му (зам.) - нема (гл.)

Во умноста и знаењето му немало рамен.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таму се запознава и врзува другарство со Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мраморно Море, 94 совршената Не е маѓесна Оваа светлина Што те полева Што те гали Туку, Се-те-на-та Онаа што прелева Над колковите твои А јас ја нареков Со-вр-ше-на-та. цвет На цветот му нема спас: Полуде по кожата Од твојата Дланка. насмевка Тивко Ветре Во сонот На Ангела. тело Твоето тело: Ужасот За честичките Во моето Око. облаците На Л.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Донесоха мртва снага, а душа му нема! Окрвавени му дрехи и кошуља чрна...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Кога Митко се разбуди се најде во чудо. Дома му немаше никого.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Моите посетители на ова прашање како да немаа одговор, чинам дека се почувствуваа како кај некого кому му нема помош.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така и муабетот, кога ќе го зафатиш крај му нема!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За жал Општината изгоре сосе сите документи кога нападна Четвртата македонска ударна бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша никому му нема кажувано, но еднаш или двапати во времето на окупацијата одела во Општината за да прими некакви пораки; а можеби во прашање биле и пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
САЗДО: (Ја трие брадата) Значи, му нема спас.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
XI. Се чинеше како човекот што стоеше на вратата сосема да ја пополнил рамката со корпулентноста на своето тело и со него ја засолнил ноќта и студот на снегот зад себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Животот без неа ќе му немаше никаква смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не можев да се помирам дека му нема спас...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сликарот се лутеше што татко му нема разбирање за тоа, но Столпника го засака толку што постојано идеше или го викаше дома да му помогне, да го упати во сликањето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога виде Богдан дека му нема спас се реши на бегство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
РАСКАЖУВАЧОТ: На ваквиот разговор му немаше крај, но ова е апел до читателот: Мечтателот го загуби својот замислен рај.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Го бараа на сите страни, го бараше и власта, но никаде трага му немаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Кога еден ден се разболе и му немаше спас плачеше како дете.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но откако го заврши средното хемиско училиште, и две години студии на факултет по био-хемија, мајка му немаше повеќе можности да го школува понатаму, а и не сакаше да биде сама дома, та тој ги прекина студиите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мудрецот кај кого што работел, кога видел дека му нема спас, го ставил во количка и го извадил надвор на улица пред чајџилницата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И јас самиот сум ви музичар што му нема рамен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дали баба му и дедо му нема да му го скријат писмото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Верува дека татко му нема да го одбие, односно дека ќе го пушти.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На нашето нетрпение му немаше крај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не, со жена му немав ништо, ама кај неа се собираа семсекакви жени, не знам со што ги намамуваше, ама кога да одев кај неа наоѓав и жени, и вдовици и девојки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фашизмот ќе биде сигурно совладан, му нема спас.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И тогаш Калчо ќе избегаше и ќе се скриеше некаде, трага да му нема.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По јачина и по буцкање му немаше рамен овен во селото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Им се исправил ѕидот во очите, му нема крај, не се догледува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Добро, ако сте му тетка, велат, ама на детето му нема спас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И фатил да брои. Едно, две, три, четири, пет, шест, седум... Едно му нема! Се исплашил Итар Пејо и од страв слегол од магарето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ги броел, пет, шест, седум. Пак едно магаре му немало.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ги терал што ги терал додека пак не се сетил да ги изброи и кога- пак едно магаре му нема...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А, кога подготви топли сендвичи во микропечката, му немаше крај на моето задоволство.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми велеше како сум му единствена надеж, дека животот му нема смисла без мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)