко пак забрза по улицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ако жена му го подбуцнела, тој ќе го направел тоа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие му го наместија самарчето, му го врзаа попрагот и, како ништо да не било, слегоа на горското изворче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но токму во тие спокојни денови и мирен живот за Профим, дојде Грдан, кој беше подолго време заскитан по светот, и почна да су го бара парчето имот што татко му го оставил на брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете, јас, сакатиот Нумо, кому и јазикот сакаат да му го откорнат затоа што вака прашуваше, те прашувам тебе, што си постар и што си видел повеќе од мене, ама не си го видел Грамос, не си го видел Вичо, не си ги видел сакатите девојки и момчиња и не си се запрашал како ќе го поведат орото свадбарско...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но сега, новата болка ја засекуваше старата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред овој црнец се ниша русо момче, му го покажува јазикот, пијано намигнува, фантастично ја издолжува белата шија, личи на штрк и очигледно навредува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брат му рекол: Арно велиш, имаме сода, еве оганот гори, за час ќе го суредиме и ќе го продадеме, брашното ќе му го земеме, коњот ќе му го пуштиме сам да си оди дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Томо беше сместен во болничкиот апартман кој му го обезбеди Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стариот крпач на чевли се затвори во своето одјаче та иако не говореше со мајка му на Димка ѝ дозволуваше понекогаш да му го измете гробот и да му ја испере едната кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се насмевна сакајќи да избегне да се поздрави со нив брат му го виде, иако му се чинеше дека очилата над чудните, немирни очи се замаглени од замисленост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На истиот начин обајцата ја оправдуваат бавната и скриена работа, која во очите на непосветените може да изгледа како отсуство на работа, и која на духот му го донесува она што обично треба да биде потврдено со практична вештина и со замор на рацете.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ќе му го тргнам овдека, вели Никифор Абазовски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури подоцна, околу масата во трпезаријата, на која Љубе го имаше, ми се чини, извадено целиот фрижидер, толку беше полна со јадења, сè се разјасни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Високиот се фали дека, ако најде пиштол кај тебе, ќе те прати пред воен суд или во лудница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа се плашеше да ја провери неговата чесност со прашања, плашејќи се да не му го смени расположението, со кое таа не би можела да се справи, но сепак една вечер му рече, „Даниел, што му се случи на твојот адамски апетит? Ти јадеш помалку и од мене.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Глигор му го закачи со рака ќостекот на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЉУБА: Ако сакате задолжително да знаете, тогаш да ви кажам дека трговецот со вино му плати на мојот маж во натура, за портретот што му го наслика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во ова решение второстепениот суд ќе одлучи и кои спроведени дејствија, зафатени со суштествената повреда на одредбите на парничната постапка, се укинуваат (чл. 358, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите беа воодушевени од нејзината сцена во која седи, многу женствено, на каучот и заедно со Џеки на глас го чита филмскиот часопис, додека Гери му го пуши на Џое.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Друг еден старец, бел колку и Богдан Јанков, инаку син на оној Јаков Иконописец на чии икони светецот Никита имаше понекогаш лице на селски муцач и насилник, пропушташе низ прсти килибарни зрна и се кикотеше - еве му го на попот, сега и од друг ќе се раѓаат ангелчиња со кадри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајка ми, беше посебна приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас веднаш претпоставив дека случајно поштарот му го дал в раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не му е лесно - ја пресече Хелвиг. * * * Дента кога во болницата дојде писмо за Марија од Германија, веднаш му го дадоа на лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Градите ми скокаат и му го колваат лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко му на Зоки Поки не е многу дома, но кога е, тој речиси целото време му го посветува нему.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Претстави си сам: ни испратиле младич на кого Ѓорче му го спасил животот и кој на светов го има само него - Ѓорчета. Свинштина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прекрасните песни брат му го прославиле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но ти, Никола, еднаш ми рече дека лавот не сакал од верност да му го прегризе гркланот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А дека секој силник по малку си се замислува Бог, особено тогаш кога му е дадено дури и да замавне, тоа испуштив да му го речам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ИВАН
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој збор се претвори во жиг: внатре во СФ гетото некои аплаудираа, некои пцуеја, некои вложуваа во него, а некои дури сметаа дека тој збор не означува ништо, а имаше и такви кои во исто време аплаудираа, пцуеја, вложуваа во него и му го негираа значењето - типично постмодерен став, некој би рекол.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оваа провокација, и степенот на нејзината искреност, или симулираност, е предизвик којшто дендиите отсекогаш му го поставувале на општеството; на потребата да се раздвојат фактите од фикциите, позата од целта, таа опсесија на конвенционалното мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: (како горе му го пресекува зборот и додава). До вечера!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но Мил му го трга коритото, му ја заклучува вратата, го затвора прозорецот однадвор, и кога Богуле ќе стане, продолжува да врши експерименти во собата: му го дава клучот и му вели да ја отклучи вратата, и Богуле ја отклучува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дојде крајот на учебната година и Богуле го заврши училиштето со многу добар успех, иако учителот, и оваа година, како и во претходните, беше во дилема каков успех да му даде, зашто Богуле во текот на годината покажуваше нееднакво знаење: некогаш лекциите ги раскажуваше извонредно добро (тоа беше во оние денови кога неговото станување ноќе татко му го го користеше да му ги чита лекциите од книгите), а понекогаш уста не отвараше, стоеше како смакнат, замислен, нем, дремлив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Големата рана што му беше зададена од силниот удар на каменот, му го пресекла животот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Прв флерт и прв тежок и неизбежен јунашки грев; неизбежно каење и страв да не му го прочитаат гревот од очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од пред извесно време отец Иларион не му го ставаше веќе штекелот на нозете, го ослободи и од келијата и го пушти слободно да шета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мораше скоро да му го земе тенџерето, кое сега во неговите раце изгледаше несмасно големо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Капки пот му го оросуваа целото розово лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога една година беше во Свети Наум во Охрид, му се случи да клекне пред гробот на светецот, да го навали увото врз надгробната плоча за да му го чуе чукањето на срцето при што се најде лице в лице со милоликото лице на непозната, ама баш жена каква што мажите посакуваат и чие срце чиниш веќе биеше во склад со срцето на Спира Клечев - Заволијата и Испустениот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ФЕЗЛИЕВ: Јас само така... заради тренинг. Му потребува тоа понекогаш на човека. Му го спасува животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Е, па браво, сакав да му речам, алал вера, а си мислев, што ми е бре мене гајле за твоето камче, откачи се!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ова ќе му го пишеш: Татко многу ти е лут зашто не му се јави со едно писмо од место.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тивко плачеше и солзите ѝ се тркалаа по образот и му го влажнеа зглобот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Добро, бре Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол, само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како седи на сонцето во зоолошката градина, на една клупа покрај езерце со мовест водопад во центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога чуварите сакаа да го натераат да влезе во камионот, Ринго не сакаше да го стори тоа, додека не му го донесоа слончето, од кое се цедеше вода.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Марија знаеше, дека ни по цена да го убие Хелвиг, нема да му го даде Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ќе се најдеше под сенката на Сината џамија, мигум погледот му го обземаше летот на птицата која леташе кон врвот на минарето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие што ги беше бранел, без да знае кои беа, и кои ќе бидат по војната, всушност му го спасија животот во времето на комунизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да, тој ги спасу­ваше од војни и несреќи, но тие му го покажуваа патот на спасот во мирните времиња, преполни со неизвесност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вечерта ја мина гол до појас. –Ги гледашe жолтите обетки над себе, грицкајќи го сендвичот што жена му стигна да му го подготви пред пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На Дамчета му стана криво за орелот, но јасно сфаќајќи дека со тоа што му го дале неговото име, Турците постојано помислуваат или посакуваат и него, Дамчета, да го видат таков, убиен, па предизвикувачки возрази: Убаво си го суредил, Арслан бег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стојан му го подава шишето со ракија и се врти кон Турчинот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Е тогаш не се воздржав: „Извинете Иван Степанович, но Семјон одамна ми има речено дека не може да ме остави сама и да војува против своите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По пет дена војводата го издемнува Џема, му фрла пипер во очите и му го пресекува гркланот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пак таа него го возбудуваше со шепотење на увото, нежно, скокотливо, заводливо, кој шепот му се пренесуваше во главата и му го исполнуваше черепот, а потоа силно го возбудуваше, па и неговто тело започнуваше да трепери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тешки облаци и магли му го засенуваа погледот и го враќаа назад кон платното.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да провери дали писмото што му го напиша на Хелвиг, е дојдено до негови раце?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И најнепослушните, и најтврдите карактери, пред мајчините очи смекнуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше дури и потклекната за да му го улови погледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не... кога ја спушти пак раката и ги отвори очите, погледот пак му го засени млада, убава мома, која играше омаен танц на лединката, на неколку чекори од него...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му ја соблече кошулката, му го потсече папочето и му го подврза со конче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во миг му ја притегна уздата вртејќи му го погледот кон сонцето, го потера без удирање со мамузите.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Гледа Богдан да заспие и да се засолне во сонот од мачнината што го притиска, како што тоа дедо му го правеше кога ќе му беше мачно или кога ќе се разболеше, бегајќи му на суровото и тегобно јаве, но на Богдан соновите не му се засолниште, ами измачувалиште: се наоѓа пак некаде во Виена; шета бесцелно по улиците.