му (зам.) - попушти (гл.)

За моја среќа, и нему во истото време му попуштиле чевлите, па требаше да бара поправка, ако не може веќе да добие и нови.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Интересирањето повторно му попушти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, тогаш не му попуштив на специфичното и наметливо додворување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Гласот повторно му попушти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Челичниот обрач околу челото малку му попушти, но стомакот го гризеше, а рацете и нозете го болеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Напнатите и испиени црти малку му попуштија и таа долови мекост во тврдиот сјај во очите на Боб, но во следниот миг лицето се повлече зад неговата засрамена маска.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И нормално овој вториов да му попушти и овој да победи, секако за доброто на клубот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вистинската причина што мислењето во букви му попушти на мислењето во броеви, моаме да ја бараме во недоволната јасност, прецизност и дисциплинираност да нè води до спознание.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)