му (зам.) - овозможи (гл.)

Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој одговара за штетата што ќе настане со употребата на закупениот предмет спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот (чл. 584, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој може да го употребува само онака како што е определено со договорот или со намената на предметот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, секоја од договорните страни може да го откаже договорот за вработување само во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа добро се продава, Да­миен Хирст и во Њујорк достигнува рекордни цени, уметниците се при­сутни во медиумите, за нив пишуваат мнозина: од крајно елитните арт-магазини (како што е „Parkett“) па до модните и трендовски списанија (како што се „Vogue“ или „The Face“).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таквата популарност на ликовниот критичар му овозможува пристап од позиција којашто главно беше ре­зер­вирана Damien Hirst за филмскиот критичар или оној на поп- 2 На пример Duncan Webster, "Pessimism, Optimism, Pleasure: The Future of Cultural Studies", во J. Storey (ed.), Cultural Theory and Popular Culture, London 1994, стр. 540.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во виртуелната реалност всушност допирот е сетило-теоретичар, бидејќи непосредно во материјалниот однос не допира ништо, функционира само преку дистанца, која му овозможува информатичен, податочен контакт преку посебни интерфејси.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Посматрачот всушност се врти во реалното време и простор, истовремено пак со таа активност предизвикува некои потполно поинакви, преку компјутерските програми симулирани ефекти, коишто му овозможуваат влегување во пара­лелните простори и со тоа нивно испитување и населување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Боинг има план да проектира контролор на лет во виртуелен простор, така што контролорот плови илјадници метри над аеродромот, гледајќи со непопречен поглед во која било насока (додека всушност седи на земјата хранејќи се со правовремени визуелни податоци од сателит и повеќекратни глетки од камери).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Понекогаш еден дисплеј во пилотската кабина му овозможува на пилотот да го гледа реалниот предел покрај виртуелните слики.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оваа смисла, виртуелната реалност може да заштити од човековото преголемо давање на значење на многубројните податоци кои се јавуваат во дел од секундата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Водечки модел на ова истражување беше работната станица развиена од страна на NASA-Ames, VIEW (Virtuel Interface Environment Workstation). NASA го употребува VIEW системот за телероботички задачи, така што некој оператор на земјата се чувствува втопен во една далечна, но виртуелна средина која му овозможува да ги гледа и манипулира со објектите на Месечината или Марс по пат на повратна спрега со робот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната актив­ност на посматрачот е овозможена токму од тој домашен, хуманизиран интерфејс во форма на стол; тоа ни укажува на авторовата досетливост да ја симулира во уметнички медиј вистината на текстот на Вирилио за „последното возило”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговите движења стануваат стереотипни и така му овозможуваат на антропологот низ нивниот ритам и стил да ги идентификува неговите национални, па дури и регионални карактеристики.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од овие маргинални активности на уметничките родови може да се изроди една нова теорија на уметноста која би иницирала нов уметнички холизам кој би можел да се нарече - ТОТАЛНА УМЕТНОСТ, и кој би му овозможил на уметникот една нова креативна стратегија и пракса.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ова исчезнување може да го долови само врвен “МАЕСТРО”, уметник кој го испекол своето олово... а за ова ретко доживување треба и да се плати... во банална материјална противвредност, во топло и искрено воодушевување, во натура од најразличен тип... во сѐ она што му овозможува на уметникот и понатаму да лута со своите пингвини...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И тој повторно верува дека неговиот метод му овозможува да стори подобри нешта одошто традицијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Сатиевиот фестивал не беше место за афирмација на неговата музика, туку место за спротивставување на доминантната западна, германска линија на музичката традиција која го занемаруваше значењето и улогата на времето на сметка на архитектониката на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така чувствува дека традицијата треба да се надмине бидејќи таа им го попречува патот на новите гледишта што тој ги предлага.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во 1948 година Кејџ беше повикан на Black Mountain колеџот да одржи фестивал и семинар на Сати-евата музика што му овозможи, претставувајќи го Сати, да ги афирмира сопствените ставови околу проблемот на времето во музиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсуството на секој вид ригорозност и академски стандард, чувството на полна предавачка слобода (еден од курсевите за нова музика имаше за тема идентификација на печурките) му овозможи на Кејџ истовремено и да учи од своите ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во петте дела кои можат да се наслојуваат: 31’ 57.9864’’ и 34’ 46. 776’’, двете за пијанист, 26’ 11. 499’’ за гудач, 27’ 10. 554’’ за тапанар и 45’ за говорник (броевите во насловот на делото го означуваат неговото траење во минути и секунди), Кејџ користи заедничка структура при организација на времето изедначувајќи го текстот што го чита говорникот со музичката композиција (текстот поседува освен вербални, и фонетски и гестикулирачки квалитети).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, дел од модернистичкоит дух е да се биде “модерен”, во нетехничката смисла на зборот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во делата Шеснаесет танца (1951) и Концерт за препариран клавир и оркестар (1951), Кејџ ги воведува табелите за варирање на структурата, направени според основата на Ји Џинг, кои на композиторот му овозможуваат немешање во прашањето на изборот и го спречуваат во наметнувањето на сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врв помеѓу делата од индиската фаза се Сонати и интерлудии (1946), обичен циклус со медитативен карактер со форми кои се повторуваат(сонати) и кои не се повторуваат (интерлудии).