му (зам.) - притрча (гл.)

Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден смешно долгнавест ковчест келнер му притрчува и Арсо се сместува на мала тркалезна маса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека се собираа за заедничка семејна фотографија, а неговата поранешна жена се правеше дека воопшто не го гледа, ќерка му, шушкава и намирисана, свежа и радосна, му притрча и го бакна во образот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Je t’aime! Je t’aime, papa!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)