му (зам.) - припадне (гл.)

Веќе споменатиот нобеловец би рекол дека за да ја донесеме одлуката на кој од овие три побарувачи би требало да му припадне театарот, ни треба теорија која ќе не оспособи да заклучиме дали со некое наше дејствие сме поблиску до правдата или сме подалеку од неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Боб вели дека треба да му припадне нему затоа што е сиромашен и нема друга играчка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Телевизијата беше едно од најголемите зла на 20 век, а во 21 тој примат му припадна на интернетот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одеднаш, како да слушна дека зборува некој друг, Винстон се слушна себеси како вели со длабок громок глас дека нему треба да му припадне целото парче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќето брзо се отка­жуваа од искушенијата, од убавата Луција и богатството на нејзиниот татко, а некои губеа и живот и разум, не знаејќи дека девојката нема да му припадне никому.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Китан изгради куќа под каменоломот, на местото што му припадна од неговиот татко, при делбата со татко му од Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така и сега го потпритисна перото меѓу прстите во исчекување, загледан во првите зборови што ги нашиша: ’Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога...’ Во студенилото на зимата околу него, срцето одеднаш му затрепери од споменот на една далечна топлина...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вие, Македонци, сте повикани да му припаднете нему, зашто вие сте му мили на Бога и тој ве повика да бидете негов свет народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Па сепак, прекрасниот Чифте-амам му припадна на чичко му Иса, најнапернатиот од сите, кој не веруваше никому, и кој имаше десет очи и десет уши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Утрешниот којзнае кому ќе му припадне! ќе беше нејзиниот коментар, но ќе го соопштеше откако ќе се согласеше и ќе ги прифатеше сите мои размисли и предлози.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да, утрешниот ден којзнае кому ќе му припадне! беше единствената нејзина ограда, пред која и јас останував без здив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Моите познаници расправаа за тоа кому од нив ќе му припадне мојот стан. 79.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По враќањето на свети Ксавиер, него најпосле го истерале со помош на светиот пантаграм.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток успешно го погоди името „тутун“ и го доби облогот со врагот. Му припадна целата нива со тутун.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)