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кој ќе му го зблажи сега копнежот, нестивнатиот копнеж по онаа мирисна, светла мугра - последната што ја виде и што осети во родниот крај?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Истовремено како да му олесна: притисокот што, еве, толку долго време жена му го вршеше врз него, сега беше пред окопнување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Хаџи Ташку сигурно не седи со скрстени раце по она што му го рече, дека и нему ќе му биде испеана песната...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Статијата била дистрибуирана од познатата американска новинска агенција "Јунајтед прес" со посредство на Луис Адамиќ, кому Јосип Броз Тито, со писмо од 9 март 1944 година (кое цензурата го задржа прилично долго), му го доставил ракописот на својата статија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неколку пати му доаѓа одзади и му го забива курот во газот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Зошто му го дадовте писмото?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кога би ни паднале в рака! Ама амблемчиња.“ Дејко потсети на нашата акција.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа пролет замина во Ќеримидницата на Спиро Михаилов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се сеќаваш, Герасим од Побожјане ни раскажа чудна прикаска.“ Се сеќавав за она што ми го рече Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко би можела тоа да му го објасни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По неколку месеци царот не бидејќи тука, дошле двајца да се судат: на еднио беше му се ождребила кобилата под колата на другио и тој со колата му го земал ждребето ѓоа колата му го родила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Фјодор се враќа: во рацете држи еврејски свеќник, а запалените свеќи му го осветлуваат голото тело.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Содржината се покажа како чудо во кое тој не би поверувал ако некој тоа му го кажуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во книгата се открива еден телефонски разговор меѓу Џорџ Буш и Ариел Шарон од 14 јули 2004 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа го обеси јагнето, го одра и му го даде на Оруш да го испече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И неговите прочитани книги, по најповолниот распоред што можеше да си го претпостави - му го покажуваа правецот кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој постојано посакуваше на Едо да му го даде своето презиме Пашалески, но му стануваше незгодно зашто секогаш при тоа се присетуваше дека Дракче, за кого тој знаеше дека му е вистинскиот татко, беше мачен човек, болен од офтика и кутриот толку мачно загинал па така, за да не ја мати водата кога ѝ треба разбистрување, Едо остана да си биде Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во моментот кога му го фати погледот, таа погледна во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Незабележливо го насликав Баумгартен одеднаш на два начина - како почитуван старец, како што тој тоа го сакаше, а на друго платно, како што тоа го сакав јас, - со виолетова муцка, со бронзено шкембе, во темни, дождовни облаци, но вториов, се разбира, не му го покажав нему, а му го подарив на Куприков.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, и по настапувањето на застареност на правото да бара надомест на штетата [reparatio damni], оштетениот може да бара од одговорното лице, според правилата кои важат во случај на стекнување без основа [condictiones sine causa], да му го отстапи она што го добил со дејствието со кое е причинета штетата (чл. 198, ст.1 од ЗОО). 193 Страницата намерно е оставена празна Б Спорови против приватни субјекти Страницата намерно е оставена празна Јакшиќ против Конкрит Спор за повреда при работа1 Corpus humanum non recipit aestimationem.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сакам да речам дека сфатив оти она што му го реков на твој Раде за дрвцето и за сè она што е поврзано со неговото цветање и со плодовите всушност произлегло од вистината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајчице мила, лесна да ти е земјата, задека уште момичка умно ме учеше: - На домаќинот да му го учиш табиетот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Магвампот оди околу него, му го набива прстот во газот и му ги милува полните органи со иронични движења.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ЕДЕН АРНАУТИН: (вади писмо од појасот и му го дава на Илија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Црниот Пандил Димулев клекнал и со дланка му ги спуштил клепките на покојникот, набабрениот јазик никој не можел да му го врати в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа име децата секој ден со страшна упорност му го дофрлуваат од далеку.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Својот дел му го даде на Пјеро.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Помладото внуче наоѓа клешта и му го влече јазикот на дедо му: - Томе, Томе, сега малиот Џери ќе ти покаже што знае!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Му го поземам зборот на Никифор Абазовски, му ја продолжувам пофалбата и заплескувам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што се однесува до она другоно, евентуалните престапи и другите противправни дејствија, извршени во таа потрага, тоа се работи што треба да ги осветли законот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа место уште во почетокот на годината му го определи учителот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А потоа смигна и не можеше да се види дали очите и понатаму му го задржаа тој спокој, таа рамнодушност, или завладеа во нив ужас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа, ако таа започнела нешто, тој ќе го довршел.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко го беше замолил Игора да му го означи и неговиот пат по јагулите, кој почнуваше од Балтичкото Море, се ширеше низ руските реки, стигнуваше до Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се врати Орде, тој му го подаде: „Еве ти дојде писмо од љубовницата, прочитај го и ти.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Другар Мајка! – инсистираше Господ Саздов и кај командантот кој во моментот седнуваше на гајбата со пиво за да ја олабавел десната нога.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што мисли. Никако не можам да му го погодам молчењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој подоцна ми кажа дека она што му го бев рекол за Инглис, Бог и дедо ми, вредело деведесет и пет проценти од неговото оздравување. 54 Margina #21 [1995] | okno.mk Моите забелешки на татко ми, како што подоцна открив, би можеле да се наречат „интерпретации”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак тој смета дека на Владарот никој не смее да му го оспорува правото да владее.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми беше сѐ помачно да седам така како кретен и да му го го ждерам лебот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ја стега и не ја пушта ни на попатните станици каде што автобусот запира за одмор, а не ја пушти ни кога стигнаа во Скопје, ни кога врвеа по улиците, ни кога дојдоа во интернатот; ја држеше и во канцеларијата на управникот на интернатот каде што татко му го внесе да го пријави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но бичкиџиите, од жал или од грев, само ја забавуваат пилата, му го продолжуваат стравот. На Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чепка во торбата, во чиниче измеша во вода од расипаното брашно и му го подаде на Кузе, велејќи му со глас на бајачка: - Изеди го ова и фрли го појасот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури се обидов и да го подисплашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Објаснувањава веројатно беа упатени кон иследникот бидејќи овој се насмеа и рече: "Разбирам разбирам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- ми рече и му го покажа мозолчето на обравчето кое беше излезено како цветче.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не можам да му го заборавам на Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги утешам оние што ќе се растажат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога го слушна последниов мој исказ ми се причини дека човекот почна да трча.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дисквалификувај го сведокот додека заспива при читањето на листата, потоа со сигурност припиши му го она што најпрво ти доаѓа да му го припишеш!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А и тој не барал белешка од својот шеф.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога татко ми му го читаше записот на Евлија Челебија за Калето од XVII век, Чанга необично живна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка му го читаше и препрочитуваше писмото, и ронеше солзи: колку што се радуваше што е здрав и жив, толку тага и јад ја обземаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Спиењето не му го релаксира лицето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Носел и златен ѓердан, но децата не го видоа кое од страв, а кое и затоа што му го покриваше брадата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бликна врела црвена крв и му го попрска елекот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На мојот драг пријател ова не можев да му го соопштам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А што се однесува до онаа негова розова прошетка низ здивот на Росана, (ова не му го спомнав на Вртанов), тој очигледно воопшто не ја познава вродената итрина на оваа девојка, а да не зборуваме за способностите со кои таа располага кога ќе го наѕирне во своја корист и најмалото бранче од нашата шумоглавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ние, јас и Костадин Дамчески, вели погледнувајќи во Васила кој ги донесе камењата и сега држејќи ги в раце стои над него, планиравме оваа година таму, во Стамбол, да испратиме наши претставители и тие да му го предадат планов и писмото лично на султанот, но прилепските првенци нѐ советуваа да не го правиме тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Краста: Ха, точно 5 месеци и 12 дена!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Камилски не можеше да верува дека бројот на позајмените прилози од турскиот јазик може да биде толку голем, макар што нивниот број во употребата постојано се намалува во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Извади од него едно мало шишенце со виолетова течност, го отвори стакленото капаче, и му го подаде на дедо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По ова мое премрежје во животот, јас до ден денешен се прашувам зошто едни луѓе ни на пиле не можат да му го скинат вратот!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе му го одземам задоволството на крвникот и ќе го избришам потсмевот на оној што ќе рече: измамник и дезертер.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Илија, ослободен од рацете на Антица, го вади ножот од појасот, се тргнува два чекори назад, зема сила и му се нафрлува на Ристаќија, го оборува на подот, му го зема пиштолот од рацете и му го става кожот под грлото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти удира шлаканица, а ти му го вртиш другиот образ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мајка му го држи цврсто, како да ги опфаќа неговите прсти со тесна кожана нараквица, татковиот стисок е повеќе насет, претчувство, некоја воздушеста обвивка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислатa му луташе низ главата наместо да се смири и да му го даде одговорот што го сакаше, одговорот што во тој миг му требаше за да не биде толку проклето изгубен во овој туѓ простор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега, кога случајно се открија знамињата, Мајка се чувству­ваше должна да му го раскаже на Татко тој настан околу разминувањето на семејството со смртта, онака како што си беше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш, иако не можев да го видам, го слушнав неговиот глас: - Понекогаш потрагата по она што нам ни се причинува вистина, фрла грда сенка и врз најдобрите намери - слушнав како му реплицира на иследникот човекот затскриен зад светлината што беше вперена во моите очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Покрај другото и гласот на момчето му го слушнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Е, добро, добро, Мире. Шом е така работата, тогаш утре вечер ќе му го видиме есапот. Не ќе му текне ни на префнуци му да омирисаат наваки, а камо ли на синови му.