му (зам.) - открива (гл.)

(Му открива една дојка. Ја зема неговата рака и ја става врз дојката. Стево зашеметен гледа. Сара ги затвора очите. Ја гризе неговата рака. Ги отвора очите. Се закопчува. Пауза. Се гледаат. Без тропање, во собата влегува Сивиќ.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Често, лечејќи го од една болест, му откриваше друга, од еден грев, му откриваше друг.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)