му (зам.) - скока (гл.)

Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Опулот му скокаше од едно на друго, и само прибираше, впиваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мислиш дека душата уште таму му скока и се тркала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некое време кучето скока од скутот на жената и стрчнува кај Богдана како да го познава и му скока во скутот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вика и се вцрвува. Му набрекнуваат жилите, небаре гуштерици му скокаат. И оп, туп, ми се наднесува, ќе ме удри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му скокаат на Џ., едно му се обесува околу вратот, го кутнуваат, го маваат, го шутираат: - Долу тиранијата! Да живее слободата!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Затоа, Недобриот Џо живееше во постојан страв да не му се дигне, па баш заради тоа пенисот сѐ повеќе му скокаше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)