му (зам.) - постави (гл.)

— Остави ги тие марифети сега, ами мисли како ќе излезе за тебе најзгодно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само на чудесниот залез на сонцето не можат да му постават граница...“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Место одговор таа му постави прашање на татка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да се навредиш од стара жена затоа, што таа се осмелила да проговори, оти тој некому му поставил неправилна дијагноза.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)