му (зам.) - соопшти (гл.)

Тој ден му соопштија дека се враќа во Солун, на своето место на главен рабин и на местото на претседател на Советот на заедницата на неговите верници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имам нешто многу важно да му соопштам, ѝ реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Посвирка малку на вратата, а потоа влезе и му соопшти на кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мораме што поскоро да му соопштиме на учителот ... - рече Коле и го зафучи во трњето парчето чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога Маклин му соопштил дека една нивна мисија се спуштила во Албанија со цел да замине за ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Тито во писмото до Светозар Вукмановиќ-Темпо од 9 октомври 1944 година ќе истакне дека тие треба да го примат “овој член на англиската мисија“ и да бараат од него материјална помош во оружје и воен материјал.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, настојувањето на Фицрој Маклин да се испрати воена мисија на територијата на Македонија врховниот командант на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито го одбивал.85 Но кога Меклин му соопштил дека една нивна мисија се спуштила во Албанија со цел да замени на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Тито во писмото до Светозар Вукмановиќ - Темпо од 9 октомври 1944 година ќе истакне дека тие треба да го примат “овој член на англиската мисија“ и да бараат од него материјална помош во оружје и воен материјал.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На мисијата ѝ се сугерирало да не зема директно учество во преговорите и на локалниот командант требало да му соопштат дека тие биле „таму само во позиција на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тие погрешно се разбраа и еве таа што му соопшти на татко му: - Ало, вие ли сте, другар Велко? - Да, да.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овдека Мурад III замолче но веднаш потоа му соопшти на Софронија дека неговиот најстар син, Димитрија Акиноски, да му се умножат достоинствата, го одредува за носител на спахиска титула.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Погледнувам кон професорот… не, не; всушност кон иследникот погледнувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А спомнатиот ученик, тоа не треба да се заборави, бев лично јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зато и си велам стопосто уверен дека сум во право, оти вистината, во случајив, со каква и да е специфична тежина, сепак може да се сведе на обичен давеж!) И најсетне оној грд податок: уште првиот ден, при првата средба, професорот на ученикот му соопшти дека во нивната соработка ученикот нема право да бара додатни објаснувања, а не смее ни да помисли дека може да протестира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Околу 11,30 часот претпладне, во моментот кога се служело шампањско, во конзулатот влегол аѓутантот на валијата и нешто му соопштил.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Влетуваат низ отворениот прозорец на библиотеката, се нафрлуваат врз книгите по полиците и ги подјадуваат; грицкаат со малите, остри невидливи запчиња и сосем ги покриваат книгите со телцата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 2 февруари 1962 година, во кафеаната “Балкан” библиотекарот на Филозофскиот факултет Филип Филиповски му раскажуваше на еден свој пријател каков сон сонил: седи тој во библиотеката, лето е, доцна попладне, си пивнува ракија и го чита Прличев; во еден момент, низ отворениот прозорец забележува рој скакулци: ситни се, разнобојни - зелени, кафени, црни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Утредента отец Ангелариј влезе во одајата на отец Лаврентиј задишан и му соопшти дека ноќта исчезнало пофалното слово за блажен отец Климент, кое тој, отец Лаврентиј, го беше составил со своја рака и душа, а чие исчезнување се дознава и од биографот на Климента, премудриот Теофилакт Охридски. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 123 2.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што му соопшти поднаредникот и што сакаа војниците, зошто оној пукаше?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тивко му соопшти: - Чичко Анѓелета го врзале Германците и го отерале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но набрзо во канцеларијата влезе секретарката Ботка за да му соопшти дека нема потреба да го чека другарот Ниновски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ете, ако прашаше за нејзините нови врски можеше и по телефон да му соопшти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Абраш е овде. - Восхитено му соопштив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чавка беше пресреќен кога му соопштив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еднаш на шега му соопштив дека уште малку ќе почнам да го гледам како да ми е брат со кој повремено се гушкаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)