му (зам.) - мрда (гл.)

Седам и гледам како му излегува душата, му се извира. И, по недела маки, се предаде. Запре да му мрда и уста и снага.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Од каде пак овој се разбира од риба?”, како да го прекорува неговиот поглед, но сепак му мери два таса од перкијата што му мрда под мишка уште да го заскокотка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лежеше со набрекнати жили и беше нем; усните безгласно му мрдаа и натекуваа како под нив да играа глувчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тогаш лицето не му мрда, ништо не му кажува лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние лежиме со повенати раце на ќебињата. До мене лежи Црногорецот Гојко и ништо не му мрда. Само устата му мрда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледот му го нема и дишењето му го нема. Ниедна жила не му мрда, не му работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
МИТРЕ: Вистина така беше. Пак еве сега Србија... (Мара му мрда со главата да не зборува, но Анѓеле ја забележува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Падна. Но телото и понатаму му мрдаше како да му поигрува на земјата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)