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, мажите Јанчески, откако загина стрико Анѓел и откако Боше нивни замина од Потковицава, како наеднаш да набубрија, и навистина на две различни страни, на едната Никола и братучедите, кои сè погласно се замешуваат во заедничките работи на Потковицата, а на другата сам Атанас, кој постојано вели Душава нема да ми се примири додека не го видам татка одмазден, но Никола е глава на сиот сој Јанчески па не чини она што му го прави Атанас, ако продолжи да не му се покорува на брата си, на лошо ќе го истера сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од локалните органи на редот и мирот побарале, наместо да го прогонат или затворат, само да му го одземат инструментот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Коњот е повеќе вознемирен и исплашен одошто загрозен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разбраме оти сте имале нов човек во куќата и дојдоме да му го одредиме животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби токму оттука, од ваквото разбирање на разногласијата што се надвикуваа во мене, беше поттикнато и она мое решение што сосема неочекувано му го соопштив на Ивана: дека можеби најумно ќе биде и јас да дојдам со него до градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гласот не му го чув. Молчеше постојано како немтур, кому зборовите и мислите му се сплеткале во плетеница од суви гранки и никако ни да ги проголта, ни да ги исплука.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лицето му го краси долга костенлива брада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нецелосно утврдена фактичка состојба постои кога на тоа укажуваат фактите или доказите кои странката без успех ги предложила во текот на постапката (чл. 344, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Докторот му ја измери температурата, ја погледна, ги крена веѓите, се зачуди, го сниша и пак му го стави топломерот под мишката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа негово прашање истовремено значеше дека од сето она што пред тоа му го изрече Бојан, речиси ништо не сфатил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога директорот на претпријатието (социјалистички израз за фирма) ќе му каже дека заради неисполнување на работните обврски може да летне од работа, Шурда ќе му го обели: - А, не!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се плашам дека исповедта ќе заличи на плач, на тажаленка, а да не даде господ и на некоја несфатлива глупост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или онаа ситница: навреме да го ослободеше од лихвата за кредитот што му го даде да купи автомобил.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа се штрекнува како ѕверка што ја ловат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа лето Нико, која непрестано ја убедувавме да сними еден целовечерен филм со нас, конечно се согласи и рече: „Добро. ]е направам филм со вас, но тогаш тоа мора да биде нешто со Џим”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лицето му го облеа со солзи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А Рајна не запира: "Оној волнест луд Ракоткин ми вели: Госпоѓо, Рајна, не гледајте ја толку напоречки госпоѓицата Сузи, немате право нејзе да ѝ се лутите, можете само да ѝ завидувате.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Професорот Фред се проѕевна и пред да стаса да ја покрие устата со дланка, професорот Едгар, дотогаш зафатен со пребројувањето на своите прсти, пред нос му го зеде зборот: „Особено се интересни ноктите!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така ги сфатив или протолкував покретите со кои се чинеше дека се придвижува кон мене иако не беше сторил ниту еден чекор).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никој од аргатите, па ни момчето Куле, не му го знаеја алот зошто не си оди дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му го дркам малце, тоа го смируваше обично... лесно го заспиваше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Токму во тој миг автобусот ја отвори вратата, а свежиот воздух му го поврати загубениот здив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тргнување, Карче му го даде на сина си последниот совет: - Внимавај, охриѓани се луѓе салтанатлии...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Краста (Станува и му приоѓа): Стој, Тики, не мрдај!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тито му го дал личното уверување на Маклин дека “тој нема агресивни намери спрема грчка Македонија и дека бригадата нема да ја премине границата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На Македонецот му останува само Тони Зен за да му го крева притисокот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше обземен од дилемата на својот живот: како да најде излез од кругот на утопијата, југословенската комунистичка утопија, која дотогаш убаво функционираше и му го осмислуваше животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
— Од кај му го донесовте здравјето, госпоѓо, толку здравје нема и кај бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги кротне Мартин воловите и, онака сам, ќе се заигра, а децата ќе го здогледаат и скришум ќе му го отераат едниот вол во орманот, и после кутриот Мартин по цели денови плачејќи го бараше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Маргина 37 187 НСК и Европскиот месец на култура!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Следното такво подрачје каде што на виделина излегува темата на телото е комплексот прашања поврзан со технолошкиот развој кој телото го опремува со надворешни помагала, продира во него, ги надоместува или подобрува неговите расипани делови, дури може и генетски да го промени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За жал, додека хемиската нервозно чкрипи по хартијата, поетот е повторно нападнат од помислата дека зад привидот на непреченото пишување, всушност кружи и кружи меѓу кориците на една запечатена книга, која некој (веројатно Таткото) ја камуфлирал непрегледна за до крај да му го истроши гладот кон слободата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вниманието му го привлекоа тие нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сега, една обична, невидлива гранична линија требаше да му го подели животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
ТЕОДОС: (Згрозен.) Ама од шише, од едно шише...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само еднаш Коте Буџе ме сретна во дворот, ми донесе писмо од брат ми од Мелбурн, му го дал поштарот (поправо, знам, Коте побарал, брзо-брзо тој да го земе за да може самиот да ми го донесе).
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја отвора книгата и скриен зад неа преку неа го гледа Лазора кој се обидува да му го фати погледот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ДОКТОРОТ: (го прегледуе, му го пипа пулсот) Ништо нема... госпожо...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Можам сѐ да поверувам, но дека сонот може да му го изеде на човека минатото, тоа никако.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ништо. Лажната надеж му го парализираше умот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве, волов му го подаруваме на манастиров...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Малиот му го бутка со нога. Курта ги зема очилата, му помага на Кртот да се исправи и му ги стави назад.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Стражарот одговори дека не видел ништо, то ест видел како го запреле среде плоштадот двајца, но мислел дека тоа се негови пријатели; а тој, наместо попусто да му вика, нека појде утре кај надзорникот, и надзорникот ќе пронајде кој му го зел шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јавна тајна беше дека Стојан тоа никогаш не му го заборави.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Бричење! – викна Х . – И брадата и косата! Берберот одлично му го избричи лицето, што не може да се каже и за главата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А Еди е вештер! Сношти силува еден скинхед!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Човекот извлече еден корен праз и му го даде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брзо го подигна штикот и, како што го учеа во офицерската школа, му го забоде под клучната коска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми кажаа дека прво му го одзела здивот, му нанела неподносливо ужасни главоболки, вкочанетост на екстремитетите, симптоми на грчење и дијареа, нагли промени на температурата, треска, студена пот низ целото тело и на крајот, ужасни црвени мозолчиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ПОЦКО: Е, сега, повелете. Што зготвила моја Петрија една тава шкембиња, џигери, цревца, прстите да си ги излижеш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мајка му го донесе на Татко второто утринско кафе, а за Камилски чај ала турка, а тој ѝ се заблагодари по трет пат бакнувајќи ѝ рака.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Штом Бошко се приближи и додека да го поздрави, дедо Најдо, чиниш не му е грижа за добарденот на Бошка, рече: - Седи, намести се како ти е најубаво, - и му го подаде ќесето со тутун.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ослободен малку од грижата да го рине снегот, ослободен и од стравот што му го задаваа волците, момчето почувствува потреба и да се среди малку, да се сврти кон себе, да се измие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Токму трпезите беа местата каде што двете домаќинки се обидуваа да го привлечат Томо на своја страна, или да му го перат мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вниманието му го привлекува еден том во кожена подврска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смислата на нејзиното постоење беше да постои за татко ѝ , дури и самото пловење со гондолата за неа имаше значење само ако можеше нему да му го раскаже.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Види му го презимето и кажи, речи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, лицето не му го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На главата носеше црвен фес, а појасот му го красеше сребрен синџир, на кој беше врзан убав златен часовник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој беше бесен како лав кој пред себе го гледа својот соперник кој му го украл пленот и сега ликува на победата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Една морница, што го престегна по целиот граден кош му го истера сиот здив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка му пак станува, пак сече лепче, го мачка со мармалад и му го подава.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Јас му го ископав гробот и го закопав таму под патот“, ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нели, дури ни името не му го спомнуваше? Како да беше мртов. Или загинат во Војната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Подигна рака, покажа на олтарот и поместувајќи ја од лево кон десно, рече со наслада: - Туа, пушиш, Тито, со цигарата о р’ка и со ена пишчола, на, до туа, д’лга ем голема - таа се удри по колкот - а од левата страна Ленин, со подигната рака, на пролетаријатот му го покажва патот кон светлата и среќната иднина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И уште на одење му го кркнуваат ножот в слабина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРСО: (Тресејќи го.) Бреј, правови! Откаде ова чудо, чорбаџи Теодосе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Секакви животински муви веднаш му го покрија крвавото лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш јас му го зедов стравот на убивањето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или, ако едно, кое било од овие дрвја го засадиме во агол, каде што двата ѕида би му го запирале природниот развој, тоа ќе се шири само во слободните две насоки и никогаш нема да види што има зад другите два ѕида.