му (зам.) - тежи (гл.)

Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но не беше сега тоа многу важно. На Пискулиев повеќе му тежеше што со ова свое крштениче си зема уште една грижа на својата и инаку мачна глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Униформата му тежеше на рамениците, тротоарот му ги скокоткаше табаните, дури и отворањето и затворањето на шаката му претставуваше напор од кој крцкаат зглобовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срамот што ова утро го доживеа до толку повеќе му тежеше, бидејќи со неискажлива самоувереност и радост тргна да ја види Викторија на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чувствуваше навечер, кога се прибираше во колибата, како му тежи уште „самарчето“, на грбот, како воопшто да не го симнувал...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мустаќите изострени и подсвикнати нагоре како рокчиња од овне; на средината пожолтени од лулето што постојано го држи в уста; веѓите густи и спуштени над очите како ластовичини крилца; прстите на рацете глуждести, а кожата на дланките стврдната да може да фаќа и мраз и жар, и трње и коприви; на главата паларија: летен-зимен украс што го донесе од печалба; од погледот му зрачи стаменост и мудрост, почесто само со погледот зборува и со него ти ги открива мислите; со погледот како на терезија го мери соговорникот и открива колку му тежи умот; во ретки моменти кога е лут се забележува како резанките на челото му се поткреваат и спуштаат водејќи борба.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа пак се исправи и неговата висока конструкција, со своите седум декади од животот, што му тежеа како седум посебни товари, крцкаше како да имаше песок во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А кога сонот навистина стана вистина, цели дванаесет ноќи од синот на Тајко бегаше сонот, а клепките му тежеа како весла, иако целото негово тело се разболе и плачеше за сон.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оние што не го познаваа доволно велеа дека остава впечаток на одлучен човек, но оној што го познаваше подобро, забележуваше кај него нешто здржано, тоест како нешто да му тежи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се одвикнал од настани ли, та сега му тежи оваа мешаница или пак сака да се побрза со погребот на братот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никој не му тежеше со своето присуство и тој изнаоѓаше нови радости за својот поглед и за своето тело; беше доживување за него тоа што можеше да ја сака слободно таа бела тишина пред себе и постојано да изнаоѓа во себе едно чудно разбирање со тој простор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
На излез на животот под окна тешки, како излитен капут на теме му тежи и на плешки на оној кој го моли, додека блудничка плата дава.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Рано било, тој не бил гладен, а лебот му тежел, му пречел, па го извадил од торбата и го замавнал во една грмушка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Задачата изгледаше потешка од вреќата! Немоќта му тежеше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
КРАЛИЦАТА Катја болна лежи На кралот Милош во гради болка му тежи Секој ден со бел коњ шета и лекови бара Да ја излечи од болката стара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Брадјосаниот човек ја префати пушката, со другата рака го поткрена појасот на кој му тежеа пиштолите и откако се подисправи, рече: - Чии сте вие?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А она што не го спомнуваш тоа не постои, рече, и сенката што му тежеше на челото падна покрај чашата со вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)