му (зам.) - значи (гл.)

Тие зборови му значат дека ништо немало ниту може да има меѓу оваа девојка и него, сето ова е една измамена случајност, и нема полјакот зошто да се смешка така и да расправа после по комшилукот и по чаршијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ тоа добро. Ама што му значи ова: „Извикајте го трубачот“, збунето врти келнерот со главата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секој друг крај би му значел реска на задоволството.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А подготовките со фризер и шминкер може да му значат дека мене ми е „задња шанса“, а нему не му се брза... и не му се врзува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ме повика и мене, и јас дојдов не затоа што сакав, туку од љубопитство: сакав поодблизу да го запознаам тој другар на Земанек што во мигот повеќе му значеше од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нему, во таа ноќ, сè она што можеше да се дограби или барем да се чепне, а се нудеше со белегот на среќата, ништо не му значеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тој ми зборуваше за неговите односи со неговите колеги на работа во „Мејнс” (мрежа од електрични кабли што одат под земја во градовите) а претходно имав слушнато некои работи и за неговите односи со татко му.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога размислувам за тоа време сега, сметам дека неговите искуства во Првата светска војна, во тенковскиот корпус во Африка, и во кралскиот воздухопловен корпус мора да оставиле голема трага во него, а и несреќниот живот со мајка ми... но тој никогаш не ми зборуваше што му значела „војната” лично и, како што си претставувам, имал премногу големо чувство на пристојност и лојалност кон неа за мене да ми зборува за таков вид нешта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никому ништо не му значат неговите зборови.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Продолжи во силен занес да раскажува за местата што му значат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дерида со цитати и вметнувања, го објаснува своето читање на Бенјамин на следниов начин: Токму како што манифестациите на животот се интимно поврзани со живеењето, без нешто нему да му значат, така преводот проилегува од оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)