му (зам.) - тргне (гл.)

Потоа, почна сам да си ги полни чашите заборавајќи го мезето кое само му беше изговор за да му тргне пиењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со работата никако да му тргне.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дедо Сталин си напери една пушка убојна. Дедо Сталин, тој му тргна во десното крилце му.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Не знам како изгледа но знам дека тоа се случува кога на умот ќе му тргне од рака да ги истресе од нашите глави грдите тровчиња што таму ги наросило невремето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во библиотеката Грдан бргу навлезе во работата и таа веднаш му тргна од рака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чанга не беше партиец, па разговорот со татка ми му тргна лесно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)