му (зам.) - кладе (гл.)

Тогаш Брајан ќе простенка дека не зел трипати по три оки основа, ами само еднаш, но Петруш ќе го убеди дека тевтерот не лаже, ќе му се заколне пак во десното око и како интерес што го чекал толку месеци Брајан, Брајаница ќе му кладе за патема некое и друго кило биено сиренце, некоја залупка мавца, малку грашок, леќичка, па дури може и некое и друго руно волничка, да им ги потплете Петрушица чорапите на децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, најпосле, кој беше коњот, кого Тахир бег навистина убаво го гледаше но на кого му кладе турско име, Мурад?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Врз глава таа му кладе крпа, копринена, бела.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Му кладе на Белчета негов еден самар од манастирските коњи, и една сабота, тој јаваница, Митра по него, околу мракот му отиде на Бешот во Полчишта, кој штотуку се беше вратил од затвор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едно, што го гризеше совеста за она што го направи пред два три месеца кога ги предаде четите на Маргара; а друго: со ова сакаше да го задолжи Толета и да ја ублажи својата одговорност ако излезе еден ден на видело предавството.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога наполнив пет години, на мојот врсник - прлето, му кладоа самар и заедно трчавме на селските магарешки натпревари... Зошто не се смеете, ре будалаци?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Глигор му кладе неколку ситни пари во раката на прислужникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ФРОСА: И мене ми пишуваше мојон, во првото писмо кога си отиде, оти како некој од другарите вратиле, ама кој му кладе волкот зошто и за како.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еднаш му го направив плугот: му кладов плужпца, а пари не му зедов. 27
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тргна детето, ме послуша. Му кладов едно крајшниче леб в торбе, му врзав малку пипер в крпче и го пуштив, пушка да ме удри!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)