му (зам.) - пее (гл.)

Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај лулката седеа неговите сестрички, седеа и слатко му пееја: „Нани ми нани, мило братче!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ах, Ти, кој не стигна да ги помириш каменот на телото со птицата на душата... Tohu va bohu 1 На сестра Буба Од зори мајка ми ја угорува фурната и му пее на лебот по чија миризба и Бог се симнал за едно кравајче, се потпрел покрај неа до фурната и чека.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега често од далеку слуша глас Песна јасна, тагогласна - Тажно му пее сачмарката.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
На увце му пее мирисниот билкар: „Ќе ти пишу гајтан веѓе на тефтер / Пиши лудо, ич ме мене не прашуј, ле“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И птиците му пееле сѐ додека еден ден не угинале.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И се потсети на она што имаше чуено за кафезот на фараонот, кого кога го закопувале во гробницата, заедно со сите предмети што ги сакал кога бил жив, му го ставиле и кафезот со птици да му пее и во задгробниот живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Каменот умира ранет во полето на троскотот по снагата му пеат лишаите и мовта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тие, за да му олеснат на народот, му пееја приспивни песни и не му даваа да се разбуди за да не страда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Поделен манастир не може да биде... - рече игуменот. - Тоа е како кога ја делеле птицата двајцата луѓе што ја уловиле: секој сакал да добие половина од неа и пак да му пее птицата... А може ли поделена птица да пее?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да не е некој на умирање, си мислам, па му пеат проштена молитва!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тажната поворка минуваше низ селото и срцето им го корнеше на луѓето: напред одеа другарите од Висар и ги носеа бајрачињата, по нив попот, а по него ковчегот од Висар; на секоја раскрсница ковчегот го спуштаа луѓето и попот му пееше молитва на Висара простувајќи го за последен пат од овие места по кои газел.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Петре надодава Гу пулам со мандолина, мислам и срцето му пее!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доаѓа до грмушката, го бара фрленото лепче, го бара и му пее: “Просениче, медениче викни и потплаши ме!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На Илка му беше тешко додека се свикна на нив, зашто и ноќе му пееја и го будеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кај него никому петелот не му пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)