му (зам.) - тури (гл.)

Се исправи баба Цвета, ги навлече нозете во карираните влечки, се поткрена на бастунот, па пред да појде, се заврте уште еднаш: А му велам на татко ми, арно ти е тука.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тетка Перса нему веќе му тури чашка ракија, а на Пена лажице слатко од дуњи и чаша студена вода.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И Јон ќе ме погледа, погледа, па ќе го земе кандилото и ќе појде кај Доксима Тренчески да му тури газија, да му го намести фитилот. ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Споменик му дигнавме и убава слика му туривме на него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стојо го наполни лулето, ја зеде машата и му тури еден жар поголем од него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие можат да му турат нему крст.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)