му (зам.) - преостанува (гл.)

И сега, како да откриваше некој клуч во животот што му преостануваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Камилски, внимателно следен од Татко, колку и да настојуваше да биде лапидарен во изборот на заемките за османскотурската гастрономија, како што ја именуваше претходно самиот, му преостануваа уште многу, многу зборови извлечени од речниците, книгите, народните кажувања, кои ги забележуваше во своите големи патувања во земјата со еден стар германски магнетофон, купен на старо на скопскиот Бит-пазар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Животот му продолжи во парадокси: спасувајќи се од италијанскиот фашизам на Татко му преостануваше единствената можност за спас, ноќе да ја мине границата преку Езерото, или да биде интерниран во италијанскиот логор Порто Романо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што ќе значи оваа нова рожба во црниот цут на сиромаштијата, кога освен крпената надеж на семејството не му преостануваше ништо друго?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На Чанга му преостануваше само да повторува: – Зар е можно? Зар е можно?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нему му преостануваше или да ги следи, додека сѐ уште беше време, или да избере некој трет пат...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)