му (зам.) - признае (гл.)

И кога Константин го стави на најжестоки маки, тој не му призна каде го крие.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не, навистина не сфаќам. Толку не сфаќам и не би сакал да сфатам што препочитам да му признаам дека сум умрен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Безизлезност, мислеше. Ќе појдам и ќе му признаам сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ рече: „Јано, ти личам ли на дрво?“ „На дрво?“ се зачуди. „Се шегуваш.“ „Не, искрено“, матно бараше. „На дрво - јавор, глог, зеленика.“ „Не ми личиш“, без веселост му призна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Сега зборот ти е на место- му призна Петре.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На Еда и отворено му призна дека тој тоа го прави за да си го олесни војниклакот и да им врати на претпоставение за нивните малтретирања на војниците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот, скромничејќи, му призна дека е писател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А кога јас, со солзи на очи влегов и сакав да му се исповедам, да му признам сѐ, видов дека светлината околу неговото тело ја нема, оти јас не ја виѓавам веќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено, Наум му признал на гавазот дека тој и братот на Марко, Христо, помогнале во исфрлувањето на земјата од каналот низ разни делови од градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така ибн Тајко немаше смелост да му признае дека не знае ни да чита, ни да пишува. (Бела пауза) Марин Крусиќ дојде пак кога заладуваше и кога честите бури на езерото го задржуваа дома синот на Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Богословот ја дигна главата, се насмеа: „Лажев. Не ми е роденден“, Му призна невесело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ах, тоа ли е! – се плесна брат ми по челото и изгледаше како да му олеснило. – Сум ти рекол јас тебе, ти си едно ептен глупаво девојче, сфаќаш? Се плеткаш кај што не ти е работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè му признав, од збор до збор му го раскажав нашиот разговор во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тој момент, од публиката тоа ќе го види и почувствува и Назаров, кому таа подоцна искрено ќе му признае дека мора да го напушти бидејќи всушност го љуби Пол.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Непостоечки погледи со кои се разминувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури сакам и да му признаам дека сум затечен или поточно збунет од сопствените размисли а и од оние чудни слики што постојано ме изненадуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина треварите стоеја зад него и го мереа навредено под очи...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според новата дефиниција тоа е странец кој не се квалификува како признаен бегалец, а на кој Република Ма- кедонија ќе му признае право на азил и ќе дозволи да остане во рам- ките на нејзината територија (чл. 1, ЗИДЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мајка еднаш му призна на Татко дека во сништата постојано го повикува нејзиниот полубрат кого го сакаше повеќе од цел брат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)