му (зам.) - праќа (гл.)

Каде потскришум, каде јавно, почна да му праќа преку Тода на Крлето секој ден, секој други ден, нешто за јадење; му прати чорапи, гаќи, фанела; за Водици цел такам од конец и ѝ потфрли на баба Бисера да му го каже ова на попчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му напишав уште дека еднаш во месецот ќе му праќам нова облека и храна, а ако ми испрати стари пљачки, ќе ги перам и ќе му ги враќам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се изморувал Панделиј Каламарис, проплукувал крв и заспивал на нозе - ќе продреме, ќе се тргне и пак: од работилница до работилница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Шо прајте ле?“ праша. „Ништо“ одговори Томаица. „Шо имаш Васе во раката? Ти сестро кому пораки му праќаш?“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)