му (зам.) - пламне (гл.)

Дошол на себе кога му пламнало црвеното брадиче. Веќе и влакненцата во носот му гореле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му пламна сѐ - и лицето и грло и утроба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лицето му пламна. - Што? Што рече? Те прашувам, што рече?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во градите му пламна задоволство, гордост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)