му (зам.) - порача (гл.)

Иако сношти преживеа чувствителен удар, тој не заборови што му порача неговиот посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
_______ 24) уќумат - власт 25) Се мисли на подготовките на востанието во Ерменија и Кипар 26) Се мисли на клучот со кој можат да се прочитаат шифрирани тајни писма од кои Организацијата се служела во преписката
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Доне ја стави капата на глава, тргна и Гоце му порача: - Поздрав на сите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сами треба да си помогнеме, помош не треба од никаде да чекаме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој насекаде и во секое време стои на чело на својот народ и му порачува: „Ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе се крене на оружје, на востание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бројните реклами му порачуваат на Американецот како да го исчисти просторот околу себе: со што кујната, со што купатилото, со што прашината, со што прозорците, со што садовите, 168 Margina #8-9 [1994] | okno.mk со што постелнината, како и со што WC школката...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие му порачуваат на Американецот кои снегулки ќе ги бутне во уста, кои кекси ќе ги соџвака, која конзерва ќе ја проголта, кој пијалок ќе го испие, кои бомбони ќе ги грицка...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А кога конечно сѐ е чисто - in и out - американските реклами му порачуваат на Американецот како тоа свое сито, истренирано, однегувано, чисто тело да го смести во - автомобил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Американските ТВ- реклами натаму во обилни количини му порачуваат на Американецот како тоа свое сито и убаво истренирано тело - да го негува (Nourish it inside, nourish it outside!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Побрзав, дури беше време, да му порачам на Јована утрото уште рано да дојде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
18. Вечерта не можев да заспијам, оти чув, разбрав дека Филозофот му порачал на логотетот: да слезат утре заедно во источната одаја, и овој да му го открие конечното и точното значење на записот, и да му каже уште во што се состои проклетството што со векови го опседнува царството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас многу убаво чув сѐ што му порача на Методи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше тоа еден двор со две куќи во кои беше сместена и ОЗНА.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Изгледа на командантот Методија (Мече) од Прилеп му беше страв дека е женско на стража па го испратил неговиот шифрант да ме викне. Јас му порачав да не се грижи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој утредента му порача на деда Ангелета како знае да зборува со Бошка Манев и да го кандиса тој да го предаде Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Кој не ќе ти даде, само кажи ми го, - му порача Луман на станување кога некаде по полноќ тргна да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно некој му пишал, или му кажал дека е болна и му порачал да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)