му (зам.) - скрши (гл.)

Токо ајде, ела ми дома, ќе му скрши дотка некое јајце да ми повечераш, та легни ми си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знае кај да го удри побрзо Мисајлета Ковачот, не знае што да му скрши понапред: дали рака, дали нога, дали вратот да му го скрши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веруваше дека вилицата му ја изместил и дека барем едно ребро му скршил...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На еден бабинец и заб му скрши и тој забот си го плукна в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рамената му затреперија, болна издишка му скрши глас и зениците му се замаглија...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше соседот на кој Мајка никогаш не забораваше да му скрши парче погача од трпезата на нашата сиромаштија, за неговите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или кора ќе му оддели од Нешкината и Толевата, или тиква ќе му даде, или колбаси ќе му испече, та дури, ако нема ништо друго, ќе му скрши некое и друго јајце и ќе ги собере на тарунчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)