му (зам.) - создава (гл.)

Тоа што немаше доволно камења сосема наблизу околу куќата и што заради тоа мораше да се оддалечува, му создаваше нервоза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега можам само да жалам што најчесто му повладував, не бев критична и не се обидував да го доведам на место, што се вели, и така на вештачки начин му создавав чувство на поголема вредност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едноличните земски слики неподвижни стојат, отсечени една од друга, му создаваат мачнина: во еден миг една, во следниот миг друга, додека не доживее просветлување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Си го мириса потеклото а тоа му создава сигурност дека ќе расне и ќе биде она што сум јас.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)