му (зам.) - пропадне (гл.)

Сигурно ја успокојува дека мора уште да го чека, а во себе се плаши да не му пропадне една убава вечер, и ќе беше најзадоволен да се договореа веднаш на нерешено.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стариот остана сам во визбата, на истото место, како нозете да му пропаднаа в земи, суво дрво што го дрма ветер.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога беше готов, стана. Удри со секирата еднаш, уште еднаш и третиот пат му пропадна внатре: стеблото да ти биде крублина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се исправи, му ја пикна раката во џебот на колкот и, бидејќи џебовите прикрпени однатре, не го погоди џебот па му пропадна раката до над китката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Носот му се издолжи уште толку, очите му пропаднаа, небаре во кула без пенџериња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СПИРО: (Со тонот на чорбаџи Теодос.) Лесно се носи лесен ум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Како ѓемии да му пропаднале. СПИРО: Како ѓемии по суво да влече, така оди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Полните образи му пропаднаа до виличните коски, а ококорените очи толку му се откроија што му отворија постојано потечени модрини за кои се имаше впечаток дека само ако ги допреш со јаготка од прст ќе просолзат со гној.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Он џбарнал у темницата. Вистина. Прстите у кашата му пропаднале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И после и очите му пропаднаа, му ги снема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)