му (зам.) - угодува (гл.)

И гледаше постојано да му угодува, да се грижи за него и да го негува како дете водејќи го за рака, немо и со болка во себе поднесувајќи го теретот и таа ропска приврзаност кон него како да се двајцата слепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш ви велев дека секоја жена мора да му угодува на мажот свој и да му биде послушна, оти тој е Божјо чедо, и како што тој е послушен кон Бога и неговите заповеди, така и жената треба да биде послушна кон својот маж и неговите заповеди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)