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Една остра морница се надигна од неговите петици и му го поколеба стојалиштето ползувајќи го сиот, а после се собра во неговите вилици и тука го склешти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имотот што го имал во Езерец му го подарил на манастирот и тогај нашол мир: не сонувал повеќе пожари и не скокал во сонот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И пријатен насмев му го раздвижува лицето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка му го досипа остатокот од ракијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш, придушувајќи го шумот со својата дланка, тој ја откочи пушката, а после, крадешкум подавајќи се од зад стеблото, гледаше по долинката пред себе. Ништо не му го затскриваше погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но понекогаш не жалев и сиот леб да му го дадам, зашто Рогуш ми беше како некој другар.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А таа ноќ кога татко му реши да го продаде, не можеше да зспие: му го слушаше чукањето последно во оваа ноќ во куќата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Она што постојано му го повторував.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тој сака да го стори тоа за својата сакана, но умот му го брка прашање што самото од себе му се наметнува, и го прекинува и збркува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Баба гласно колнеше, а јас не можев да разберам зошто му го сториле тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите на беговата кула беа загрижени и молчеливи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во деветнаесеттиот век религијата и затворските институции конечно ѝ ги препуштија лудите на психијатријата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да се сетиме на значењето кое Duchamp му го придаваше на еротизмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не го докажат последниот стих, кога црниот волчјак му го раскина гркланот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој требаше да му го објави пресудниот збор: да замине или не?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подавајќи му го мојот дипломатски пасош, му го изнесов случајот и на крај му реков: - При влезот во Грција има голема табла со натпис: “ΕΛΛΑΣ “ и “GREECE”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога загинал, телото нацистите не му го донесле а само им дале посмртни одликувања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Подобро да му остави време да се соочи со тоа што му го кажа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира, тоа не сакаа да му го покажат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Цветан Горски му го покажа на Татко делот на колекцијата што ја претставуваа неколкуте езерски јагули, фатени на самиот истек на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Чудно е дека јас му го исплазив јазикот, му свирнав, а тој мене - бонбонче!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас го поткревам детето да му го чујам дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не успеавме да му го исполниме барањето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не жалам ниту за тоа дека веќе знам оти не сум му син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој страд, оваа болка, ја забележав уште во кафеаната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или ако сака може да си го земе. Му го продавам како половен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бојана почна пополека да му го дрка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вечерта кога седнаа сите да вечераат татко му го запраша: - Што има ново в училиште? - Па, ништо... затегна Бошко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Отиде и од тогаш никој не му го слушнал името.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Еба ти Турчинот, - си велам со умот. – Него го истерав ама табиетот му го задржав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Бродот му го однесе побратимот и кавалот - сè што имаше овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Притоа му заповедал да го коле несреќникот така што тој, од страв, да почнел да прди, а ако овој не прдел, тогаш четникот, за казна, добивал десет стапови по газ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ ми се причинува дека гледам покрај него. Но и во тоа не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си се сладел така малечкиот бате Иле, додека едно попладне растревожениот глас на мајка му го викнала одма да се прибере од сокак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Крстовите исплашено го погледна, му го допре челото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе си одам некаде и ќе му го чујам гласот, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да наѕирнеш во вистината, и на зборувањето како и на водата треба да му го најдеш изворот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Снегулките што му го покриваа лицето не се топеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Портирот само пријателски си ја занишува главата и не му го бара пасошот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо задишено стои пред него и му го допира пругастиот ракав од пижамата, и чувствува како му се движат усните, бргу и грчевито, и не е во состојба да разбере дали ги слуша сопствените зборови или сето тоа станува само во неговите мисли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така Бог му го враќа видот на слепиот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еве, тебе те чекам – ми текна да го излажам во моментот, оти се сетив на неговата идеја за велосипедот и оти ми рече дека ќе ме земе со него да му го покажам местото во паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Меѓу сите тии чувеци развеселени, пуднапиини, летнани, су маски, без маски, имаше еден, как да ти кажам, ептен накинџорен...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас сум восхитен од вниманието што тој му го посветува на женскиот сексуален орган како извор на енергија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден адолесцент со бунтовнички изглед и палто со реси се затетерави накај неа и ја грабна околу рамениците, истурајќи му го патем пивото на Пикник.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мамо, ма, речи му на дедо да му го земи фустанот и да ми го дади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Болвата го цица песот и му го одредува ритмот на движењата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се разбира, не можев да знам дали е тоа истата ќеса и истите хартии од онаа средба пред подолго време или пак ми го враќа она издание голем формат со документи и патописи, покрај другото и оној извештај на Византиецот Теодор Метохит од тринаесеттиот век за пратеништвото на српскиот двор, што бев му го дал за читање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Смртта е грдата утеха – од неа човекот очекува да му го даде она што животот му го ускратил.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Качени на него патуваме околу светот, јавајќи го, на јавето му го ебеме векот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Иван Карамазов во репликата за Бога ќе рече: „Не е работата во тоа што јас го одбивам Бога... туку јас просто му го враќам билетот!” - Каков билет? – ме прекина А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Прикаски“, воздивна. „Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се раѓаш да буташ некого кон гроб додека друг и тебе те бута зад грб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„За почеток - добро. Другпат подобро!“ охрабрувачки го удри по рамото Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Му направи гроб и му го уреди како што тоа го правеа сопствениците на кучињата во кучешките гробишта во Виена.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Малку е незгодна забелешкава, но во денешниот маниризам не е можно да се замисли државно концесиониран портрет на политичар како оној што Арчимболди му го направи на Рудолф, во времето кога цела Европа беше потресувана од политички и верски судири.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Она, дека тој за возврат ја зеде во својата фирма Јованка, не може да ја покрие ни каматата од она што му го должи на нејзиниот дедо, чичко Видан.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сртот на планината блесна од изгрејсонцето така што виделината му го измами погледот на Србина нагоре и не забележа кога ефрејторот се најде зад Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Другар Ѓорѓи, му се обратив на Смокот, и одличјето што ти ми го предаде ќе му го однесам за да види дека не бил отфрлен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој тоа го доживеал во оваа паланка со згаснати светла, и секој тоа му го прави на другиот, затоа што главната девиза е: пцуење во мрак.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Се согласувам со мама, - ѝ реков на Бреза откако подразмислив малку околу она што таа пред малку му го рече на татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
СПИРО: (Го зема.) Арно, чорбаџи. (Излегува мазнејќи ги мустаќите со фрчичето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се случуваше, кога одеше да ора некоја од нивите и ако не му го однеле навреме ручекот, да ја фрли тепсијата со ориз или компири од другата страна на нивата и по саат или два, кога ќе огладнеше, да оди и да го изеде ручекот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За „On the road“ прв пат слушнав од Јанош, кога приквечерта, во август `72, терајќи ги велосипедите кон Велс, скршнавме од автопатот по едно суво поле до некоја пуста колиба со полуразурнат покрив (можеби бивша штала, од која кравите одамна избегале).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, ова беше Игбал и нему можев сосема слободно да му го поставам тоа обично, а толку ретко употребувано прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Умот му го пленеше мислата како успеваат јагулите да најдат излез од балканскиот лавиринт?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Токму тој кутар загрепски млакоња е оној што во приказнава најмногу ужива - во понижувањето што му го нанесува виталниот и потентен херцеговски грубијан.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако некој простак однадвор сакал да ги види и да ужива во нивната мака, чуварите му го дозволувале тоа задоволство за малку пари, а понекогаш дури и замавнувале со камшик по телата на несреќниците, како во некаква циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ми се скрши... еве, само три букви...“ шепна разочарано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А нему таа нејзина приврзаност кон него и сочувствување со неговата трагедија, му ја олеснуваше болката, му даваше утеха на разнебитената душа. Ѝ се радуваше кога ноќе ја сонуваше и кога во сонот господ му го враќаше видот и ја гледаше како што ја гледаше пред да ослепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гласот на Јован ја прекина рекапитулацијата на Александар за изминатиот ден и она што Бојана му го објаснуваше дури да стигнат до центарот на градот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нели, мегаломанска порака: истовремено насрчува но и обескуражува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа тивко му го реков на Ернст.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој често правеше портрети на жена, Амазонка, мајка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се случуваше, тогаш, како по некое чудо, сè нешто му го одвлекуваше вниманието: преголеми обврски со работата, службени патувања или премногу сончеви денови, создадени за уживање во природа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Баба му го пречека со раширени раце и топло го прегрна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Навистина е млад, зад долгата коса и мустаќите му го возвраќа погледот, и тоа прилично луцидно, еден недораснат момчак.