му (зам.) - надојдува (гл.)

Се губеше тој во темно-модрите кругови и од каде што наеднаш му надојдуваше ваква сила: ги витка железата на прозорецот и слегува, слегува по дебело јаже и јажето шумоли во дланките, меѓу нозете и градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Арсо му надојдуваше желба да го одбрани од насртливото кикотење на овој човечки збир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)