му (зам.) - служи (гл.)

Принципот на задоволство во популарната култура му служи на ваквото потиску­вање на смртноста, така што низ смртноста - со која низ поп-естетика се бави новата британска уметност - се појавува потиснатото таму каде што тоа (естетски) и не се очекува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вака се отвора стремежот и кон еден нов „реализам“, односно кон приближување спрема Реалното, но овојпат кон она лакановско Реално, со коешто се сретну­ваме како со „решително порекнуван факт на нечија сопствена смртност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без да имаат струја и вода во домовите, без да се плашат од тежината на работата: со голи раце да го вадат лебод од земјата, низ стотици векови војни, војни и само војни, верно да го чуваат Светото македонско, верно да му служат на Бога чувствувајки го со срцето поклонувајки му се, со сета нивна покорност и послушност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој го пригрна разбирањето, сѐ уште недоволно образложено а уште помалку општо признато, дека шахот е уметност, и дека да му служиш, значи да ги доживуваш сите оние наслади, но и ломења, што ги носи со себе службата на возбудениот дух.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од гледна точка на Борис, агонијата пред училишната табла му служи и како лекција за самоконтрола, така што, изложен на огромниот притисок од другите, сепак е во состојба да не излета од училницата врескајќи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика спиеше со него на двете недели еднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И порасна ли Трајка и Велета да му служат на Адемовите штенци? — се обрна кон Ката и ѝ го покажа детето, кое веќе беше се фатило за нејзината парталава фута.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чуму му служат, би можел да праша одреден тип луѓе, овие протегнати, фрактализирани, бескрајни поздрави, налик на оние на туберколозните сопрани во „Травијата” или „Боеми”?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Доколку се работи за поинтелигентни или пак дури и ингениозни умови, водите на софистицираниот криминал ги водат до некои повитални точки на системот но - каков парадокс -наместо овие Робин Худови и Џеси Џејмсови да се прифатат кон уништување на виталните точки, тие бидуваат асимилирани од истите и веќе ги гледате овие умни криминалци како ревносно му служат на системот и спремни се да тероризираат уште повеќе од моделите на нивниот младешки гнев, моделите против кои и тргнале по патот на тероризмот...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како уметник Арчимболди првпат се споменува во врска со сликите врз стакло во Катедралата во Милано (1549) на кои работел заедно со својот татко Биаго. 1562-та триесет и петгодишниот Арчимболди му служи на царот Фердинанд I.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Значи, со, без и со исклучок на самата себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е особено оригинално, не? 4Дали работата со која се занимавате му служи на тоа откривање на идентитетот? 4Исцело, но обидот за откривање самиот оддалечува, уште подалеку.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не возбудуваа многу и не му служеа на чест неговите чести наоѓања на мали волчиња за кои патем земал награди, не беа многу возбудливи ни приказните во кои тој ги труел волците, а потоа со нивната кожа, исполнета со слама одел по селата, собирајќи дарови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие беа суви и добро му служеа за разгорување на огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целото големо знаење што го има (вклучувајќи го тука и она побизарното, што така фино го отсликува неговиот маниристички сензибилитет: за разни детски игри, пагански обреди, необични симетрии, јазични игри...) на Гринавеј како да му служи само за да го здроби под валјакот на своите моќно апокалиптички филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и слепите партии шах, Што ги играм со сонливиот самоповикан господар На мојата приватност, имаат чуден тек Мојот црн Крал на еф 1 му служи за потсмев Речиси постојано го подложува на заканата Дека за час може да го проголта и тоа Без употреба на расипаните заби и Поспаниот јазик.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да се надвладее видливото за да му служи на невидливото – еве го живото на поетот“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кому требаше да му служи овој вероцид против толерантноста и соживотот на албанскиот народ во историјата?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со храброста што ми преостануваше, продолжив: - Го прогласивте атеизмот за партиска и државна религија за да му служи на комунизмот и да ги спасите душите на верниците!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А и да постоеја некакви чекмеџиња и фијоки со некакви безвредни нешта во нив, може да станува збор само за работи што не можеле да му служат никому освен на ограбениот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да се има на ум фактот дека таквото божемно богатство ја губи вредноста истиот час кога ќе се најде на вратата на тремот за да си замине?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јазикот на говедото му служи да се оближува, вам - да говорите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Решителен и смел, тој “на смртта гледаше како на една среќа во животот и секогаш насекаде ја сакаше, без разлика во какви услови би се појавила таа,“30 стига да му служи на делото за кое се борел - на Македонија31.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Заклетвата обврзувала да му служат на едно дело чии принципи за нив, биле, во основа, неприфатливи и не сакале да се борат за нивното реализирање.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Без разлика на кој бог му служеа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знаел дека му служи на македонското револуционерно движење и на делото за ослободување на Македонија - и со тоа бил задоволен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа и дошла во овој манастир и таа да му служи на Господа, да му молитви и да го моли и неа ангел да ја стори, за да се сретне со сина си.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие можат најискрено, најверно да му служат на уметничкиот чин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие можат најискрено, најверно да му служат на уметничкиот чин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак, денес, не му служат ни на господа ни на човекот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Е, па таа мрачна работа го клекна, та сега му служи само за мочање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Насочувана исклучиво од духот кому му служи, „динамизираната” експресионистичка реченица често се одликува, ако не со „исчашена” тогаш со натегната синтакса и со изразита ритмизација, аналогна на лирскиот дуктус.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но логиката дека амбасадорот во релацијата со претседателот односно монархот, му служи на народот, а не на режимот, чини и од генералниот секретар посебно одговорна личност на институцијата без запрен континуитет при политичките промени. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во арапското писмо, создадено за да ги означи гласовите на јазикот во кој самогласките постојат само во функција на смислата на зборот, не му служеше никако на турскиот во кој самогласките се, како во европските јазици, внатрешните елементи на зборот кој има сопствена егзистенција како и функцијата на согласките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пишувањето на турски јазик со помош на арапски знаци беше апсурдно колку и пишувањето на француски јазик со хебрејски знаци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дните поминуваат, но книгите, книгите, Антоњина Павловна, остануваат на полиците, и големото дело на кое вие без да барате за себе корист му служите, навистина е големо и обилно, и секој ваш ред ѕвони и одѕвонува во нашите умови и срца со вечен рефрен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни пари праќа та дури ни торби. Се знае. Веќилот Богдан затоа е веќил да му служи на свети Илија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш, потенките книги му служат за сплавови по кои варварите допловуваат до Градот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Една жена принесува јунец и му вели на калуѓерот: „Син ми беше ветен да му служи на манастиров, но болен е.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разбира кажува само тоа што не му е криење и зборувањето му служи кое за да се оправда, а кое да се скрие тоа што му е за криење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Чунот, ех, чунот, додека траеше окупацијата, уште му служеше на преостанатиот дел на семејството, но, по војната...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тој прстен му служи место потпис а и како печат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Точно, му служев на поробувачот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А сега го гледам Коста како му служи...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар ова треба да биде плодот на нашите мечтаења, на нашите желби и убедувања?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа беше погреб на срамежлив човек кој стана строг и кој прв пат избегнува публицитет бидејќи тој повеќе не може да му служи, човек кој уште од младоста вежбаше да ја „контролира ситуацијата”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ова негово место може да му служи за таа цел иако е со сосема ограничена големина. 2.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И така, со штедењето на милиони луѓе изградени се многу објекти што му служат и за долго ќе му служат на човештвото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)