му (зам.) - обезбеди (гл.)

Се разбира, естетиката на антиреалистичниот филм на Гринавеј лесно му обезбедува начин да ја оправда наметливата употреба на историско-уметничките извори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најпрвин природата се потрудила да му обезбеди на човекот заборав или доживување на нешто ново преку сон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Луѓето во Париз, оние што работат врз неговот урбанистички развиток, најмногу внимаваат работниот човек во Париз да го одделат од бучавоста и трите милиони коли и да му обезбедат помирен живот, без нервоза и турканица, без многу да се движи на тркала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потенцијално, разрушувачките ефекти на критичката енергија лесно се инвестираат во средиштето на инсталираниот систем.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Постапката на „емајлирањето“ на Аполинер добива на значење ако се сетиме дека праисторискиот човек го боел телото на мртовецот во уверение дека со тоа ќе му обезбеди задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Емајлот е стаклеста супстанција која се употребува не само како украс туку пред сѐ како заштита.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моите познаници Мајкл и Кори (хомосексуален пар што стапи во брак во текот на краткиот либерте-егалите период на Вајмарската Република Калифорнија) ми наведоа само некои од правата што им се ускратени со изгласувањето на Осмата седница, односно Пропозиција: Доколку има врска со странски државјанин, хомосексуалецот не може на својот партнер да му обезбеди легален престој во Америка - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку стапат во брак.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Фабриката што го стипендираше неговиот постар брат, одличен студент на Технолошкиот факултет, не можеше да му обезбеди работно место по неговото дипломирање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во ЦР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето или преоспособувањето – во согласност со закон (чл. 177, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејноста; а исто така е должен – на синдикатите и нивните претставници – да им овозможи навремено и успешно остварување на правата како и пристап до податоците важни за нивно оствару- вање (чл. 199, ст. 4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој работи многу за да пронајде начин кој ќе му обезбеди предност во ситуации на живот или смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И трето, пропишано е дека работодавачот е должен на претставникот на работниците да му обезбеди доволно слободно време, без намалување на платата, како и соодветна опрема за непре- чено да ја врши својата функција како претставник на работниците за заштита при работа (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, пак, со новиот ЗРО (2005) се одреди дека работодавачот е должен, на најбројниот репрезентативен синдикат, да му обезбеди само про- сторни услови за вршење на дејноста, а на сите синдикати и нивните претставници да им овозможи навремено и успешно остварување на заштитата на работничките права, како и слободен пристап до пода- тоците важни за остварување на тоа право (чл. 199, ЗРО/05). 2.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, ра- ботодавачот е обврзан на странецот кој го вработил да му обезбеди минимални права за работно време, паузи и периоди за одмор, ноќно работење, минимално годишно отсуство, плати, здравство и безбед- ност на работа и посебна заштита на работници утврдено во закон- 117 ските прописи и општ колективен договор или во грански колективен договор, ако тоа е поповолно за работникот (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дојде есента и денот кога мораше да замине за Скопје каде што Мил го запиша и му обезбеди место во интернатот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)