му (зам.) - умре (гл.)

Откако му умре Велика беше се забаталил.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако му умре Стојанка, во куќата Сукалова од женска страна остана само Митра, жена на најстариот брат Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас вела за мојто маало да го запопиме ној манастирцкиот ѓак, ној Петка од Мелница шо му умре жената пред печес месеци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токму пред попење му умре и жената и тој остана со ќерка си Бисера и сина си Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го ожени со попова ќерка, на дедот поп Стева, ама ете, кога човекот немал среќа, таа му умре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Или, фамозното мото - да му умре кравата на комшијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Благо речено, крајно некултурно е што многу луѓе овде помалку се бават со тоа како самите нешто да направат, отколку како другите да не направат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По враќањето Којо Пипиле зеде куче за да му прави друштво, да не е сам, зашто и тој немаше никој дома: татко му умре пред да замине, а мајка му откако замина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Детето што му остана живо, тој го одгледуваше, но по неколку месеци и тоа му умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога жена му умре, Дејко ја зеде иконата од свети Ѓорѓија и ја фрли во варницата со вар за да изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се ожени, но жена му му умре на породување.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но и тука избегани, пак ги стаса чумата; му умре едно од децата на Дејко.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Родителите му умреа од чумата, а него, како мало дете, го зедоа да го одгледуваат неговите роднини, кои бегајќи од чумата се населија на бачилото во планината, и каде тој кога поодрасна чуваше овци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Саше, Сашенце мој, не плачи, Бак се врати – викав јас истовремено, ама од неговите пискотници, толку силни и неутешни како некој близок да му умрел, и од викањето на Тета, тој мене не можеше да ме слушне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, таа ме чу. - Каков Бак, што е тоа со Бак, за што зборуваш? – ми се сврте.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добил вест дека татко му умрел во Америка и во писмото ми вели: ,Крстете го Иван, како што се викаше татко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Излегува Евто. Влегува Остоиќ.) ОСТОИЌ: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден Киро, добил „благодејание”, бил српски учител, била српско-турска војна, Турците го затвориле, сега е турски џандар. Каде се парите за поправка на покривот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На Спира Клечев, човек заволија во секој поглед, жената му умре пред да му остави пород, и така Спиро Клечев стана Спиро Заволијата додека со време, којзнае како и зошто, луѓето не почнаа да го викаат уште и Спиро Испустениот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Една ноќ се мочавме во јазот и некој ни рече: „Кој се моча, ноќе, в река, ќе му умре мајката.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)