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа контемплативна состојба дури ни тоа не дозволи да му го помати убаво замислениот ден, кога реши дека е крајно време да го напушти целото образование што очигледно му носеше само проблеми во животот, поради кое влегуваше во караници со сите, во несогласувања, па дури и во физички пресметки - и да си стане шофер.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Станот му припаѓаше наа Том О Хорган, но тој му го издал на Стенли Амос, кој пак живееше само во задниот дел, (предниот и задниот дел беа споени со полутајни врати), но сиот Томов мебел беше сè уште внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот пријател сликар станува и му го отвара шифоњерот кој е преполн со банкноти од по 1000 ДМ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова во женскиот дел од публиката провоцира длабок, детски сон за куќата на куклата, па не е чудо што една Њујорчанка, изнајмувајќи му го станот на мојот земјак му ја покажала јастучницата и чаршавот и со просветителски тон му рекла: Ова е јастучница, ние Американците ова го ставаме на перница, а ова е чаршав, ние Американците ова го ставаме на кревет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бесот и срамот - или неговиот нов лик - му го пресекоа здивот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа ти е како да му го раскажеш некому филмот што тој има намера да го гледа – се буни Ведан, одбивајќи да учетвува во „литературните катчиња” на татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Можеби ова е она што ми треба“, си помисли таа, „едно малечко, весело дете, да му го врзам шалот и да го испратам да си игра на снегот“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му го посветувам на Владимир Георгиевски Среќен беше Сликарот, професорот по Убави уметности од Скопје, што го диши воздухот на Истанбул (некогашната престолнина на големата турска империја).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе му го изнесат кафезот на тераса и птицата ќе почне да пее по својата изгубена слобода, не можам а да не се разнежам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но тогаш авторот и не обрзна некое поголемо внимание на тоа што таа му го рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Чудо, - рече тој. - Ела де испи десет, - му подвикна Трајанка подавајќи му го шишето, - па да те видам дали е чудо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пак почнав, тоа ми правеше страшно добро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го качија на коњ и го однесоа в град кај казанџиите; тие со триста маки, со разни ножици и глета, му го извадија котлето и му ја ослободија главата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дента кога го сретна Даниел, таа прво му ги виде рацете пред да му го види лицето и се одушевуваше од тие цврсти и силни раце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Екстремното афирмирање на половите разлики може да доведе до повторување; сепак, експериментот му го препуштам на времето, да видиме што ќе донесе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ветрот му го гасне чкорчето и тој ја запалува под шинела, под пазува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Остануваше Мајка да му го покаже на Татко инвентарот на предметите што требаше да се земат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Излегувај! (Му го зема метрото. Го фрла низ врата.) Марш надвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Онаа што му даде живот ја разбуди некое тропкање по стаклото на прозорецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кому му го упатував ова мое оправдување: на себе си, на работниците, или пак на штрците?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ајде, аирлија работа, Стојче, - го пречекува стариот и му го подава ножето, а го позема палтото што Пискулиев го беше само наметнал преку рамо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти тоа на друг да му го кажуваш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со рака му го кинам вратот, ќе му ја исфрлам главата преку ограда и ќе го фрлам да скока по дворот и да прска крв по гумното.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако мислењето било правилно, на тој начин сме ги лишиле од можноста заблудата да ја замениме со вистината, ако било погрешно пак, сме им одзеле нешто што е речиси подеднакво скапоцено, имено можноста вистината при нејзиното соочување со заблудата да ја видат појасно и да ја почувствуваат поживо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Јана прва му го препозна гласот и продолжи - Здраво, бате, овде Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку многу непознати вечерва сретнавме, тамам на сите да им се сеќавам на имињата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сета оваа радост, ова заедништво нему му го повредува колективното его со кое крева толку многу знамиња и водел толку многу крвави битки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И татко му тоа обично му го зборувал, „џукело една”, но ако сега обратно го прочитаме зборот, тогаш тој значи бог (dog-god). Frater Neo Во тоа време Lazer повеќе личеше на бесно куче отколку на мирен лав.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Притоа викаше: Бугараш! Комита! Со бугарашка пропаганда го труеш народот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Конечно, дрогата не ги одредува вокационите канали на уметникот, на креативецот не му го одредува изборот на естетските форми на уметничкото дело, туку само ги нагласува, или пак, го кочи веќе постоечкиот избор кој бил присутен или се насетувал уште пред земањето дрога.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
КАТА: (со левата рака му го подава на Пандета пагурчето, а десната ја држи на градите) Повели!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јали овца, јали цел вол ќе му се загубеше, јали убаво ќе му го изнатепаа момчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оној што ова го раскажува, прв дошол на мисла да му го испита и да му го разбере настанувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мене еднаш еден ми вели, слушај сине, кажи му на тато дека се јави чичко... му го заборавив името, и ми рече да ти кажам, го измочкал камчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има луѓе и не му го знаат името.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му кажаа за капетанот што ја бараше националната гарда и му го покажаа весникот со написот за ураганот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како му го лиже лицето на бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Refugee?“ го праша immigration officer разлистувајќи му го црвениот пасош.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу пати татко му го поучуаше со кротко, доколку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргни Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој беше задоволен со себе, зашто по еден убав и, како што му се чинеше, вешт начин, успеа да го направи првиот чекор кон делото што му го изискуваше неговата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека еден дел од рекламата го третира телото како машина за варење на храната, друг дел се занимава со тоа како тоа сито тело да се доведе во оптимален облик: како да го истенчи, како да му го симне okno.mk | Margina #8-9 [1994] 167 одвишното сало, како да го обликува, како да го направи динамично (Move your body!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го мачи фактот што го суредија брат му па автоматот му го подига моралот. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 113
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ги доближи Панде, со чунот, нивните колја, неискажлива болка му го стегна срцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но во следниот миг таа жестоко се збира, тој ја тутка, ја парчосува сликата, а лицето му го искривува неубава насмевка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со кинеските пагоди кохабитира мексиканската чаршија Олвера Стрит, место на кое малиот скитник Чарли се бореше со лошите државни чиновници што сакаа да му го одземат синот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Па, ете, и сокот на убавината што му припаѓа лично нему, на негово задоволство, му го подарува на идното човештво.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Холанѓанецот на сето тоа толку многу ликуваше, просто лицето му светна од среќа како да не ми се одмаздил доволно за тоа што му го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие би можела да ги напишеш, а музиката не, затоа што не знаеш како.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како да ми порачува: "Ако не си способен да си ги остворуваш замислите, тогаш не си способен ни да живееш!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На наддланката му лазеше пролетна бубачка под црвен оклоп, она за која се веруваше дека е предабер на гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еве го! Го најдов доаѓам! –возбуден Кире довикна, зашто стравот гласот му го сопираше, го стегна в грло нешто горчливо...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бидејќи и тој не му го знаеше родното семејно име, го викаше онака како што го знаеја по чаршиски прекар - Курназот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Светлината од телевизорот му го осветли лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако Милан му дозволеше да му се качи на рамената, нешто во што мачорот уживаше, тој за возврат со муцката му го скокоткаше вратот на својот пријател за да ја изрази својата благодарност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Не“, притрча таа кога агентот првпат го удри со тупаница и му го расече образот со остриот камен на прстенот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, што да се прави, се случува и зелено да скинеме, и тоа од нашиот бостан иако сметаме дека со секој корен заедно сме растеле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го дочекав печатењето на весникот, како секогаш, кога му го носев на Татко, со моите објавени текстови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нему му го дозволувам сето она што на никој жив ни на сон не би му го дозволила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го викна Васе, му даде еден динар, му нареди ова како најстрога тајна да го чува и му го даде писмото веднаш да го однеси и лично на Петар да му го предаде.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Некои ќе му се спуштаат на рамената, некои ќе му се сместат на главата, а некои ќе му ги кубат влакната од ушите, или ќе му ги колват очилата, сè додека едно од нив не одлета, преправајќи се како да има нешто скапоцено во својот клун, а потоа дваесетина или повеќе наврат-нанос ќе се нафрлат за да му го грабнат тоа што му било во устата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури ветеринарот Скрез со Лоте и другите луѓе пиеја и пееја во кафената, бикот седеше врзан пред вратата и чекаше да му се донесе пијалок: Лоте го тераше кафеџијата Јандро да му носи во кофа вино разблажено со вода, но бикот нишаше со главата, мукаше, и се лутеше што виното му го разблажуваат со вода; очите му светеа како жар, се вртеше и мукаше по некоја крава што ќе поминеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да испровоцира разговор покрај чашка, пред писателите тврдеше дека Достоевски би завршил во лудница да не пишувал како лудак, пред драматичарите тврдеше дека Шекспир би бил убиец ако не ги напишел своите трагедии; а во секој сретнат познајник, на маса, меѓу чаши, гледаше свој можен, ако не иден пациент - што итроманите приближно колку него му го припишуваа како професионална деформација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стануваа, ама тие си знаат како стануваа: со алкање, да не згазиш некого во прескокањето, да не му го прекинеш сонот, дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Притоа посебно барав од него да не му го оспорува на тој Иван правото да трага по својот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај, прво малку се збуни од моето прашање, му требаше нешто време да се потсети, но потоа за миг лицето му го греа милина па пак му се смрачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
