му (зам.) - крека (гл.)

Само педа вода наполнил во базенот Преспанецот и пуштил во него жаби, да, обични жаби - навечер радосно да му крекаат и да го потсетуваат на детството додека во летната влага прави панделка од сеќавања и од мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во Перт навистина има еден Преспанец кому, ете, му се може сека вечер роднокрајно му крекаат жабите, а тој да слуша и да се насладува, да си потпевнува за душа и ако се може некако да не му се тресат рацете додека мери колку милиони педи требаат за распостилање на копнежот по едно обично крајезерско детство.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)