му (зам.) - најде (гл.)

Кираџијата остана спокоен и ладнокрвен како ништо да не му нашле...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Долго време го испитуваа, го мачеа, го биеја, но тој ништо не призна, ништо не предаде.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Значи, Грците нѐ крстиле „Бугари”, без да нѐ прашаат нас, и ние, немајќи време да гледаме и да му најдеме мана на името, си го усвоивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко му го задеваше заради тоа и мене подмолно ме боцкаше, велејќи му нему дека ќе му најде друга девојка за дружба ако јас не сум тука.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рада и Јана влегоа да ја средуваат куќата, да му најдат место на целиот "магацин" - работи, што од Бечеј го понесоа со себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Решила да му најде татко на готово, за да не се мачи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некој му најде и тој пак нешто рече, но освен константното дување во моето уво „ајде да одиме надвор“ од Младичот кој ги мие рацете, не можев многу да разберам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети времето го проведуваше во селото настојувајќи кметот да ја одоброволи братучетка му Цара, или да му најде некоја друга жена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас не верувам дека ова е сосема точно, бидејќи семејството на Никола секако се погрижило да му најде пристојно место, ако ништо друго, кај нивните семејни гробишта што се наоѓаат десно од влезната порта на гробиштата, на она мало возвишение.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таткото на Ева, како едвај да чекаше да ја исече јаболкницата, особено по испраќањето на нејзиниот брат во странство, од каде никогаш не прати писмо и веќе го сметаа за исчезнат, бидејќи, и покрај сите обиди, не можеа да му најдат трага.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А таму, се надевав дека ќе му најдеа лек...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
15. КАКО ТИ Е ПОСЛАНО, ТАКА СИ И ЛЕГНИ - а утредента ако видиш поинаку си станал ти ноќните соништа за виновни ги стегни, а не само на леглото да му најдеш мана...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но јас си останав кир Ристаќи, а на него му најдов пат по кој да го пратам под ледина!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Форензичарите констатираа смрт од задушување. Во грлото му најдоа заглавена буква од фиде. Буквата „Њ“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И јас нему мана за тоа не му најдов, а и тој мене не ми најде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му најде триесет лека.** Парите му ги зедоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во Струга го отераа кај командантот, го претресоа и ништо не му најдоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
При претресувањето на куќата и на алиштата негови, во џебовите му најдоа неважечки, окупаторски пари - исти онакви какви што се појавија во црквата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)