му (зам.) - телефонира (гл.)

„... Бартон...“ Некој му телефонираше нарекувајќи го по име.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Да му телефонира на лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но Френк не сакаше ни да чуе; се беа договориле дека неговиот збор ќе биде последен за ваквите работи сѐ додека е во состојба да одлучува, а тој е решен да не допушти работите да дојдат дотаму да не може. Ü за­брани дури и да му телефонира на Донат за да го најави нивното доцнење: ако не му биде добро кога ќе дојде времето за облекување, таа ќе замине според договорот, а тој ќе се придружи подоцна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Матеј веднаш му телефонира на Гаврил во САД, а тој рече дека резервирал карта за првиот лет и дека ќе пристигне во Скопје следниот ден во четиринаесет часот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тој, попладнето на 7 декември, му телефонирал на Рузвелт, при што Рузвелт истакнал: „...сега и двајцата сме во истиот брод", на што Черчил одговорил: “...тоа сигурно ги симплифицира работите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)