му (зам.) - успева (гл.)

Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој просто беше соочен со потребата да оди да го побара, кога веќе не наиде на некоја трага по која ќе тргне. Полесниот начин не му успеваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не му успева да метастазира покрај прeкрасната и вечно зелена вимблдонска трева...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И секогаш, и на сув камен, му успевало да создаде леб, постојано верен на сите оние клетви, заедно со кои и беше создаден, таков, немајќи потреба да ги оттурнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако не може точно да каже како тоа му успева, сепак тој ретко греши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Херман тврди дека може интуитивно да одреди кој на што е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Каде го научил тоа и како му успева?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Умниот човек, велеше Татко, умее да ја потчини фаталноста, како што тоа му успева на морнарот среде разбранетото море, без оглед од каде дува ветерот, да ја одржи пловидбата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ден тој носеше фланелска кошула со тен боја, ако не се сметаат оние големи потемнети делови од пот, предизвикани од летното сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И секогаш му успеваше да се изнафали, а што повеќе врева правеше, толку поопасен стануваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На ваков начин на авторот му успева низ еден потег да втисне карактеризација во одреден лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)