му (зам.) - избива (гл.)

Од молчењето му избиваше реа на стари, мувлосани книги, онакви какви што се криеја под полиците на визбите и тајните простори на манастирите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа надоаѓаше во неговото тело во некакви спори налети, од кои се чинеше како по сета кожа да му избиваат некакви црвени безболни пликови, беше свесен дека тоа мускулите во него умираат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)