му (зам.) - лебди (гл.)

Видете каква блажена насмевка му лебди на лицето. Гледате?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека слатко пилеа дрва Чана и Митра изедуваше сѐ што ќе најдеше во мисаљот (леб, сирење, домат, пиперка) и легнуваше врз сламарникот лут што сѐ уште му лебди сликата на Пела и Мурџо пред очите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јехуда е едно од двете деца на Давид и Бенвениста кои ги создадоа и ги пораснаа двете деца, Јехуда и Рафаил, неговиот помлад брат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога по половина час се врати, на лицето му лебдеше загадочна насмевка: „16 златници! – и брзо додаде, неможејќи да го скрие восхитот: „Колку е убава ќерката на бакалџијата!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)