При здогледувањето на девојката, на Еда за малку ќе му се отнеше гласно свирнување како израз на несфатливо изненадување, но иствремено му запре здивот, нешто му го повлече не само во градите туку како да му заора низ целото тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали да го наречеме негово (Дишановско) или со неговото име (името на предметот)?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се сеќавам, батко Онисифоре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За штета од опасен предмет одговара неговиот имател, а за штета од опасна дејност одговара лицето кое се занимава со неа (чл. 160, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Му ги вкрстија рацете на мевот; му ставија свеќа да му гори; му наредија во ковчегот цвеќе и овошје и сè друго што се реди на мртовец; му го ставија и неговите најмили работи што секојдневно ги употребуваше за да му се најдат на оној век.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие денови зимата фати доста рано: нејзиното идење го закобија дивите патки и норчињата што како црни облаци го прекрија езерото; маглите започнаа сè пониско да слегуваат, да лежат на земјата и куќите како лоша болештина; со влегувањето на новата месечина клапна и снегот и го покри сето село, ги зарамни нивјето недоугарени, ги покри недокренатите капици со пченка, ги покри сите ѓубришта останати од есента: лепешки, комина од казаните, пцовисани гадурии и сметови по бавчите и дворовите, му стави на езерото бела јака и уште повеќе му го оцрта и истакна неговото синило како штотуку истурено мастило; добитокот мука зацапан во снегот како во пенливо море, кикирикаат и кокошките заглавени во снегот и прпкаат со крилјата не можејќи да летнат како да се фатени во смола; ријат кучињата со муцките низ снегот, го цепат и го враздат просторот како подземни кртови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неговите математички трудови толку во моментов му го огадија сликарството што тој не сака ни да го види кистот.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога не ти се обраќа, најдобри резултати дава: во него да растриеш една лута, со надеж дека ќе му го загрееш и желудникот (а може и срцето), па ќе трча и ќе те довикува по име, ако за ништо друго, тогаш барем за тоалетната што се потрошила во тоалетот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но доколку не можат да се соединат оние кои со нив се „опседнати“, соочени се со двојна можност: можноста ductus-от кој е во прашање да му го прилагодат на оној другиот, или безнадежно да се оддалечат од него.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проедросот сечеше брзо и вешто, ја префаќаше фашата, му ја туткаше на Шишмана в раце и пак го подметнуваше ножот, подавајќи ја раката како да ќе му го брцне одоздола в стомав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не е некој друг, ами самата старичка во доверба и го раскажа случајот на сосетката, а таа му го прераскажа на целото село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Напати знае да казни и тоа веднаш; другпат објавувањето на својата одлука ќе ја одложи за подоцна, но никогаш не ги амнестира нашите грешки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сијалицата го покажуваше својот ребрест костур и срдито, предавнички му го осветлуваше измореното, бледо и збунето лице.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На крај градот Федерико го запре и му го даде празното кошниче од јајцата. Внатре имаше и едно кесе со макарони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зигмунд предложи да појдеме до Палацо Дукале, или во црквата Сан Лазаро или во музејот Кверини-Стампалија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И му го платив, му го купив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А ако му се роди дете, како да нему се роди, зашто ќе му го одродат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајче слезе од него, му го врза огламникот околу вратот, го префрли торбичето преку рамо, го зеде секирчето и навлезе во буковата корија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Џигерите, златното срце да му го вадиш, милите очи, кожинката да му ја дереш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За претседател на колективот го поставија Најда Акиноски а на предлог на учителката, Зорка Маѓероска, битолчанка, на колективот му го дадоа името на администраторот - БЛАЖЕ АЛЕКСОСКИ - ПЕНАТА.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му го донел и на Емин-ага, ама нему за аспри, а ним, еве, џабе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот IV Мене ме обзема ова зајдисонце сино ти пак му го вртиш својот висок грб загледан кон некоја идна зора што само ти ја знаеш.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Преку искривено огледало му го прикажувам тоа на светот, па нека го сфати ако може.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие го негувале, тврди Бојс, околу осум дена, му го спасиле животот замотувајќи го во маст и кразно, сѐ додека не го пронашла германска спасувачка група.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Да, рече.“ „Што гледаш?“ „Еј, не грижи се. Не се препотувај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А најмногу се радуваше кога ќе му го фрлеше гуменото зајаче што му го купија на Богдан кога беше малечок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На надгробната плоча му го напишаа текстот што тој си го остави пред смртта: ”Ако жив не успеав - мртов ќе живеам со тебе, куќо”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И на Цветана Горски, кој се готвеше да му го посвети животот на откривањето на тајната на патот на јагулите и на неговото спасување, и на Татко, кој во патот на јагулите ја откриваше можноста за излез од егзилот, сознајбите на Игор Лозински беа од пресвртно значење во нивните животи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веќе славен, благодарејќи на публицитетот што му го обезбеди Дејвид Селзник (David Selznick) во текот на четирите или петте години на соработка, колку што ги врзуваше договорот, а од кој се родија Ребека, Озлогласената, Маѓепсаниот, Хичкок стана познат во целиот свет дури тогаш кога произведе серија телевизиски емисии „Сомнежи”, а потоа и „Хичкок прикажува”, во средината на педесеттите години.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Досега тој и жена му го користеа за перење и готвење; од него направија убав сад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Анархија?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во едно објавено писмо - Paul la Faith му го напишал на Blaster Al - Паул пишува за своите авантури при контактот со самомутантите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојан го склопи ножето и му го врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Она што не можеше да го види синиот пајак со златна глава, притаен во моите пазуви, му го опишав во себе, додека црвеноокиот и зеленозабиот ме водеа кон кулата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Да гледаме, луѓе, да му го земиме со пресек — продолжува Калешко и го образложува со низа доказателства својот предлог.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш мајка му го праша Богулета: - Знаеш ли што везе дедо ти?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му ги ослободува на Ристаќи рацете и, отстапувајки чекор назад, го вади пиштолот од појасот, му го дава на Ристаќија).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пред да пробие од пукнатата черупка со крвца и бела глекавост, пред едното око да се покрие со сив и лилав мраз, подивениот се извиткал со крик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тие шо му го знае езико, се плаше уста да отворе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Денес постојат неброени играчки што можат да му го исполнат времето на секое дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И секогаш кога во темнината ќе го спомнев овој збор ќе му го здогледав лицето на Непознатиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој стана, го извлече пешкирот под перницата, го натопи со вода и му го стави на челото. - Треба да подремнеш. Моите брборења те растроија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вистина на неколкупати и зина, ама одговарајќи на настојчиви прашања поради што тој што прашуваше имаше чувство како со клешти да му го корне одговорот од устата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Се сврте кон запад, ми велат, му го сврте грбот на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите зборуваа дека летнал, оти телото никаде не му го најдоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Морници од страв му го облеаја целото тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А многу сакале да имаат син, да имаат кому да му го остават царството.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вера целата зацрвенета во лицето му го подаде букетот на татко ми и рече: - Толку многу цвеќиња има, што не можам да ги однесам до дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги распознав веслата што го означуваат местото кајшто сега лежат Аргонаутите, јазолот од три јажиња околу вратот на татковината му го принесов на Александар Македонски.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тој збор одамна го имам научено и многу добро му го знам значењето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бегаше со очите да не му го сретнам погледот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа ми кажува дека утре ќе му го извадат завојот и ќе си оди од болница.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
АНТИЦА: Оди, земи му го муштулукот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Синот виде во татковите очи дека му ја говори вистината и зависта во миг му го ослободи срцето, но сепак го праша љубопитно: - Тогаш, кажи ми во што е разликата меѓу нас?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Леле, ќерко, вели мајка, од кај му се собра олку лоша крв во снагата, вели и му го брише челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го јаде грбот и сака да му го почешам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И се каеше што не му го запиша својот телефонски број евентуално да ѝ се јави, но не многу зашто предполагаше дека неговото отсуство нема да трае повеќе од десетина дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишу­ва неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе му го продадам виното, па за Арсо да се грижи, да го поднагледува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Бикот го отепа командирот на милиционерската станица, му ја распра утробата, черепот му го плусна, рече милиционерот и си ја поголтна плунката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веројатно брат ми Коле го видел нашиот момок Васе како ми носи писмо од тебе, го зел да го прочита и му го дал на тато. Татко ми е многу, многу лут.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мускулите, што му го држеа вратот исправен, му беа папсани и главата му се тресеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
— Јас не сум госпоѓа, велам, сакам и плачењето да му го послушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АРСО: Јас на човека главата му ја кршам, атерот не му го кршам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Црно ти лафење, отиде десет оки сирење — десет банки, цела франга и повеќе, ама Петруш ја изведе работата мајсторски; човекот се засрами пред луѓето и му го „ариза" сиренцето, а Петруш продолжи да се пазари со свадбарите:
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се потсетува Богдан на она што му го рече жената во возот кога патуваше за ваму.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка му го наоѓа, тропа по заклучената врата: - Отвори ми!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Другите не знаеле дали се смее или липа над својот нож со крвав врв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пфф! Пак паѓа врз купот... Ќе му го смачкам устиштето!....
