му (зам.) - надојде (гл.)

Но во ова пролетно утро и тој почувствува како му надоаѓаат сеќавања за дамна одминатите млади времиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не се сеќаваше дали некогаш воопшто како возрасен плачел и сега нагонот да плаче му надојде во секоја клетка од телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој ѝ пријде поблиску на девојката и тогаш почувствува како му надоаѓа нова смелост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Солзи му надојдоа на очите. Келнерот што поминуваше забележа дека неговата чаша е празна и се врати со шишето џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, другар, - рече Кејтеновиот син со такво чудење што не можеше да ја запре смеата што му надојде тој час.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)