му (зам.) - притреба (гл.)

СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со земјата никогаш не беа начисто: никогаш не се знаеше деали следното лето на бегот нема да му притреба повеќе одошто е неговата половина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На авторот сè му се чинеше дека дедо Најдо можеби ќе му притреба, но засега тој настојуваше што повеќе да се зближи со овие луѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)