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Второстепениот суд, со решение, ќе ја укине пресудата на првостепениот суд и ќе му го врати предме- тот на тој суд на повторно судење, ако смета дека – заради правилно утврдување на фактичката состојба, треба да се одржи нова главна расправа пред првостепениот суд, освен ако одлучил сам да одржи расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А таа, стројна жена во четириесетите најубави години, како да му го слушна мрморењето и клетвата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чизмите, Сотире, коланите, Сотире, брилјантинот, Сотире, јајцето, мајката твоја, е тврдо, а сум ти рекол да биде меко, и на човекот му дошло преку глава и му го попарил скутот со жешка вода небаре котлето му паднало од раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Томчо ги подаде рацете. Прстите му го набараа малечкото растреперено телце на животното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но Крсте разбра од мрморењето дека сака да му го распаша појасот и да му ги ослободи рацете. Co помошта на секирчето појасот беше пресечен и рацете на Ристета беа слободни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најпосле болно застенка набаре нечија невидлива рака му го стисна грлото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Жилата, сега, чинам ќе му го пробиеше вратот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во извесни моменти нему му се чинеше дека езерото со небото, со градот и селата, со планините и ридјето - дека сето тоа е слеано во едно цело, кое го возбудува и му го запира здивот во градите силно како поезија, музика, љубов... невозможно да се изрази и да се искаже само со одделните, определени бои и контури, што трепереа во просторот пред него...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со едната рака му го потпирам ножот на слабината, а со другата го фаќам в гуша. Го нацрпувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Борис Стојчев за мене навистина беше само Б. С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Американската идеологија на телото му го укина, имено, на тоа предизвикувачко тело, правото на дружење, на неговата сексуална функција, му го укина на тоа привлечно тело - правото на сексуална привлечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можам јас лозјето да го земам и негледано. Ќе му го дадам веднаш сенетов за борчот, на кадијата (Тргнува назад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој ги прими многу љубезно, а кога се подготвуваа да си одат, се посоветуваа како би можеле да му го возвратат гостољубието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали во последно време си му го видела лицето? Очите му се пропаднати.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никогаш не му беше удобно некој друг да му го подава лебот, та секогаш работеше, дење и ноќе, за да не им биде на товар на оние што веруваа во него и во Радосната Вест.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И особено кога внимаваш да не го повредиш другиот, кога нема да му го урнисаш животот со својата огромна, неизмерна себичност, а божем во името на Алтруизмот, Правдата, Уметноста, Искуството...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Помина една недела откако му го кажав тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Летка се труди да му го пополни времето со телефонски разговори на веќе познатата релација Атина – Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Човекот ја задена секирата за појас. Се наведна над легнатиот и му го поклопи челото со тешката дланка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ете, тоа е она што отсекогаш сакала да му го каже и што сака тој да го запамети еднаш и засекогаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На крајот решив да му го плеснам у фаца и да го прашам: „Добро бе брат, који ти е к.....?“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И дали баба му и дедо му нема да му го скријат писмото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А малку потоа посака да рече дека само своите знаат да те суредат така што никогаш повеќе да не се разбудиш; но во тој момент вниманието му го привлече белутракот во калдрмата и веднаш оцени оти по десетото зрно, што веќе длабеше во него, ќе удри на белиот камен токму со челото. ___ * блуза **чета
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога се обрнало, тој забележал човек со невисок раст, во стар износен виц- мундир и ужаснато, го препознало во него Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Така е Сулиманага, така. Нашите чорбаџии сакаат сиромасите да му го платат спаилакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш неволно му го покажал Dolores.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
13. Четирите Магли на Хаосот, Северната, Источната, Западната и Јужната, појдоа во посета на самиот Хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работи што на авторот радосно му го привлекуваа вниманието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И затоа кога истата таа година, во летото, во време пред да почнат жетвите, го најдоа Хаџи Ташку со здробена глава на ничиј синор, ни на веселечки ни на кадиноселски, туку точно на местото каде што денеска Пазарџиски Пат за прв пат ја прегазува железничката линија, никој освен потковичаните не се досети кој можел да му го „пресретне“ патот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На забелешката од Манџуков дека таа одговорност ќе биде таква каква што била таа на раководителите на бугарските политички партии преземена за сите грешки и грабежи што се вршеле во името на “мајка Бугарија“ и во името на “милиот народ и татковината“, Орце одговорил: “Јас не мислам одговорност пред законите туку пред историјата, која никому не му простува и секому му го дава заслуженото“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
У тој момент е опседнат со дилемата дали да ги разбуди пријателите од соседните викендички и со нив да ужива во животот и во сѐ она што создал... или... да седне во белата кожна фотеља од својот монструозен глисер, да го разбранува мирното езеро и силно да го почувствува душевниот мир што му го овозможува државата у која живее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Татко беше нестрплив да го дослуша Игора Лозински до крај и најпосле да му го открие стравувањето за прекинот на патот на јагулите, до што според него морало да дојде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со вообичаена рутина, очигледна расеаност и залутан поглед, келнерчето му го изрецитира целиот познат домашен рапертоар од меса на скара.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му беше добро, но денеска се случи нешто што му го разруши мирот и го застави да го стори она одошто најмногу се плашеше: да побегне.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Му го кажаа и името на барот. „Нели ќе дојдеш?“ му вели малечката и авторот знае дека малечката е мамката и дека е ова добро уигран тим.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, она што нас нѐ интересира е: Дали Флоренс, ако била жена на писателот на пиесата или на режисерот, би му го поставила истото прашање?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Според Абеловото мислење, во говорот гестот служел за на изговорениот збор да му го придаде саканиот знак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го отна чепот како да активира мина и му го подаде бинлакот на Геро, не да му припука во рацете колку да го вкуси на устињето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
“Подигни му го главчето”, пак викнав и се стрчав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Селаните чекаа на ред испоседнати под сенката на дрвјата или се сменуваа држејќи му го коњот за оглавот за да пасе или да се напие вода на езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Огновите на ровјето зјаеја од него, а громовите патот му го осветлуваа!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Можеби и затоа зашто слушна како раководителот го поставува истото она прашање што Филип имаше намера да му го постави нему.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од големото аморфно штофено тело на тезгата извлекува парчиња како црева, ги одмерува и повторно ги враќа во утробата на неговиот нем расчеречен пациент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, нешто кажа, нешто премолче; но сепак успеав да подразберам дека Иван Степанович му го понудил на мојот Семјон понизното место вратар во куплерајот што самиот го нарекол "Градина на среќата"!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога потпорасна и почна да шета со дедо му, сега пензиониран, му го купија првото гитарче.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Покрај Стојка Катин напнал гајда и Крчо Косов да посвири, да земе некое тврдо јајце, оти откако Ристе Попов му го скрши борецот тој веќе не најде друг да се занимава со тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но едно од нив, внучето на Мусли бег, синот на Арслан бег, на оној едноокиот, веројатно потпирајќи се на осиленоста на татка си, не само што не пофте да бега туку грабна камен и му го зафучи покрај глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тамам тргнавме назад, Бак срипа, направи голем скок, неочекуван за Саше, му го истргна синџирот од рака и... и му ја дувна како да полудел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ТЕОДОС: Ама зошто, може да ме извалка... (Сиот се тресе од гнасење. Го држи детето и ја врти главата наназад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кажуваат оти на Сушево и мравките умирале од жед, и птиците не му го надлетувале небото и добитокот се држел скраја од неговата сува трева.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
” Прекинав со читањето и, враќајќи му го ливчето, реков: - Син ми напиша така како што некој му рекол, а кој му рекол, се знае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зборовите негови ми светкаат во мракот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Италијанецот отпрвин се трудеше околу своите прашања и инсистираше на прецизни одговори, а потоа почна да се губи вртејќи се ту кон едниот ту кон другиот соговорник, додека овие во еден глас му го толкуваа сè погласно секој своето и тоа на различни јазици.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дека сум во состојба кога сè ми е јасно, кога ништо не може да ме изненади, кога на секое прашање одговорот можам да му го најдам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кирил му го подава шишето.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Стандардниот репертоар на постапки со коишто тие се служат вклучува тетовирање, саморанување со цел врз телото да остане видлива лузна, или пак прободување на телото и негово бесење на ченгели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нему веројатно му го скратуваше дишењето токму таа помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му го тргнуваат чапразот. Ај, со здравје!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега, овој Рус, со чудна судбина во егзил, слична на неговата, му го доближуваше Езерото, од кое Татко сакаше да се оддалечи, следејќи го патот на јагулите... VII Спасените јагули, напати сплотени едни во други, напати во колона, водени од силниот инстинкт, спасувајќи се од семожните стапици од природата и луѓето, го продолжуваа вечниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Немаше потреба да му го каже тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Речи, „Вешто ракувам со полу-автоматско оружје ---“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вади пакло цигари, му ја подава на Саздо; овој зема цигара, му се заблагодарува со нишање на главата, па откако ја навлажнува, го прифаќа огинот што шефот му го подава од скапоцена запалка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Но, тоа никогаш не би му го признала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
РАЈНА: (Донесува пагурче со ракија и му го подава на Јордан). На!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Бети со неколку потези му го завиткува прстот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А и тој си имаше мака. Еден јачменчок му ја јавна клепката и му го затвори окото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа беше со него на работа, а нејзината кревка убавина и нежност, нејзините сини очи, нејзиното самовилско присуство секогаш му го исполнуваа битието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Успеа само толку да му нарача на стариот „б'лгарски" деец Ивана од Гудјаково: ако го види некаде по Бугарија Крчето да му каже оти татко му го бараше и да го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога и тоа не ќе помогнеше, отец Иларион ќе му го земеше прстот и ќе му го ставеше на пламенот од свеќата и ќе му речеше: - Подобро ли ти е без прст, или да мислиш на рокчето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Имаш право. Сонувала. Бидејќи и останало само да сонува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакав тоа да му го кажам, ама ме фати страв да не ми ја фрли онаа “атомска бомба” и да ме усмрти, и се воздржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но тоа не е сѐ. Rrose Selavy звучи и како Eros c’est la vie.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од помошниот влез му го изнесе на прекупецот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но Аргентина беше многу повеќе од тоа: нација која од Перон во 40-ите години мина низ периоди на длабоки промени во својата општествена и политичка шминка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И преку налегнатите камчиња му го слушам срцето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да му го опцујам и господ на попот, ама не можам. Зборовите не ми идат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го пронајде тој предмет, и му го даде своето име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка му го виде дека заспал но не го разбуди. Само подобро го покри, да не настине...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Петре Даскалот, сега кога отидов да му го однесам пагурчето со ракија, го правеше чардачето што беше колку на еден човечки бој височина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Уште помалку, да му го кажат на нивниот син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Липаат низ прерија гитари, песната патот на Виски Вокер му го мери: - Оклахома, о Оклахома, тој беше најголем шериф.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А има ли поголема болка од тоа да ти биде жал?