му (зам.) - потврдува (гл.)

Еден непознат лекар раскажуваше за витамините, брошурите и своите деца, поттурајќи сликовити докази за нивното здравје. Му потврдував со насмевка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Крчмарот му потврдуваше со глава. - Во кој полк сте служеле? - праша тој. - 13 полк, 1 дружина, 1 рота, 1 звод, - провлече кметот напирајќи особено на први.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)