му (зам.) - наложи (гл.)

И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ во функција на ублажување на цитатотоксичноста на текстот на Тони Маркс кој со своите циркуларно-огледални мистификации ни отвара местоколожба за поинакво доживување на себе и на другите. *Денешната „Бамбочада” (за разлика од првите два броја) ја подготви Симул Акрум, и тоа прилично оригинално во репродукцијата, впрочем како што му налага и името. okno.mk | Margina #3 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Како некој Невидлив да му ја влече раката, како некој да го усмерува, да му наложува како и од каков агол да ја повлече линијата или да ја распореди бојата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој не му наложи да почне да пишува за да го казни за сите оние години пред тоа кога само ја расфрлаше својата лутина и со неа ги ништеше оние луѓе околу себе што веруваа во нешто друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одговорно лице во правно лице кое свесно не се придржува кон закон, друг пропис или ко- лективен договор за мерките за заштита при работата, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи, во определен рок, да постапи според прописите за мерките за заштита при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По барање од странката судот може, со решение, да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење (чл. 240, ст.1, 3-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)