му (зам.) - навира (гл.)

Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледа Богдан Видуша допрена до него на сликата пред училишната врата и му навираат нејзини зборови од писмото што го најде во ковчегот заедно со другите неиспратени писма: „Еве ти пишувам пак, иако не знам каде да ти го пратам писмово.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пак помолче како да се колеба дали да продолжи како што ќе му навираат мислите па што ќе излезе нека излезе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поради сето тоа му беше толку многу мило што почувствува како во очите му навираат солзи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Немаше ни зборови ни сила за да искаже нешто што во овој миг му навираше во душата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На Џеки му навираат лиги на устата, па не може да се воздржи: би им грабнал од раце.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не му се дели од нас, му навираат солзи, ама ги голта. Не ги пушта на земја, не остава да му се видат... 222
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почувствува како му навира одговорот, но ѝ допушти да продолжи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)