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кејџ го преокупираше барањето на одговорот (“кој е таму каде што е и прашањето”, т.е. во човекот) со помош на создавање на еден од 64-те можни хексаграми и нивното споредување со метафоричните, однапред подготвени одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да му овозможи да оздравее, да презими, а на пролет, ако сака, ако не може да Ј се противстави на примамливоста на дивината, ќе ја пушти на слобода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во текстот, нивото на акција му овозможува на читателот увид во тематскиот развој на настаните со текот на времето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нивото на акција е составено од (а) настани кои се меѓусебно поврзани во (б) посебни секвенци преку (в) временска димензија - минато, сегашност и иднина - и во согласност со (г) специфична тема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нашето повикување на деконструктивистичкото нивелирање на родовата разлика помеѓу философскиот и литературниот текст не наиде на одобрување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓу ова постоење сега, и она пред тоа, како да се случила смрт која избришала сѐ што било претходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше свесен за барањето, но и дека токму тоа може да му овозможи статус на посебна, важна личност, всушност, да му одреди поинаква позиција од нашата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја голтал горчливоста на очајот и пак се враќал кон дел на ѕидот што можел да му овозможи среќно вадење на друг воденички камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се случувало каменот да напукне. Тогаш мајсторот можел да пцуе и да се откажува од светецот имењак. Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инстиктот на будење со труба и нејзиното отсуство му овозможи речиси да преспие половина од денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во индиската традиција здивот е поврзан со зборот, особено со неговата иницијациска вредност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Застанувањето на дишењето е одлика на индиските магови, а во јогата, моќта што ја дава Прамајама (контролата на дишењето), му овозможува на јогинот да се одвои од овој свет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оваа идеја понатаму ја потврдува и фактот дека ружата (со осум ливчиња) е симбол на регенерацијата и совршеното достигнување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Митолошкото значење на ружата на Duchamp му овозможува мошне поетично да ја идентификува Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова воспоставување посебно е изразено во периодот од 16-иот век, со колонијалната експанзија што му овозможи на еден (западен) културен образец да им се наметне на другите (култури, народи, цивилизации) и да се обиде својот (западен) начин на гледање на работите да го прикаже како единствено вреден и единствено разумен начин на толкување на светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Учи резбарски занает и прави мебел. 1890 е во Берлин; продава разгледници со гротескни глави на планински масиви, што му овозможува да замине за Минхен во приватна школа за сликарство. 1899 во Париз на Академијата Julien.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За првпат успеа да го интернационализира палестинското прашање, да придобие и голем дел од американската јавност, која дотогаш ова прашање го сметаше за маргинална бегалска историја, како многу други во Америка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека е можен мирот со чесните што ќе му овозможеше враќање во родната земја со Палестинците во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На шпанскиот монарх Фердинанд ќе му забележи дека тој, осиромашувајќи ја Шпанија, ќе му овозможи да ја збогати Османската Империја со умовите на прогонетите Евреи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само новото советско општество создаде објективни историски услови кои му овозможуваат на педагогот да мине од теоријата во практиката, од чистата и проста конструкција што ја нуди самиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајката на Александар, Билјана очигледно имаше намера да го замолчи својот сопруг и да му овозможи на својот миленик мирно да си руча.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа беше смислена како начин што ќе му овозможи на Винстон да ја дознае адресата на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нему само идеолошката анализа на уметничкото дело му овозможува да стане траен - да се одржи од онаа страна на своето почетно дејствување, да стане позанимлив на начин што го надминува вообичаеното привлекување внимание.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова му овозможи да биде примнат до есен во втори клас, но материјално не беше никако осигурен, та одвај го заврши овој клас и пак со аргатите пред Петровден се врати во родното село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој приход заедно со бакшишот што го добиваше од муштериите, нему му овозможи да си купи не само неколку кошули туку и костум така што навечер в град излегуваше со поголемо самочувство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше толку збунет што тоа му овозможи да си рече дека треба сè добро да се промисли, дека му треба време колку-толку да се смири за да може да размисли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Или му овозможува да се сеќава на сопругата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Земјата, која се создаде по војната, во која Татко остана еден период емигрант, му овозможи да има две татковини: едната републичка – Народна Република Македонија, другата Федеративна Народна Република Југославија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, мили мои пријатели, овој исклучителен континуитет на егзистенцијата, на Езерото му овозможи да стане вистинска жива Атлантида, прибежиште и ветена земја на скапоцени живи суштества на старата терцијална фауна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со пречекорување на границите на јазикот цел, со трансформирање на оригиналниот текст од изворниот јазик, преведувачот го проширува, го зголемува, му овозможува растеж на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овој анатомски цртеж изгледа како да е избоцкан со шајчиња - дупчињата од шајки ги придружуваат главните линии на телото: постапката која на Леонардо требаше да му овозможи да го пренесе цртежот на друг лист со помош на јаглен прав.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)