му (зам.) - седи (гл.)

Мајка му седи до него, го гали со рака, со очи, нешто му зборува, во чашата дотурува жешко млеко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка му седеше спроти него и исто така се смееше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По една недела од договорот во паркот зад стадионот, Томо со своето семејство, татко му, мајка му и сестра му седеа на празната трпеза во домот на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И кога играше шах, тоа му седеше крај нозете, често поджулнувајќи го со телото за да му даде знак дека е тука.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниротакис повеќе се интересираше за врската со Бенедито Лучијани од другата страна на морето, во Италија, во Бари, на што Авни му врати со смирен тон: „Не се оптоварувај со непотребности,” лакомо полнејќи си ги дланките со газот на Дора, триесетгодишна жена од Плевен, која со крената сукња му седеше во скутот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Девојката му седеше на устата, а со бутовите толку силно му ја имаше стегнато главата од што нему му зуеја ушите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога ќе излезеше некој откај него, другите ќе го прашаа: „Жив ли е?“ „Жив“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И престанаа повеќе да му седат крај главата и да го пазат, влегуваа само одвреме-навреме кај него во одајата, кога ќе го чуеја кај што вика и кај што се расправа со ангелот што му идеше да му ја земе душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)