му (зам.) - штрака (гл.)

„Како?“, успеав само да пропелтечам. „Па и ливчето на отец Мида“, продолжуваше Филозофот, „не е цело сочувано, и завршува токму кога за ѓаволот треба да глаголи, вака: ,Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се сокрие од него, на место невидливо, толку невидливо што...’ Како да сака да каже дека местото е толку невидливо што видливо е сосем, а во таа одаја повидливо место од она на ѓаволот – нема.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трпки му лазеа по телото. Забите му штракаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Јон само се тресе. Ко прат, ко лист во гора се тресе и му штракаат вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ене, завиваат, го најавуваат доаѓањето“, мислеше Бојан, не чувствувајќи како стравот цел го обзема, како му штракаат забите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На неа стоеше: „Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се сокрие од него, на место толку невидливо што...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му беше многу ладно, се тресеше неконтролирано, забите му штракаа, солзи му течеа по образите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вилиците му штракаат и дишењето му е тночко, плитко, разредено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)