му (зам.) - здодее (гл.)

Кога ќе му здодее кастрењето на оградата сака да се врати на пишувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ние со неа бевме заедно веќе десеттина дена и таа мене добро ми здодеа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе му здодее пишувањето, сака да го остави тоа и да оди да ја кастри оградата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кому нема да му здодее девојка со светла коса и сини очи?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му здодеа на Марко Проказник да седи и да раскажува па ископа од куферите прекуморски црвени чевли со дупченца и почна да ги пребројува запуштените плевни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)