му (зам.) - префрли (гл.)

Ако е од селските, ќе го префрли во некој булук од комшичките села, било Полчиштец, Клинчанец, па тој што подалеку да ги префрли некаде во Градишки или Галишки булуци, да им се загуби дирата, a отаде тој ќе му префрли други по тој пат спечалени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- му префрли таа и се обиде гласно да се насмее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ела, Аргир или некој друг од тајфата да му префрли нешто со збор или поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше прерано што било да му префрлам и бев свесна дека сум избрзала и дека сум несправедлива кон него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се појави однекаде и џипот на Фискултурецот; прост и груб како што беше дал Господ, дојде право кај групата на ливадата и му префрли нешто на Земанека: дека гласот му бил како кај евнух; така рече, дека пее како скопен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Шатев му префрлил на Гарванов за случајот со 1.000 кг. динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој, пак, му префрлил на Шатев дека побрзале со атентатите, не чекајќи да се случи востанието.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слушај колку убаво раскажува човекот, - му префрли некој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но тој, ете, дури тогаш сфатив јас, тој навистина бил чен на сектата „Паскал и неговите браќа“, како што често има обичај да му префрли мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)