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сето ова му ласкаше на младиот Мирчета и му го зацврсна земеното решение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа искуство потполно му го променило животот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Станува и со рачната воденичка меле кафе: собата се исполнува со нејзиниот звук и со опојниот мирис на кафето што му ги шири ноздрвите и му го надразнува желудникот; потоа се слуша клокотењето на водата во ѓезвето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште од првиот ден кога дојде го нави и му го врати животот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа го соблекува палтото, му го подава на Васила и зема да се качува направо спрема седелката, која е водорамна пукнатина во спилата и пред која, од левата страна, расте ниско и осамено дреново дрво; за него, смета Максим, ќе се држи кога ќе го убива кобникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сакајќи го изгреба по стомакот кога му го влечеше каишот од фармерките.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мојот другар не беше дома, па со едно ливче на кое напишав неколку реда во знак на благодарност, му го оставив клучот под черџето на прагот на неговата врата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во писмото што му го напиша Марија на Карл, само го извести дека се вработила како библиотекар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И готвачот во почетокот со стап седеше в рака: штом ќе го забележеше Џеки дека се врти крај кујната, уште од далеку му го фрлаше, па кога ќе го запнеше, Џеки долго квичеше колнејќи си го денот кога дошол овде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Затоа јас смислив да имам по некој готов диференцијал и кога муштеријата ќе дојде, само да му го сменам – расипаниот да го задржам за да го поправам подоцна кога ќе можам, а поправен даму ставам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ќе му го извадеше цврцалчето на пагурчето и ќе си туреше малку ракија во кафето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сега верувате дека другарите со право му го дадоа името Цивко.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На единственото писмо што му го испрати, немаше никаков одговор.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, што останува од неговото присуство, од неговиот говор врз овие црни слики?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во исто време, тој заедно со мајка му Анѓа, во Рада гледаше златна кокошка која на секој први ќе му го дополнува џебот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И Онисифор Мечкојад му помогнал на замелушеното животно докрај да легне на една страна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури изложбата во Џенова 1956-та повторно му го враќа значењето на овој голем сликар; еве дел од каталогот од таа изложба: “Ненадејно се наоѓаме пред слики чија што модерност е токму запрепастувачка, пред слики кои го антиципираат Караваџо, Жорж де ла Тур, Зурбаран, дури и некои од денешните сликари, бидејќи такви светлински рефлексии и често геометриски распоредени ефекти на сенки ги нема никаде во 16-иот век...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Името не му го спомна. Рај не најдоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Божем ова му го кажал некој Ирец.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А и на време треба да зафатиш од тоа богатство што се движи, бидејќи и водата и зборовите брзо истекуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И токму тоа беше, а не исчезнувањето на Домаќин, тоа што на Милан му го исполни срцето со претчуства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За среќа, еден од соседите, по цена на сопствениот живот, длабоко во визбата, преку ископан тунел, во една мала просторија, чуваше една санска, многу млечна коза, па секојдневно ни даваше по една чаша млеко, со кое Мајка му го заменуваше своето млеко на најмалото братче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пациентките се обидуваат да го разонодат и да му го расеат вниманието.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стоев збунет како мало дете и со погледот побарав спас од брат ми, но тој, баш тогаш, со сета страст и дрчност се нафрли врз слаткото од дуњи што на убавата тафта му го принесе домаќинката.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бидејќи беше презадоволен од Еда, тој оваа работа му ја отстапи нему со цел да му го зголеми приходот без да му ја покачува платата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа беше за мене продолжување на работите што секогаш ги правев за Борко - станувам наутро прва, му го ставам приборот за чај, путерот, сирењето, спремна шолјата за кафе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Младиот човек, со долга коса и брадичка, со лик на испосник, се лечеше на истиот кат, во истата болница, а во белешките на татко му го нашол моето име.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се откачи од оградата и му го сврте грбот на игралиштето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го наслушуваат со една цевка, ко инка, му го слушаат срцето, ама ништо не се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мите не забележително му се приближи од зад грб и го тресна со стапот, убаво ишаран во риги, што му го имаше направено дедо му кога некогаш биле на прошетка крај Треска.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Дајте ми еден сандак муниција за митралез да му го однесам на Горјана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Јас му го подадов пагурчето на Даскалот: - Еве- реков – поздрав од дедо ми Крстин.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Тебе ти е редот“, му го подаде шрафцигерот на Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А тој срам најмногу нараснуваше во моментот додека му го предавав нарачаниот текст на директорот на весникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кине Богдан од тревките и билките околу себе, ги џвака, чувствува како силата на земјата му се пренесува во него и го поткрева на своите раце како што мајка му го крена кога се роди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Горјан и Огнен му го кладоа самарчето на коњчето и тргнаа надолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Иако не бев баш најсигурен што сакам, бев сигурен дека не сакам својот живот да му го посветам исклучиво на филмот - сакав да се посветам на сѐ - а такво нешто сигурно не може да се направи во една канцеларија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа му го реков и нему а тој, уште понедоверчиво реагираше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Грабнав една четка за заби и ја фрлив накај неа, но само го удрив прозорецот и таа избега.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Записот му го причитав (или тој сам го причита) на соседот, пензиониран професор по литератува, кој имаше исто толку години колку и јас, тогаш кога и тој беше жив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Над куќата растеше дрво (не му го знаевме името).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жената поблиску му го турка послужавникот. - Земи си добро, домашно е...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потем го симна прстенот од својата рака и му го подаде на Филозофот: „На прстенот има запис со сосема ино писмо, донесено од крајот на земјата; прстенот е во воен грабеж стекнат, од прадедото на мојот прадедо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крамповите, лопатите, секирите и клештите, виљушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени: Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Особено голем публицитет во јавноста на САД предизвикало првото интервју на Јосип Броз Тито дадено на д-р Стојан Прибичевиќ и на Џон Талбот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Двата дена поминати во домот на Рада, за Светлана и Никодин беа сосема доволни да му го измерат умот на несудениот зет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(...) Велветите живееја во стан на Третата улица во Вест Вилиџ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој без секое сомневање ги идеализирал и доста подготвено ги интернализирал, од очајничка потреба, но во емоционален поглед тие навистина биле фамилија, племе, стадо во кое бил повикан да се приклучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко на судијата што ги суди, вели, ќе му ја најдат адресата и целото семејство ќе му го убијат. Дури и мачето и кучето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Среќко: Страшен негативец беше тој Гризли Адамс но на крајот Грета со нејзините остри заби му го преполови!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А има луѓе се плашат и на пиле да му го скинат вратот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Отпатува сонот каде што му го покажуваше патот, Отаде светите гребени на цветањето...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Проклетиот ураган му го оддува стариот Дајц од патот.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Му го гледам црното мрсно лице што се отсјајува на сонцето, засилено сега со некоја додатна пожарна светлина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега му го доведоакрај него Букефал!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
БОЖИН: Секоја сила со време! (Работниците ја посвршуваат работата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во кујната печеното јагнешко месо и печените пилиња беа исечени на парчиња и чиниите беа преполнети со нив и стратегиски поставени на долгата маса, така што никој од никого не мораше да бара да му го подаде печеното.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној стан што го демнев. беше брзо и подвижно како мачка, но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зашто, и тој на петелот мој му го свртел вратот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Велејќи му го ова се надевав дека всушност моите размислувања за она што се случуваше по коридорите му ги испраќам нему.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ќе видиш, ќе му го ископам грбот.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му реков на татко ми дека сметам дека е речиси неверојатно неговиот шеф да се обидува тоа да му го направи нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога свратив првпат по пензионирањето во градот, во зградата на Окружниот одбор, видов што значи да си отсутен само неколку месеци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас не знам кому мислиш да му го даваш момичево.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
После му го ваѓа гоно и работи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можам да не ја спомнам и физичката болка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Успеав да се свртам кратко кон него и да му го видам лицето црвено како жар и погледот збунет и немирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се обидуваше некако да го разбере тоа што му го кажуваа мајка му и татко му.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но таа вечер беше обземен од сите стравови претрпени тој ден, не сака­ше око да затвори...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Старецот му ја подаде корката, а потоа му го заврза јаженцето околу вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Што има ти мене да ме чекаш? – грубо ми возврати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто го споменуваш него?, вели тој. Досега двапати му го спомна името.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рекламата во весникот тоа слабеење му го припишала на измисленото средство Re- duco, а резултатот бил дека стотици дебели луѓе му пишале на Хичкок и му барале податоци за тоа чудесно средство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Краста: Тогаш запали му ја цигарата на Тики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оттаму значајот кој Гете му го придава на преведувањето и на сите други форми на книжевното комуницирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знам како да ја продолжам прикаската на братучедот Германа, но со мислата истрчувам кон крајот на прикаската и ми станува непријатно поради сето ова што му го приредувам на својот близок роднина и драг пријател.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ноќта се случи нешто што сосема му го збрка планот на Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го испи шишето и му го подаде да му донесе другпат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од ваши усти, во моја уста! (Му го дава шишето на Поцко, упатувајќи го со скриена мимика на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Потребно беше нешто повеќе отколку само смешни реклами за да му го смени расположението.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа му го посакав од сѐ срце.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден ден дојде Методија Лечоски, дрварот, да ѝ донесе писмо на мајка му за Мил што нему по грешка му го дале.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сестрата на шоферот му го подала бебето, мислејќи дека тој е таткото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дедото му ја подава, помладото внуче со карате движење и извик „Ај“ му го отсекува палецот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сепак, признавам дека би сакал да го дознаам вистинскиот тек на неговите мисли кога ќе биде принуден да го отвори писмото што му го оставив во кутичето, откако ќе биде предизвикан од онаа што префектот ја именува како ’извесна личност’.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едните, на задното седиште на „сто-кецот“ на случајниот минувач, кому во џебот му шушнала една книжна што успеал да ја сокрие од дома и од децата, на брзина му го земаат умот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Паметам тогаш дедо ми Крстин на поп Донета му го рече ова: - Како да било, ти си попе, неписмен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
" Сега веќе речи си сум сигурен дека сум буден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак се знаеше дека Марко Проказник се поднаведна пред законот: му го зедоа револверот, во мирно катчеќе поразмисли под клуч зошто сакал да стане власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стојан му го пренесе тоа решение уште првиот ден кога дојде сам, без неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дали му го занишавте самарот на коњот откако ја слегов ге невестата, вели, и дали го натуривте со вино самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трајче ја зеде борината, мајка му го симна ситото од клинот, ги отвори ноќвите и почна да сее брашно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Божем, што рече Василка „месото ќе му го вари“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Суправаше по својата собичка, сѐ уште со она скокоткаво чувство, што му го оставија меѓу прстите оние шеговити клинчиња.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше брзо и подвижно како мачка но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)