му (зам.) - направи (гл.)

ЛЕНКА: Му направиле магија. Го врзала некоја вештерка…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Би можел кој сака и што сака да му направи, а тоа и натаму си останува исто: ни напади добивам, ни лежам в постела.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но и Арслан со Сефедина не седеше баш така без работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред едно красно дваесетгодишно момче се запре, како да удри на тоа што бараше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каде вака се измачи ти вечерва да не видиш? Му направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не ја издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му направат пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Арно му направиле кога се баби!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку ли бури и дождови треба да поминат и да му направат пат на сонцето?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мажите смерно пристапија пред него, му направија поклон, а потоа, помладиот од нив, (во тефтерот Акиноски пишувало дека се викал Теодор и дека бил управител на Имотот), на чисто турски јазик го покани заедно со другите главешини да им биде гостин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но откако Видан јанчески, откако се насели таму, ги огради со убава дрвена ограда и на оградата стави вратниче со нажапчување, ги завикаа Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Порано, пред што Јанческите му направија таму куќа на Видана свој, тоа беше во предвечерјето на последната Голема војна, поточно четото 1939 година ги викаа, едноставно, Извориште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А јас нему никакво зло не сум му направил.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Целата ноќ и другиот ден до вечерта Солун беше илуминиран така што и самиот султан Хамид би жалел што таква ’донаима’ (свеченост) не му направиле и во Цариград на 19 август кога тој го празнуваше своето стапување на престолот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Момчињата кои некогаш работеа во ЦД-теката, сега затворена заради пиратерија, тука му направија засолниште од картон.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А на гробот негов му направија споменик на чијашто плоча изделкаа стебло со голем, ражилен корен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И затоа и јас се обидов нешто слично да му направам на Висара: да му создадам страв, да му создадам некаков потрес што ќе му ја скрши и оневозможи болеста да напредува...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пред да испушти, ме замоли да му направам гроб, да има нишан, да знаат децата некогаш каде да го бараат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Станувам, и шуркам по долапите, да не ќе најдам едно лајче шеќер, да му направам блага вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И копај, копај, копај, и дувај си во прстите, одвај ја ископав дупката, за да му направам легало на девојчето. На Роса моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас ако го видам ќе му ги поткастрам роговите и ќе го скопам, ќе видиш што ќе му направам. Господ го држам за сведок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо не му правам, оти ништо не можам да му направам, вели, вие или некој вапер?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знам што сте“, исцеди од стеснатите усни Турчинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На неколку наврати кралот му направил дискретни алузии на Филип Емануел дека со задоволство би го примил стариот Бах на гости, но желбата никако да се реализира.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте се уплаши да не замине Стојан, како што му направи порано неколкупати, инстинктивно чувствувајќи дека не треба да има давање земање со овој „предавник" Стојан се зачуди кога го виде така весел и ја осети онаа пријатност од времето кога Крсте дружеше со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може и некој ќедер да му направат машките тамо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се вртка, се шутка дури не му направи Ристе ишарет со очите да му ја извади шамијата од уста. Тоа го направи без мака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Секој со вкусот, — велеше Бино даскалот на плетчето, разговарајќи се со поп Петка: — Море, лош дошол, попе, шо велеше Рашид чауш кога ќе му направеме трица. Лош дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој момент нејќеше татко му да го венчава: да не му направи некој пакост, не ќе го довенча!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Жими вера, што ќедер му направија тие пезевенци на падишахот наш, и таа е мала џеза за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе му направи на кадијата услуга за која, ете, тој уште несвршена работа, богато ја награди со цело ќесе пари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој му напиша писмо на производителот со молба да му направат еден грамофон по негови сопствени нацрти, и кој тој го нарече „Грамофон Омега”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овој модел беше значително пософистициран од претходните.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Китан развеселен уште повеќе што полковниците му направија чест, растрчуваше и постојано им туриваше пијалок во чашите. И пукаше со пиштолот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во манастиров има и бел глог од кој војниците на Цесарот му направиле венец на главата на Исуса.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Она со што овој старец, Најдо, му направи впечаток, беше неговото богато изразување со постојана употреба на изворниот јазичен идиом на еден зачудувачки убав начин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас, има обичај да вели, уште кога ќе го видам човекот, не можам да не му направам добро.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама се прашувам што друго можат да му направат баздриѓаните.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му направи впечаток, иако одеше полека и наметливо дека тие воопшто не го забележаа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак наметлив впечаток му направија нејзините подиспрчени усни, собрани така што ти се чини секој момент лакомо вовлекува во градите свеж воздух.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можеше да го тргне умот од политиката и да видите што му направија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во нивното разидување се наѕираше стратегиската разлика: и Татко никому зло не беше сторил, но во бегот, од тие што можеле зло да му направат, го бараше спасот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ефрејторот ги стегна забите, но кога сфати дека ништо од она што сега би можел да му направи не ќе го задоволи, реши да го запамети.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин се настрани, му направи место и одкако доста се изнамачија, се сместија, заспаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со силни удари со чивии со казми дур не му направија грда голема и пуста пештера во душата змии за да се ведат пајажини и лишки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кажа ли – сѐ ќе расипеш и на деда ти лошо ќе му направиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога детето ќе дојдеше до земјата, таа ќе му направеше така за пак да се крене нагоре.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На малечкиот ќе му направам двоколка од шишарки. Со тркала од кората на тикви.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ми мина покрај соседот Лешо кој то гледаше наорлено, и кроце, си го крена кошарето со пчелите, му направија луѓето пат да мине, влезе во нашиот двор и со дување чад го префрли улиштето во нашето кошаре, а потоа кошарето од соседот му го врати назад.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Според него, првиот проблем на Бугарија е да "ја ослободи земјата од нацистите", потоа тие сили би "вршеле други работи, кои се многу поважни".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека "народното движење го прави полесно решавањето на прашањето за границите" и дека "бугарските фашисти му направија голема штета на грчкото население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мече му направи место.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Излегува Евто. Влегува Остоиќ.) ОСТОИЌ: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден Киро, добил „благодејание”, бил српски учител, била српско-турска војна, Турците го затвориле, сега е турски џандар. Каде се парите за поправка на покривот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СОЊА: (На Борис) Што му направи? БОРИС: Ништо. СОЊА: Како ништо, види го на што личи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Ајде Матеј. Оди подготви се. Си одиш дома. (Матеј оди во собата.) Што му направив? Добар беше. Што му направив?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ОРУЖЈЕТО ЕДНАШ ГОДИШНО ПУКА САМО Нашите во отсекот, кога одеа некаде по работа ги носеа пиштолите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А командирот Леко, бидејќи беше мераклија за пиштол а го немаше, некој му направил дрвен пиштол, рачката на пиштолот беше цела изнашарана и бојадисана како вистински пиштол.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му даде јадење и водичка, го искапи, дури и куќичка му направи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)