му (зам.) - недостига (гл.)

Чанга занесено го слушаше, макар што му недостигаа многу други знаења и поими за наполно да го разбере сето тоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Едно „јас” не престанало да постои, но е без супстанца, лишено од телото, му недостига квалитет на реалност, нема идентитет, нема едно „себе” што би одело заедно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не смее да подлижува ни на едната ни на другата страна, зашто Едното нема да биде Другото, туку на Другото ќе му недостига она што капнало, што подлижало, она што побегнало од патот, она што Едното го загубило (не)сакајќи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Притоа господин Гроздановски не јзабележа дека зборот "дружење" како да го возбуди, но тоа не остана регистрирано во неговото сеќавање, така што од неговото внимание побегна мигот да се праша дали зборот "дружење" не го возбуди затоа што можебм и нему му недостига дружење или би можело да му недостига, во согласност со општоприфатеното мислење на луѓето коешто нему не му беше непознато.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа му пречеше цел живот да биде среќен: зависта не му дозволуваше да се насладува со она што го има, оти постојано се вознемируваше со желбата по она што му недостига.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од тие посочени, потесен избор од десетина раскази кои годинава излегуваат во Маргина направи господинот Пандалф Вулкански.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чувствува весело, но како да му е отстранет еден дел од сеќавањето: ги гледа редум новите книги, ги пребројува, но сепак, речиси е убеден дека нешто му недостига...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски настојуваше да му предочи на Татко што му недостига на духовен план на Балканот во однос на Европа, сметајќи се во тој домен за супериорен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, според планот, сакаше да го провери живото постоење на централните набележани заемки, како што се покрај чаршијата и еснафот, уште и ќерпичот, сокакот, маалото, капиџикот, калдрмата, кааван-сарајот и други, кои требаа да бидат и коти на прошетката со Татко во стариот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исплука црна семка пред себе, во чинијата с сини рабови, ненадејно да се реши на судбиснки потег, мисла од која и самиот се стресе: вака веќе не се може, селото е омацурено, му недостига власт; тогаш нека се прочуе, со крајот на попот ќе почне, еден нов, поинаков живот во кој светот ќе е почит и кон живите и кон мртвите, на татковската земја и далеку од неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еве ги генералите, искитени, исправени, царот не ги поканува да сендта туку ум заповедува да се скараат и да завојуваат со сиот свет, коски му недостигаат за кулата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Александар го обземаше меланхолично блаженство додека Мартин и објаснуваше на Александра какви се Германките, колку му недостига роднокрајното сирење и колку пати на ден тренира.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Така, на пример, деновиве работам како аѓутант на младиот принц од Саудиска Арабија - дење го возам наоколу не би ли некако ја заситил својата досада, а навечер крстосуваме по скриената страна на градов во потрага по нешто што нему му недостига.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вис­тинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за крими­нално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Него девојките го сакаа, не му недостигаа посакувани средби со нив, но тоа беа средби зад грмушка, зад агол, крај бандера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем, авторот нема чувство дека тој документ му недостига.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако се толку упорни, а расказите божем бавно, не мачи се толку да пливаш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лесно завршува една, две, три, четири, можеби повеќе страници, ама нешто..., или подобро речено некој му недостига.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Според известувачот, "на народот од областа му недостига облека" а "она што го носат вообичаено е ограничено на она што можат да го направат самите", но дека е тоа само практика "вообичаена за селаните по планините, по другите села населението употребува нормална облека".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнува дека "веројатно облеката се добива од Бугарија..., меѓутоа, во последните три години речиси било невозможно да се добијат нови резерви".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Главно во таа теза е идентификацијата на посредувањето во компјутерскиот модел помеѓу хардверот на машината и програмот што се извршува. Searle бара од нас да земеме програм за кој претпоставуваме дека разбира кинески - тоа може да биде било кој AI програм за кој се тврди дека на некој начин покажува когнитивни способности - и да се стави листинг од тој програм во соба со некој кој ќе може да го следи текстот на програмот, но кој не разбира кинески (или му недостига когнитивна вештина да утврди за што е наменет програмот).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)