му (зам.) - јаде (гл.)

Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, уште тогаш, уште во пролетта во 1857-та, некои овчари го нашле убиен, и иако никој не знаеше да каже зошто и како, никој и не рече гласно, но сите помислија дека го убил Максим и дека зашто убил пиле, сеедно дали погано или добро, важно пиле, кое ниту му јаде ниту му пие, го стигнала казна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Змиулчето му јадеше од рака, го следеше во прошетките низ шумата, дремејќи во џебот од неговата избледена, но сè уште топла бунда или (кога сонцето ќе ја размрдаше) ползејќи по него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На враќање со татко му јадевме салата во кафанчето кај еден негов пријател.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа имаше некое унгарско име, мајка му му правела мусака, а тоа не сакало да јаде... потоа се некој доаѓал и му јадел од чинијата и на крај за него не останало ништо.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)