му (зам.) - чита (гл.)

Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чавките крадат, гавраните му читаат молитви на ѓаволот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За неговиот глас и тон реков веќе, веројатно го наследил од тетка му додека со години ја слушал како му чита приказни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Балонов ти го испраќа тетка ти и ти го честита роденденот, - рече баба му читајќи го писмото.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Едвај околу единаесет навечер го смири една стара болничарка која се досети да му чита приказни од Цепенков.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа во ушите на Јосифа му прозвучи како некој да му чита телеграма стигната на негово име.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко ми му читаше на Чанга и од други книги за Калето, но овој лесно го губеше вниманието.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека татко ми му читаше што нашле археолозите за староста на Калето, Чанга недоверливо се смешкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој му читаше, објаснуваше, од ширум отворените книги, некои со слики за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)